КИЧЕВЦИ СО СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА ЗА РЕГУЛАРНОСТА НА ДОМАШНАТА ПРВА ЛИГА
НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА ЃП - ПЕЛИСТЕР НАМЕСТЕН!
* "За овој натпревар одигран на 26.04.2009 сите играчи се обложуваа на точен резултат 0:0", велат од УО на Напредок, кои како сомнителни ги посочуваат и дуелите Силекс - Металург и Работнички - Силекс
По последниот пораз и серијата резултати во домашното првенство вчера раководството на ФК Напредок се огласи со свое соопштение во кое посочува сериозни обвинувања за неколку наместени натпревари во Првата лига.
"УО на ФК Напредок донесе одлука да ја запознае македонската јавност за нерегуларностите на поедини натпревари кои го прават нерегуларно првенството од Првата лига. Управниот одбор цени дека има договарање на натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Македонија ЃП одигран во Охрид, кој заврши со резултат 2:0 за гостите без ниту еден картон, а возвратно во Скопје истата Македонија ЃП му врати на Пелистер играјќи 0:0. Сомнителни се и натпреварите меѓу Силекс и Металург во Кратово каде Металург победи лесно под околности познати само на двете екипи, а возвратно ФК Работнички веднаш потоа му ги надомести изгубените бодови на Силекс.
За однапред договорени резултати видно е и од дадените коефициенти за одредени натпревари во македонските обложувалници. За натпреварот меѓу ФК Македонија и ФК Пелистер одигран на 26.04.2009 сите играчи се обложуваа на точен резултат 0:0, кој однапред беше предвиден и во средствата за јавно информирање.
Управата на ФК Напредок е крајно разочарана од одлуката на Дисциплинската комисија за играње на два натпревари во Кичево без публика која е донесена неосновано и е применета иако рокот за жалба од три дена не беше истечен, без никаков доказ дека делото е сторено. Веројатно тоа е за на следните натпревари да има диригирано судење со цел да се наштети на Напредок. Посебно го потенцираме судењето на Зоран Петковски од Велес на нашиот натпревар со Македонија ЃП, кога досуди непостоечки пенал за гостите а не досуди класичен пенал во 87. минута за Напредок.
Бараме ФФМ преку своите тела сите посочени натпревари да бидат преконтролирани за да се утврдат нерегуларноста на истите и да бидат преземени најригорозни мерки спрема учесниците.
Преку ова соопштение ги повикуваме и другите надлежни институции на државата кои се одговорни за гонење на сторителите на вакви дела да ги откријат и казнат и по службена должност", се вели во соопштението до нашата редакција од УО на ФК Напредок.
Истапување од Лигата
Во своето соопштение од ФК Напредок истакнуваат дека доколку не се преземат соодветни мерки, тие ќе го напуштат натпреварувањето во Првата лига.
"ФК Напредок оваа година одбележува 81 година од своето постоење и во својата историја нема нерегуларни дејствија од овој вид и затоа ја запознава македонската јавност за овие нерегуларности. Доколку не се преземат соодветни дејствија спрема сторителите, во согласност со сите спонзори на ФК Напредок, ќе одлучи повеќе да не се натпреварува во ова нерегуларно првенство", се вели во реакцијата од УО на ФК Напредок.
KAKO PRVO KOJ GUBI IMA PRAVO DA PLACI A KAO VTORO NEZNAEVME DEKA E MESTEN
:pos2:
I BUJRUM AKO SE OTKAZVATE OD LIGATA