Фан Клуб: Пелистер

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
ПЕЛИСТЕР ПОСАКУВА БРАЗИЛЕЦОТ ДА ГО ПРОДОЛЖИ ПРЕСТОЈОТ ВО БИТОЛА
За Жуниор одлучува Литекс
* "Се договоривме Бразилецот да биде со нас и во пролетниот дел, но доколку некој клуб ја плати сумата која ја бара бугарскиот прволигаш за него тогаш тој ќе си замине" вели Митко Стојкоски
Во редовите на Пелистер нема големи потреси околу засилувањето на екипата. Приоритет на битолчани е да го задржат костурот на тимот од есенскиот дел, а наедно посакуваат во нападот во пролетниот дел да оперира Бразилецот Мачадо Соуза Жуниор.
"Што се однесува до Бразилецот Жуниор, пред Нова година се договоривме Бразилецот да биде со нас во наредните шест месеци, односно и во пролетниот дел, но доколку некој клуб ја плати сумата која ја бара бугарскиот прволигаш за него, тогаш тој ќе си замине. Секако дека посакуваме Жуниор да го продолжи престојот во Битола бидејќи ќе ни биде и тоа како потребен во нападот", истакна спортскиот директор Митко Стојковски.

Имаше некои најави дека Степановски и Момировски ќе ги напуштат битолачни. Но, сепак, тоа нема да се случи.

"Ние немаме направено класична трансфер листа. Главна цел ни е да го задржиме костурот на тимот од есенскиот дел. Згора на тоа фудбалерите кои се во клубот се врзани со договори, а тоа значи дека за да си заминат треба да добијат зелено светло. Засега нема никакви најави за такво нешто. Имаме екипа која може да одговори максимално и во пролетниот дел. Располагаме со 14 квалитетни фудбалери, а тоа автоматски значи дека не се форсираме многу на планот околу засилување на екипата", потенцираше Стојковски.

В. Фотиновски
Младите сили на потег

Во есенскиот дел во Пелистер продефилираа неколку фудбалери од младинскиот погон. А според најавите на раководството на клубот, младите сили ќе бидат на преден план.

"Имаме добра младинска екипа. Некои фудбалери добија шанса, а уште неколку од нив ќе бидат приклучени со првиот тим. Наша основна цел е првиот тим да го 'освежуваме' со млади фудбалери од нашата школа", вели Стојковски.
Се чека новиот Бразилец

Како што н$ информира спортскиот директор Митко Стојковски, деновиве треба да се воспостават контакти со Литекс по кои ќе биде познато дали Пелистер во своите редови ќе ангажира уште еден Бразилец. Доколку ова се реализира, тоа ќе биде првото засилување во пролетниот дел.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
ПЕЛИСТЕР И ЛИТЕКС СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА МЛАДИОТ БРАЗИЛЕЦ
Адриано Миранда под "Тумбе кафе"
* Во пролетниот дел од првенството покрај Жуниор во дресот на Пелистер ќе биде и осумнаесетгодишниот Адриано
Во текот на вчерашниот ден екипите на Пелистер и бугарски Литекс се договорија за младиот Адриано Миранда (18). Тој како позајмен играч ќе настапува за нашиот прволигаш во пролетниот дел од првенството. Раководството на битолчани се залагаше во нивните редови да остане и Жуниор и заедно со него да дојде и Миранда. Двајцата Бразилци моментално се во Бугарија, каде што со екипата на Литекс го имаа првиот тренинг во подготовките за претстојниот дел од првенството. Сепак, новиот тренер на Литекс, Миодраг Јешиќ, одлучил дека нема да смета на услугите на Жуниор и Миранда и тие без проблем ќе можат да настапуваат во Пелистер. Младиот "кариока" може да игра на две позиции, како полушпиц и како играч за врска и ќе биде големо засилување за екипата на Пелистер. Тие треба да пристигнат во Битола во текот на наредната недела и да се приклучат на подготовките на Пелистер.

Стратегот Неџат Хусеин со останувањето на Жуниор, кој остави силен впечаток во есенскиот дел, и со доведувањето на талентираниот Адриано Миранда ќе добие во квалитет. Нападот ќе биде осетно засилен, како и средниот ред. "Чкембарите" и останатите љубители на фудбалот на стадионот под "Тумбе кафе" во Битола ќе имаат можност да следат бразилски мајстории.

Инаку, и дефинитивно е јасно дека Жуниор и во наредните шест месеци ќе остане во Пелистер без разлика што по него "тргна" Вардар. Но се чини преголемата отштета од 200.000 евра, која беше намалена на 150.000, беше непремостива пречка тој да дојде на "Градски".

"Се договоривме со Литекс на позајмица во нашите редови да дојде младиот Миранда. Заедно со Жуниор ќе ги бранат боите на нашиот клуб во останатиот дел од првенството. Ние во клубот сме исклучително задоволни од ваквиот развој на настаните", ни изјави спортскиот директор на Пелистер, Митко Стојковски.

В. М.
Степановски и Главевски во Вејле, но во јуни!?

Можеше многу лесно Пелистер да остане без Менде Степановски и Благојче Главевски. Тие беа во преговори со данскиот второлигаш Вејле (екс клуб на некогашниот наш репрезентативец Дејви Главевски). Преговорите беа во завршна фаза, но резултираа со договор евентуални трансфери да има во јуни. Раководството на Данците не сакало сега да ги ангажира Степановски и Главевски од причина што Вејле убедливо бил прв во Втората лига и не им биле неопходни засилувања во овој момент. Данците во пролетниот дел ќе ги следат настапите на овие двајца фудбалери и во јуни би дошло до договор......
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Ајмо бате излгеда уште едно бразилче ке лапниме....ако се оствари ова јако ке биди..дупката кој ја направија(Руте)ке бидат пополнета и не само пополнета туку и сјачана
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
271
Поени од реакции
3
Konecno pocnuvame da stanuvame profesionalen tis sto ke izlezi od granicite na Makedonija sega na red e dase renovira i da se zgolemi stadionot...
 
Член од
11 јануари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
0
Uste edno brazilce ehaaaaaaaaaa. Super , krenavme gla godinava .Sea da se zadrzi samo stabilen timot i vo idnina . Dosega vo Bitola sme bile svedoci na takanareceni ednosezonski avanturi pa posle se spasuvala edvaj ziva glava. Aj sea neka se pogrizat za stabilnost na dolgi pateki pa posle i stadionceto malce da se dotera.Tribini zad gol.Posekako ckebarite ke ja okupirame.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
abe bidete seriozni toj ke dojdi ne vikam ne ama dali ke se pokazi, dali kese snajdi e rabotata.....vo mladincite veznjaci ima eden kup so se dobri ne e rabotata kupi pa karaj po nego.....a za stadionot ke pocekame malku pojke poso za nego prebat pari a ne zelbi :D
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
271
Поени од реакции
3
abe bidete seriozni toj ke dojdi ne vikam ne ama dali ke se pokazi, dali kese snajdi e rabotata.....vo mladincite veznjaci ima eden kup so se dobri ne e rabotata kupi pa karaj po nego.....a za stadionot ke pocekame malku pojke poso za nego prebat pari a ne zelbi :D

e da da ima nadezi vo mladincite jas licno znam nekolku aa za stadion vejke ima plan i treba tender da ima taka da za 1 i pol godina realno e da se pocni so izgradba ama ke vidimeee
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
e ima ima sili vo mladincite a za stapionot ne mi se verva deka ke bidi tolku rano zapocnat poso se nema PARI za nego!!!
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
ПЕЛИСТЕР ВО ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ПОДГОТВУВА "УБИСТВЕН" НАПАД
Бразилска формула за голови
* Младиот Миранда во друштво со Питошка, Главевски и Трифуновски се очекува да бидат кошмар за противничките голмани

Одличната соработка на релација Литекс - Пелистер донесе уште еден млад и квалитетен фудбалер, осумнаесетгодишниот Бразилец Миранда. Раководството на битолчани не го криеше задоволството од ангажманот на вториот Бразилец во своите редови.

" Од Литекс пристигнаа информации дека младиот Миранда е за една класа подобар од Жуниор, а тоа автоматски значи дека на располагање имаме квалитетен млад фудбалер кој заедно со Жуниор ќе бидат ударна сила во нашиот напад. Секако не треба да ги заборавиме и нашите млади сили во нападот, Главевски и Трифуновски, а на добар пат сме да го ангажираме и Тони Питошка", вели техничкиот директор на Пелистер Тони Мицевски.

Неофицијално дознавме дека има најави за отстапување на Крсте Велковски од Работнички К. во редовите на Пелистер.

" Навистина не сум чул ништо за такво нешто. Неспорно е дела Велковски е добар играч. На ова позиција имаме неколку фудбалери , но доколку има такво нешто треба да се разговара со стручниот штаб. Секако дека нашата визија е да располагаме со повеќе квалитетни фудбалери. Но, ние сме фокусирани на младите сили од нашата школа кои и во пролетниот дел ќе бидат вклучени во првотимскиот предизвик", истакна Мицевски.
 
V

Viktoranius

Гостин
Вардар ќе го добие Жуниор
* Во текот на вчерашниот ден и бугарските медиуми во завршна форма, како 100% сигурни, ги пренесоа информациите дека Жуниор ќе ја продолжи својата кариера во црвено-црниот дрес

Најтрофејниот македонски клуб е многу блиску до создавање извонредна напаѓачка комбинација во зимскиот преоден рок откако по Љубиша Вукеља во интензивно позитивна насока се движат и преговорите за ангажман на Бразилецот од бугарскиот Литекс, Мачадо Соуза Жуниор, кој изминатава есен како позајмен фудбалер настапуваше во битолски Пелистер.

Главниот финансиер на "црвено-црните", Слободан Брацо Вујчиќ, деновиве е на разговори со челниците на Литекс за добивање на услугите на Жуниор. Низ директните разговори со сопственикот на Литекс, Гриша Ганчев, според нашите информации, во голема мера се договорени условите за преселбата на Жуниор на "Градски", а остануваат уште формалностите за и официјално да биде промовиран неговиот трансфер во црвено-црниот дрес.

Во текот на вчерашниот ден и бугарските медиуми во завршна форма, како 100% сигурни, ги пренесоа информациите дека Жуниор ќе ја продолжи својата кариера во Вардар, наспроти неговиот сонародник Адријано, кој ќе биде негова замена во Пелистер.

"Не може да се каже дека има нешто официјално. Деновиве се водат разговорите, па наскоро с$ ќе биде познато", велат од нашиот најтрофеен клуб.

Иако нема ништо ново, продолжени се и постојаните разговори на "вардарците" за ангажманот на членот на Партизан, Љубиша Вукеља. Од Партизан вчера повторно потенцираа дека дадени се насоки Вукеља од кипарската Етникос Ахна да мине во редовите на Вардар, меѓутоа с$ уште се очекува и официјалниот директен договор на "црвено-црните" со српскиот интернационалец.

До крајот на неделава, како што истакнуваат од раководството на Вардар, и официјално ќе бидат познати финалните разврски и за двајцата одлични фудбалери со кои тимот од "Градски" ќе го затвори прашањето за нападот кој во есенскиот дел од шампионатот беше најпроблематичниот дел од играта за шефот на стручниот штаб, Зоран Стратев.

Со Жуниор и Вукеља, а како дополнение на Савиќ, Костовски (доколку остане), Емурлаху, но и младиот Петров, "црвено-црните" дефинитивно би имале повеќе од квалитетни офанзивни редови.


Да не ви го лапнат браќа ?

www.sport.com.mk











http://www.sport.com.mk
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Останува да видиме ама јас сепак мислам ке остани....
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
pa ke ostani kaj ima vardar da plati 150 000evra kolku so barat za dogovorot na Zunior
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Поздарв од Томи Јованов......
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
МЛАДИОТ ГОЛГЕТЕР ТРЕБА ДА ГО ЗАСИЛИ "ТУМБЕ КАФЕ"
Велкоски понуден на Пелистер

Крсте Велкоски од Работнички К. е понуден на Пелистер и младиот голгетер до јуни како отстапен фудбалер, најверојатно, ќе го нози зелениот дрес на битолчани. Овој трансфер треба да се реализира до понеделник кога е можно Велковски да се приклучи на тренинзите во Пелистер.

"Постојат разговори", открива Тони Мицевски, директорот на Пелистер.

"Не треба да се трошат зборови за квалитетите на Велкоски. Тој е одличен млад голгетер кој би бил големо засилување за нас. Ќе се зголеми конкуренцијата во нападот, а со тоа и квалитетот", додава Мицевски.

Уште пред неколку дена Работнички К. имал разговори со "зелените" од Битола. Велкоски треба да биде второто засилување во оваа сезона од таборот на "романтичарите". Со отстапница во есенскиот дел од Работнички К. на "Тумбе кафе" настапуваше стоперот Менде Степановски.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
271
Поени од реакции
3
ЛЕЛЕ од двај чеканм да почни лигата Пелистер ќе излези во европа дефинитивноо со СРЕЌААА
 

Kajgana Shop

На врв Bottom