Прееска прелистував по форумов и не сакајќи ја видов темава. Насловот ми фати око.
Браво за сите постови и за тоа што имате храброст да споделите такви работи овде.
Јас би сакала малку да дискутирам. Не сметам дека сум „прерано созреана“, обична тинејџерка сум, ама ме заинтересира една работа.
Кој е критериумот за да се сметаш за созреан?
Сум имала периоди кога сум размислувала за многу нешта и ставовите ми се промениле, ми се случиле некои ствари, ставовите ми се промениле на таа тема итн. Ама дали тоа значи дека сум созреана?
Кога знаете дали навистина сте созреани?
Станувате психички и ментално независни? Од кого? Од што?
И друга работа...„принудено“? А како треба на друг начин да созрееме?
Никој не созреал „непринудно“, од самиот себе. Секој созрева како што со текот на времето му се случуваат работи, учи од грешките, учи како треба да постапи во иднина, слуша совети од постарите, стекнува искуство и ги применува советите. Ако се ни е „по таман“ никогаш нема „да ни дојде памет“.