удбал - Пелистер стартуваше со подготовките
Основна цел бегство од опасната зона
Фудбалерите на Пелистер вчера на стадионот под "Тумбе кафе" ги почнаа подготовките за пролетната полусезона во која битолчани посакуваат уште на самиот старт да ја избегнат опасната зона и да обезбедат сигурен прволигашки опстанок. На тој пат екипата ќе ја води новоангажираниот шеф на стручниот штаб Алексо Мацков со помошниците Златко Цветановски и Бранко Дуковски кои на располагање ќе имаат мошне широк фонд на играчи.
На првиот тренинг присуствуаа дури 33 фудбалери меѓу кои и новаците Мирослав Станковиќ од српскиот прволигаш Банат, потоа Марко Јанковиќ, поранешен играч на Чукаричи од Белград, Бразилецот Соуса и повратникот Игор Талевски. Во Пелистер очекуваат да се засилат уште со 2-3 нови фудбалери, а засега никој нема најавено заминување од клубот, иако таквата можност не се исклучува.
До 2-ри февруари пелистерци ќе тренираат во Битола, а потоа заминуваат на 15-дневни подготовки во Негорски бањи.