Фан клуб на "Meкларен Мерцедес Ф1"

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување
Денеска немавме баш добар викенд за разлика од минативе два,Ковалаинен со 3 бода не извади малку од малку ,ама тоа не беше доволно,Хамилтон ни крив ни дужен се откажа во 1 круг,заради ретердирани возачи,што немаат искуство,буквално се најде во сендвич,Од пред со 1 Браун и позади со 1 Торо росо,Задоволен сум од Хејки од 15 до 6 Браво:smir:
 
Следно на календарот е Монца.Уфф колку сакам ферари да ги тепаме на домашен терен:zlo:-А не гледам зошто тоа не би се случило :)
 
- Победа во Монца, Спа и Монте Карло е сон и огромно достигнување за секој возач во Ф1 и за нив тие 3 патеки, а особено првата претставуваат голем предизвик. Тоа лично го изјави Хамилтон во пресрет на наредното ГП, на што се надоврзува и вели дека ќе го даде максимумот од себе, како на оваа трка, така и до крајот се додека постојат и најмалите теоретски шанси за одбрана на титулата.

Малце повеќе од оптимистички е тоа, јас лично кренав раце од титулата после Монако и мислам дека би требало нешто поголемо и од чудо да се деси за да се оствари такво нешто. Сепак конкретно за оваа трка, сметам дека на Луис колку-толку му одговара, особено поради тоа што наликува по малце на Спа и е доста брза. МекЛарен би можел да има подобро издание од Ферари во Монца, тоа е реално за очекување, но за победа не знам, можеби .. Ако истера добро на квали. , не го снајдат Луис некои малери како на последните 2 трки и + ако врне :pos:, зошто да не се израдуваме и на втора победа сезонава ..
 
Монца е мнооогу рамна патека,каде шо над 75% од времето се вози со полна брзина...Керсот тука и те како ќе ни заврши работа...Не очекувам ништо спекуларно од Хејки,оти е целиот неинспириран од помислата дека деновите во МcM му се избројани...Исто и за Физикела,кој што сеуште е во еуфорија бидејки вози за тимот од соништата-Ферари...Само добар пласман на квалификациите,и поголем дел од работата е средена.Имаме добар болид,само во пит-стоповите да не правиме огромни времињаи се останато ќе помине ОК
 
Jа прибра Луис својата втора ПП сезонава, но тенко беше, неполни 2 десетинки го делеа од фантастичниот овој викенд, Адријан Сутил. Монца е патека би требало да им одговара повеќе на болидите кои имаат КЕРС, така да ако Луис ја задржи првата позиција на долгата стартна рамнина, а потоа и на шиканата која што следува, мислам дека ќе нема баш мн. проблеми во понатамошното градење на предноста во однос на второпласираниот.

Супер би било доколку Сутил издржи што е можно подолго да го држи зад себе Кими Раиконен (кој стартува како трет), бидејќи и финецот има во своето Ферари КЕРС и уште од самиот старт ќе му врши огромен притисок на германецот, исто како и нашиот Ковалаинен, кој ќе стартува од ист ред со Кими .. Сутил би можел да биде клуч во победата на МекЛарен утре ако успее барем некои 10ина круга да го држи Кими зад себе, бидејќи ако овој помине уште на почетокот, ќе гледаме мн. дирекни КЕРС дуели Луис-Кими, ќе бидеме на постојан штрек и во голема неизвесност ..

Нека им е среќа утре и на двајцата, па ако ни се поклопат картите, зошто да не се израдуваме и на 1-2. :wink:
 
Утре ќе биде интересно...Би сакал да заврне,за да биде уште поинтересно :)
 
Многу интересно беше... особено за Ferrari и Раиконен на кого шупакот му поклони место на подиумот.... како можеше да се слупа во последниот круг и мене не ми е јасно.

Џупацот се извинува за “инцидентот“ и признава дека се било во ред со неговиот болид, само малку претерал и му поклони место на пиедесталот на Кими.
 
Многу интересно беше... особено за Ferrari и Раиконен на кого шупакот му поклони место на подиумот.... како можеше да се слупа во последниот круг и мене не ми е јасно.

Џупацот се извинува за “инцидентот“ и признава дека се било во ред со неговиот болид, само малку претерал и му поклони место на пиедесталот на Кими.
Епа ке се слупа ке се сложите дека е не искусен уште кај бе влага у кривина со 250 км со кој памет која е веројатноста да се изврти?
 
Честито се надевам на многу добра и интересна сезона.
 
АКО ферари не му дадат да вози во 2010...ако вози ништо од преддоговорот....

Не ми се верува. Ќе си го задржат они Маса ГАРАНТ, а со доаѓањето на Алонсо ќе го истуркаат Кими од тимот ..
 
Не ми се верува. Ќе си го задржат они Маса ГАРАНТ, а со доаѓањето на Алонсо ќе го истуркаат Кими од тимот ..
за да го истуркаат треба да му исплатат 40 милиони американски долари:wink:И јас би сакал да го видам во Мекларен,ама не ми е за верба работава...
 
Kими како партнер на Хамилтон во Мекларен. Кој можеше да посака подобро?

Нека се мачат Ферари со Маса и Алонсо :helou:

Лелеле ќе биде јако. Само да не се зарчкаат со Хамилтон како што беше тогаш со Алонсо дека тимот повеќе работел за Хамилтон и слично. Сега уште да не се остварат прогнозине на Миленко што збореше за разделба на Мекларен со Мерцедес и се ќе биде најтоп.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom