Нови возачки дозволи

  • Креатор на темата Креатор на темата marija aleksova
  • Време на започнување Време на започнување
Како иде сеа кај нас со полагањето .. на колку часови може да почнат да се зимаат .. нна колку се полага ??
 
Isak Keyten тестовите шо ми ги даде ми решија ногу дилеми, ама не и дилемата на кој кружен тек како се црта линијата ( од внатре или надворешно). Знае ли некој?
 
Isak Keyten тестовите шо ми ги даде ми решија ногу дилеми, ама не и дилемата на кој кружен тек како се црта линијата ( од внатре или надворешно). Знае ли некој?
E видиш тоа правило ретко кој го знај, а уште поретко кој го применува во пракса. Правилно е вака:
доколку одиш до две улици на десно (броено од твојата сегашна) се вози по надворешната патека. Доколку одиш до три или повеќе се вози по внатрешната, а потоа се излегува надвор.
 
Како иде сеа кај нас со полагањето .. на колку часови може да почнат да се зимаат .. нна колку се полага ??
Часови можат да се зимаат од 17 ипол години, а мој совет тие да не брзаш многу со земањето часови. Прво ако мислиш да полагаш треба да имаш 18 и да имаш лична карта без лична карта не можеш да полагаш неможе ни со пасош ни пак со потврда дека си се сликал/а. Сперед мене најубаво е да се почне да се зима часови 1 месец пред да наполниш 18.
Поздрав
 
така некако. П.С имам приметено многу возачи дека воопшто не ги ни гледаат сообраќајните знаци..
а што очекувате вие од почетници???
првиот месец дена си најстегнат,под страв да не учукаш некого итн

што е полошо почетник кој не ги гледа знаците или искусен возач КОЈ 2% не ги е..е тие знаци................?!?!??!

и тој и тој претставуваат идентични закана за собраќајот
 
Мислев, со автомобилот знам да управувам, и повеќето сообраќајни знаци ги знам... само има некој што не можам никако да ги запамтам. :toe:

На ајфуно на гугле ќе ги најш не е проблем то.

Туку мене ме интересира за транзит возење во странство. Еднаш ми рекоја дека ако имаш нова возачка немаш потреба да вадиш меѓународна. Дурги викат, нема врска мора да имаш меѓународна. Некој имал некакви искуства , го застанала полиција надвор од Република Македонија ?
 
точно е дека од 1ви април има нови тестови за „Б“? или истите си остануват?
денеска слушнав нешто дека биле сменети, а утре полагам :)
 
точно е дека од 1ви април има нови тестови за „Б“? или истите си остануват?
денеска слушнав нешто дека биле сменети, а утре полагам :)
Не е точно... Старите тестови се знам бидејќи едно другарче вчера полагаше и тестовите биле исти.
 
а што очекувате вие од почетници???
првиот месец дена си најстегнат,под страв да не учукаш некого итн

што е полошо почетник кој не ги гледа знаците или искусен возач КОЈ 2% не ги е..е тие знаци................?!?!??!

и тој и тој претставуваат идентични закана за собраќајот

без разлика дали почетник или шовер со искуство Секој МОРА едноставно МОРА да ги знае знаците... тука нема простување ни за едни ни за други. ако напраат сообраќајка подеднакво одговараат..

П.С коа сме кај почетниците. знам порано се праеше некој муабет за тазе положени ке имало некоја специјална ознака на колата. до кај е тоа ??? некои информации ??
 
Првпат слушам, и ја користам оваа прилика да кажам дека идејата е ТИЊА (in latin: TINJA)
 
Првпат слушам, и ја користам оваа прилика да кажам дека идејата е ТИЊА (in latin: TINJA)

не е тиња него е баш одлична. ако видиш некој со таква таблица ке пазиш на него да не те акне пошо уште не е искусен... мисли шо пишуваш
 
не е тиња него е баш одлична. ако видиш некој со таква таблица ке пазиш на него да не те акне пошо уште не е искусен... мисли шо пишуваш
Напротив, ако некој ме види со таква таблица ќе се упикува/свири/претицува/бленда да убрзам и пцуе коа ќе се разминеме.
Да не збориме за улиците на кои ЈАС иам предност - и како тие НЕМА да ме пуштат прв.
У Македонија живееш - мисли шо пишуваш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom