Ако фатам последователно, имам сакано и мразено различни предмети...
Сите предмети што ги имам сакано и мразено биле заради професорите, секогаш. Во основно мразев историја поради наставникот (кој сега е починат, лесна му земја), кој многу форсираше определени ученици т.е тие што имаат петки и “живееја“ на стара слава, башка и учебникот беше еден таков одвратен со слики во црвен тон, абе ужас
Во средно не сакав хемија! И до ден денес не ја сакам! Додуша, во втора година имавме една многу фина професорка и кај неа успеав да стигнам до четворка ама во прва и трета ни беше една друга и таму ич не ми одеше. Исто и физика, македонски, информатичка технологија, математика, музичко, ликовно... никогаш не ми биле меѓу омилените.
Во основно највеќе сакав англиски, многу ми одеше, наставничката многу си ме сакаше
И таков беше забавен часот, со музики, презентации и сл. Во средно - германски (од истите причини како англиски во основно), само ме нервираше што професорите многу држеа до граматика а ич до превод. Така да преку цела година тупеа со тие времињата и падежите кој никој не успеа да ги научи, затоа па сеа една реченица никој не знае да преведи а камоли тие падежите да ги изрецитира.
На факултет сега немам омилен предмет.