[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Секоја сезона со нов кормилар[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Битола. - Алексо Мацков е 15. тренер кој доаѓа на клупата на Пелистер во изминатава деценија и пол. Во најголем број случаи таа функција им беше доверувана на стручњаци од сопствените редови, главно на поранешни фудбалери (Ефтимовски, Ристевски, Хусеин, Димитровски, Хаџиевски, Китановски, Секуловски, Миленковски, Главевски, Божиќ, Ѓорговски и Цветановски), а само во три наврати биле ангажирани тренери отстрана (Дојчиновски, Груевски и сега Мацков).
Дојчиновски одработи само една полусезона (пролетта 2000, кога Пелистер обезбеди пласман во Интертото купот), додека Груевски по тримесечна работа во почетокот на 2003 година мораше да си замине по радикалните превирања и поделби, особено во раководството.
Мацков бездруго го очекува напорна работа да ја врати самодовербата меѓу играчите, на кои им претстои жестока битка за избегнување на опасната зона, во која битолчани се најдоа, главно, поради проблеми во сопствените редови, но дел и поради очигледни судиски неправди кои ги чинеа 7-8 бода[/FONT]