Околу Фишер малку...
Ланската година Фил Џексон ги запостави Фармар и Браун затоа што не ја добија довербата од Фил да го заменат Фишер. Па Фишер мораше да игра повеќе минути од посакуваното, и тоа се одрази на неговата игра.
Ова година Стив Блејк верувам дека е многу многу подобар и од Фармар и од Браун, па набрзо ќе се докажи и ќе може да игра тешки минути на паркетот, одмарајќи ги нозете на Фиш.
Да не се лажеме малку ме изненади 3 годишниот договор , но ок третата година има опција да замини (player option).
Е сега Дерек не е баш најмлад, младите плејмејкери како Ерон Брукс и Вестбрук може да вртат кругчиња околу него, но Фишер има други битни квалитети кои се битни за повторно освојување на титулата. Лидерските способности на теренот, надвор од теренот, гланцање на врската помеѓу Коби и играчите( да Коби некогаш знае да биде остар на нив), и најважно ладна глава под притисок. Тоа е една од најценетите работи во било кој спорт.