Пчелите ги снемува насекаде...

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
P.S. enigmatik neam pojma ud deka si ama stvarno ne tej arno. Aku tebe ne ta bole "stojko" kak so glejs tuka ima ljuge so im e gajle. Pa zatoa shush i pucitavi koa lafat drugi.
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
На темава прочитав доста коментари по веснициве особено американските и се воглавно се сведува на два проблема како сто веќе кажа Мисирков:
- една сорта генетски модификувана пченка која во својот полен произведува еден вид на токсин кој предизвикувал цревни проблеми кај пчелите и воедно ги прави по подложни на паразитски болести;
- проблемот со ориентацијата на пчелите е можеби уште поголем од предходниот. Пчелите не угинуваат веднаш но губат ориентација и незнаат да се вратат во кошницата.

Како и да е проблемот е особено голем и најмногу се чувствува во САД и Западна Европа.
 
Член од
28 април 2007
Мислења
53
Поени од реакции
0
Ova e muzika za moite usi! Mrazam pceli i osi. Let them die, AND GOOD RIDDANCE!!!
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
BigFatAss напиша:
Ova e muzika za moite usi! Mrazam pceli i osi. Let them die, AND GOOD RIDDANCE!!!
Човекот е најголемиот уништувач на планетава. Let it die, good riddance
 
Член од
28 април 2007
Мислења
53
Поени од реакции
0
Toa deka covekot e najgolemiot unistuvac se soglasuvam. A za ubivanjeto da pocneme so tebe sakas :)?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
BigFatAss напиша:
Toa deka covekot e najgolemiot unistuvac se soglasuvam. A za ubivanjeto da pocneme so tebe sakas :)?
porano ili podocna site ke bideme istrebeni, taka da - udri, eden zagaduvac pomalku nema da nasteti
 
Член од
5 април 2007
Мислења
252
Поени од реакции
4
I nas ke ne snema a ne pa pcelite no kako i da e,kupuvajte med ako sakate da se zbogatite(mislam deka svakate).
 

проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Крај на светот но преку изумирање на пчелите

Можеби звучи сулудо и чудно но факт е дека пчелите се незаменливи кога станува збор за нашиот опстанок на планетата ЗЕмја.
Од 2006 година до денес, дури 70 отсто од пчелската популација на планетава изумрела. Оваа шокантна информација очигледно поминала незапазено штом не го побудила интересот макар кај гласните и загрижени планетољубци и еколози. Нормално, нашиот свет е хомоцентричен и во него сè се гледа, вреднува и мери низ призмата на човековиот егоизам. Затоа, замислете си некаква пандемија што ја предизвикал вирус кој за кратко време од неполни три години, предизвика смрт на 70 отсто од човештвото. И, ако можете поимите, дека таква информација не е ударна вест за која не слушнал и последниот жител на планетава.

Но, ако и оваа катаклизмична информација не ни го разбуди нервот за имагинација, тогаш фактот дека исчезнувањето на пчелите би довел до неверојатни промени на флората на планетарно ниво, зошто дури три четвртини од растенијата се опрашуваат преку пчелите, би требало да ни ги долови вистинските пропорции на оваа катастрофа.

Пчелите, инсекти што се вбројуваат во седумте светски живи чуда според својата чудесна и уникатна структура, начин на организација на живот, заболеле од пчелина СИДА. Научниците на Колумбија универзитетот со десетици други светски познати институти го проучуваат овој феномен утврдиле дека се работи за патоген стрес вирус именуван како ККД (колони колапс дисордер). Пчелите што заболуваат од овој вирус, како и човекот со ХИВ, губат имунитет и способност за ориентација, па, во одредена фаза од болеста, стануваат анемични и слаби до мера да не умеат ни да го најдат својот пат до дома - до својата кошница.

Науката ги истражува причинителите на болеста за да може да поработи и на лекот. Досегашните истражувања упатуваат на веќе стандардната констатација дека начинот на живот на човекот, неговите цивилизациски навики и неговата склоност да изигрува бог - креатор, се во основата на пчелскиот „холокауст“.

Значи, утврдено е дека вирусот го предизвикува лошата исхрана на пчелите работнички - пестицидите и генетскиот инженеринг кај растенијата како и телекомуникациските мрежи. Ова пак, прстот на обвинението недвосмислено го вперува кон човекот и тоа оној цивилизираниот. Забележано е и тоа дека од болеста доминантно страдаат пчелите во „руралните“ средини, додека урбаните пчели, се главно поштедени од заразата. Научниците тоа го толкуваат со фактот дека во големите градови, заради грижата на човекот за сопственото здравје, во последниве децении има поздрава еколошка средина со ниско ниво на пестициди и други штетни материи. Што не е случај и со селото кое стана експериментална жртва во трката за производство на поголеми количества храна за нараснатото човештво. Она што досега не е утврдено е начинот на кој се шири заразата и тоа меѓу работничките кои немаат контакт со матицата што ја обезбедува репродукцијата и нејзиниот машки харем од стотина пчели. Научниците забележале дека пчелите кои се заразиле со ККД вирусот уште во раната фаза, организирано и координирано преку уникатниот систем за меѓусебна комуникација, ги напуштаат своите матични колонии со цел да го заштитат ројот од угинување.

Пчелина солидарност

Оваа фасцинантна особина на пчелите што ја истакнува социјалната димензија на нивната општествена организација е недостижен идеал во сите човекови општества. Првенствената грижа за опстанок на пчелиното семејство и одржување на родот и по цена на лична жртва, кај човекот се манифестира само кај поединци идеалисти или фанатици, како што ги етикетираме, и се смета за екстремно однесување, кое главно го иритира нечувствителното мнозинство. Едноставно, солидарноста не е човекова доблест.

Но, да се вратиме на последиците од болеста која ги нападна овие уникатни суштества. Да бидеме она што сме, егоцентрични и да помислиме што ќе ни се случи нам, доколку пчелската СИДА сосема ги истреби глобалните запрашувачи, имајќи на ум дека еволутивниот бавен процес не може да ги надомести преку ноќ со нов сој што ќе ја обезбеди таа хармонична врска помеѓу растителниот и животинскиот свет која опстојува милиони години.

Значи, прво и основно, во недостиг од пчелите што, рековме, доминантно се грижат за репродукцијата на растенијата, ќе почне изумирањето на растителниот свет. Со тоа, пак, драматично ќе се променат планетарните пејзажи, нашиот животен простор. Ќе исчезнат боите, но и билките што ги знаеме, ама и видовите што се хранат со тие билки. Такво глобално нарушување со немерлива магнитуда, наспроти нашата фокусираност на климатските промени, би било стотици пати покатастрофално за перспективите на животот на планетава.

Затоа е мошне индикативно што светските бучни еколози досега не организирале ниту една посериозна кампања која би го направила човештвото базично свесно за она што му претстои, ако продолжи трендот на ширење на пчелската сида. Имено, само во САД лани како последица на оваа болест, се уништени 800.000 кошници, односно 36 милиони пчели. Како факт од интерес за човекот тоа значи дека ефектот од сидата кај пчелите е 1/3 помалку произведена храна или 15 милијарди долари директна штета на американската економија.

Но, ККД-вирусот се шири и побрзо од оние вируси мутанти што го напаѓаат човековиот имунитет. Пчелската сида, односно, масовното изумирање на пчелските семејства засега е забележано во високо цивилизираните, технолошки напредните држави во Европа. Случаи на ККД се регистрирани во Италија, Полска, Велика Британија, Франција, Германија. Австралија, покрај САД, е исто така сериозно нападната од оваа болест. На Балканот таа е регистрирана и во Хрватска.

Во Македонија никој ништо не знае

Дали ја има во Македонија?

Тоа е прашање на кое никој нема одговор. Со сите со кои се обидовме да разговараме не само што не покажаа елементарен интерес, туку единствено ги интересираше што сме запнале со оваа тема. Интернетот нема да ви помогне. Информации за било што сврзано со пчелите и ККД едноставно нема. Кај нас науката е на ниво младо камено доба која општеството ја перцепира како непотребно луксузирање што безболно се кастри секогаш во услови на економска криза, а институционализацијата и нивната организација е дизајнирана како системски хаос. Значи, и по речиси еден месец напори да откриеме факти за домашните пчели, ние не знаеме колку пчелски семејства, односно, пчели има во Македонија. Не знаеме ни каде се географски распоредени. Колку мед произведуваат. И, се подразбира, не можевме да утврдиме дали пчелската сида дошла во Македонија, оти, ни нашите медопроизводители досега не забележале дали нивните кошници масовно ги напуштаат заболените пчели, што би го нотирале макар како невообичаено однесување на овие високоорганизирани суштества.

Во недостиг на податоци добиени од институции или поединци, можеме само да претпоставиме дека заради нашите општопознати „маани“ евентуално се уште сме релативно здрава еколошка средина, барем за пчелите. Имено, наспроти развиениот свет, македонските градови се далеку позагадени од руралните подрачја. Кај нас земјоделството како масовен производител на храна е во повој со 41 отсто искористеност на земјишниот капацитет. Немаштината ги ориентира земјоделците на производство со релативно мала употреба на заштитни средства (хемикалии). Што се однесува до медопроизводителите, тие своите кошници со пчелски семејства ги носат на пасење по планините и ливадите што се дефицитарни со патна и комуникациска инфраструктура. Таму пчелите немаат услови да заболат од ККД вирусот оти нема комуникациски јазли (а ни мобилни телефони) кои би ги дезориентирале пчелините сензитивни радари за ориентација и меѓусебна комуникација. Нормално, за ова ниво на наша организираност и статусот на науката, не ни имаме кому да му поставиме прашање на пример, дали е можно или, какви се изгледите на пренесување на оваа смртоносна болест од град во село? Под претпоставка дека таа стигнала и во Македонија. Во таков случај, дали овде ендемски би се развила обратно од остатокот на светот, односно, градските пчели би биле жртви на болеста.

Во надеж дека македонските еколошки друштва, зелената партија ДОМ на Лилјана Поповска и научните институции ќе бидат заинтересирани за нашите лаички сознанија, превентивно ја отворивме темата за која мислиме дека треба да го алармира самозадоволното човештво. Оти, џабе ни се сите акции за садење садници, пошумување, подигање на еколошката свест, ако во меѓувреме од лицето на планетава исчезнат пчелите, исклучиво по вина на човекот. Пчелите работнички самостојно, без никаква помош од човекот, прават напори да го заштитат својот род од уништување со тоа што во моментот кога ќе се заразат, ја напуштаат својата средина за да го заштитат остатокот од семејството од сигурна смрт. Прашање е дали ќе бидеме солидарни и ќе им олесниме, свесни за сопствената одговорност.




Светско чудо на природата

Пчелата, според човековите стандарди и критериуми за вредност, е сместена меѓу седумте светски чуда на природата. Таа тоа го заслужила според својата уникатна природа, организација на живот и комуникациски способности.

Окото на пчелата содржи 6.900 леќи и спаѓа во еден од најсложените органи за вид. Има три очи кои и служат за ориентација во летот. Со своите крила изведува 230 движења во секунда. Задните нозе, прекриени со илјадници деликатни влакненца, и служат како кошнички за собирање полен. Самата пчела е прекрасно дизајнирана за функцијата што ја извршува.

Пчелите воспоставиле неверојатно пријателски и функционален сојуз помеѓу растенијата и инсектите и таа кохабитација, заради надворешни фактори, а по милиони години еволуција, сега е длабоко нарушена.

Пчелите имаат развиено и софистициран комуникациски јазик. Меѓусебно се информираат за богатите пасишта така што низ танц си ги соопштуваат заемно координатите каде што е откриен изгледен извор на храна.




Една кошница - 2 милиони нови пчели годишно

Една колонија на пчели, или, како што ние ги стратифицираме едно пчелско семејство (кошница) се состои од матица, харем од сто машки пчели - оплодувани на матицата и 30.000 работнички. Матицата раѓа 2.500 ларви дневно, што на годишно ниво достигнува бројка од два милиони нови пчели - работнички. Пчелите работнички работат посветено и исклучително тешко, особено во летните месеци. Уморот како категорија, велат научниците на Колумбија универзитетот, не може да се исклучи и кај пчелите со патоген стрес вирус. Животниот век на овие чудесни суштества е еден месец.




Да ги оставиме заговорите и нападите од вонземјаните опасноста е тука пред нас.









...













































 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Нормално дека ќе изумираат во „цивилизираните’’ земји, таму масовно и без мерка се прска со којзнае какви средства против комарци, средства кои за жал се друго ќе испотепаат освен комарците...
 

проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
не разликувам пчела и оса :toe:
Разликата е во тоа што пчелата е корисна , а осата ``штетна`` животинка.
Пчелите ги опрашуваат дрвјата и целата флора (околу 90% на светско ниво), поентата е дека без пчели нема да има ни живот, само не знам зошто на никого око не му трепнува за тоа. Се испоплашивме од свинскиот грип, кој и не е баш толку смртоносен.
А замислете што ќе се случува кога во светот ќе нема доволно храна, па недостаток од кислород (штом ќе се исуши флората сигурна смрт ја чека и фауната). Можеби изгледа далечно и чудно но сепак треба да се загрижиме од она кое што ни доаѓа во пресрет



А ова се пчели


Ова не е на арно.
Добро е што има и други начини на правење на мед, нели? =)
Да само производот не се вика мед туку слатко
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
Разликата е во тоа што пчелата е корисна , а осата ``штетна`` животинка.
Пчелите ги опрашуваат дрвјата и целата флора (околу 90% на светско ниво), поентата е дека без пчели нема да има ни живот, само не знам зошто на никого око не му трепнува за тоа. Се испоплашивме од свинскиот грип, кој и не е баш толку смртоносен.
А замислете што ќе се случува кога во светот ќе нема доволно храна, па недостаток од кислород (штом ќе се исуши флората сигурна смрт ја чека и фауната). Можеби изгледа далечно и чудно но сепак треба да се загрижиме од она кое што ни доаѓа во пресрет



А ова се пчели
ПААААААААААААААа не се само Пчелите договорни за запрашувањето на растенијата, моњеби вршат некој 7% а остатокот го врши ветерот и останатите видови инсекти, и не би рекол дека осите се штетни животинки можеби занас се штетни но,во природата ите како имаат голема улога,единсвен инсект кој напага пајак,тие осата и од пајажините исто така прави гнезда а и во запрашувањето на растенијата играат добра улога,е сега ако пчелата е битна за човекот како извор на храна и извор на финансии за одредена група луге јебига не зависи целиот еко систем од пчелите како што се обидуваш да презентираш
 

проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Нејќум пчели и уопште не се замарам со ниф, а мислав дека тоа треба да го напрајте и вије.
:nenene::nenene::nenene:

So celata halabuka shto se stvori, nauchnicite pretpolagaat (ima i studija na praven na Univerzitetot vo Pundzab) deka radijacijata od signalnite kulite za mobilni telefoni (i od samite mobilni telefoni) e prichinata za nestanuvanjeto na pchelite. Se smeta deka gi zbunuva pchelite, im go neutralizira prirodniot sistem na orijentacija i zatoa tie ne se vrakjaat vo koshnicite, gi snemuva.

http://omega.twoday.net/stories/3430072/

Да ги збунува фрекфенцијата но никој тоа не сака да го признае (не било истражено)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom