Jа прибра Луис својата втора ПП сезонава, но тенко беше, неполни 2 десетинки го делеа од фантастичниот овој викенд, Адријан Сутил. Монца е патека би требало да им одговара повеќе на болидите кои имаат КЕРС, така да ако Луис ја задржи првата позиција на долгата стартна рамнина, а потоа и на шиканата која што следува, мислам дека ќе нема баш мн. проблеми во понатамошното градење на предноста во однос на второпласираниот.
Супер би било доколку Сутил издржи што е можно подолго да го држи зад себе Кими Раиконен (кој стартува како трет), бидејќи и финецот има во своето Ферари КЕРС и уште од самиот старт ќе му врши огромен притисок на германецот, исто како и нашиот Ковалаинен, кој ќе стартува од ист ред со Кими .. Сутил би можел да биде клуч во победата на МекЛарен утре ако успее барем некои 10ина круга да го држи Кими зад себе, бидејќи ако овој помине уште на почетокот, ќе гледаме мн. дирекни КЕРС дуели Луис-Кими, ќе бидеме на постојан штрек и во голема неизвесност ..
Нека им е среќа утре и на двајцата, па ако ни се поклопат картите, зошто да не се израдуваме и на 1-2. :wink: