Ви се случила некоја натприродна работа?

Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Да ви посведочам нешто.
Муабетов е од кај мене дома значи од прва рака, нема што да се лажеме.

Имам сестра која моментално не живее во Македонија, инаку она е во главна улога на приказнава. Пред некој си 6 години (пред да замине од Македонија) и се дешаваа многу многу чудни работи. Ајде ќе ја скратам малку целата сторија за да дојдам до она главното. Значи во почеток додека работеше во еден кафич и се дешаваше од чиста мира пепељарата од шанк да падне доле. Сеа знам дека малку звучи претерано или некој ќе рече на ивица била па паднала, ама не е така. Да било така немаше да пишувам. И уште неколку такви случаеви кои ако ги набројувам уште поневеројатно ќе ви звучат.

Така и се дешаваше тоа некој период и многу беше исплашена. Во истиот период почна да ја фаќа алергија од златен накит (прсетни, ланче и.т.н) Еднаш не можела да издржи го симнала прстенот од рака го ставила под перница и си заспала. Утредента го немаше.. го баравме, го баравме го немаше. 7 месеци покасно. Татко ми прави салата во кујна и доаѓа со шишето зејтин во рака и ни вика дома на нас “што е ова во шишево“. Внатре беше прстенот, баш тој на сестра ми. Дури самиот прстен беше поголем (нормално) од оквиорт на шишето, па зејтинот го претуривме во друго шише, го исеквоме празното за да го извадиме прстенот. И така. Многу бевме зачудени периодот. Сестра ми нормално преплашена, одеше по манастири таму некој адети обавуваше.. и од тогаш еве до денес таква некоја појава нема.

Интересно ми беше онака да го споделам ова со вас, и ако има некој логично објаснување или слична дешавка....нека каже
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
За пепељарите ништо, најверојатно од басот се мрдале и паѓале. На злато многу луѓе се алергични. Ама ова со прстенот во шишето за зејтин... :?
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Acid напиша:
За пепељарите ништо, најверојатно од басот се мрдале и паѓале. На злато многу луѓе се алергични. Ама ова со прстенот во шишето за зејтин... :?
не не не не... не сме се разбрале. Немало никаков бас. Тоа кафичот е кај мене у маало во Порта Влае и таму преку ден жив петел немаше. Каков бас жити се :D Знаев дека нема да ме сватите убаво. Ми се јавуваше сестра ми од страв не можела да мрдне од стол, знам дека чудно е ама чаши имаат паѓано од маси. Никакво движење. Ни промаја ни бутур. Упаљач од маса паднал како да го акнал некој од земја.Сама, празно, никој во кафичот. Не сакав да ви кажувам за ова ќе помислите џанаци сме биле со сестра ми :D . Нема везе , стварно многу срања ни се дешаваа периодот и знам дека звучи чудно затоа ви кажав за тоа со прстенот, ајде тоа колку толку.. знам дека некој ќе може да го свари, ама ова со ствариве што и “рипале“ од маса.. што знам.. јас и верувам на сестра ми само поради тоа што ми е сестра. А знам некогаш како е кога никој не ти верува.. и знам колку е неизводливо да му објасниш на некој што се дешавало.
За тоа дека има многу што се алергични на злато, знам. Зборот ми беше дека поради тоа го ставила прстенот под перница.

Тешко е за верување. Знам...
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
50
gerard напиша:
StenmarC напиша:
Мистичен напиша:
И да ти' бам, се наежив читајќи.
Ја пред малку сакав да пишам одговор, ама се премислив :?
:D Зашто?
Језиво е и страшно...
Инаку како е сега сестра ти? И се случуваат слични работи и надвор од Македонија???
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Па добра е. Такви глупости не и се дешаваат од тогаш. Она ти викам беше многу потресена. Беше во манастир, па таму некои ритуали со вода, глупости некои.. и као божем од тоа еве од тогаш навака нема ништо.

Јас обично тие работи си ги прифаќам такви какви што се.. не барам одговор на нешто за кое денес нема одговор. Кој? Има некој научно да ми докаже како прстенот се најде во шишето зејтин. Ние дома купуваме зејтин еднаш недело минимум. Како после 7 месеци ?!?...?..и да е наивен одговорот, предпоставката, еве нека ја каже некој..

Тоа ми е проблемот..не можам да предпоставам што е.. а камоли за понатаму...
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Ima mnogu malku luge sto veruvaat na raskazanoto :wink: A se prasuvam zosto :?: strav...ili strav.i mene mi se ima edna slucka deseno i toa vo makedonija.bev vo kukata na najdobrata mi drugarka,nejzinata majka e pocinata odamna nie bevme mnogu mali.I taka nie sedime nadvor vo dvor sami i si pievme kafe.ne bese temno no se smraknuvase,a bevme sami.Drugarka mi mi rece deka ke odi vnatre da zeme pepeljara i dodeka taa bese vnatre jas ja vidov siluetata na nejzinata majka kako ja zaobikoli kukata ,jas mislev deka e toa nekoj covek no podocna od koga prebaravme se nemase nikoj...ne deka imav strav kako sto velat mnogu sto im imam kazano,tamu bev vo denot po tripati,toa go imam videno ednas i nikogas poveke...
edinstveno sto mi poveruva toa bese drugarkami a site ostanati imaa nekoj svoi tolkuvanja(pa i mojata majka ) :evil:
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
desertfox напиша:
natasa напиша:
slusaj sea jas kako prvo nikogas vo zivotot nemam puseno trevka(posebno mislenje za niv)a koj ne veruva neka mu stoi dva prsta podlaboko :wink:
:oops: леелеее срамота. Можеби лошо звучеше, ама не сакав да ми стои два прста подлабоко (не сум сигурен дека те разбрав, ама некако имам чувство дека нема да ми се допадне), некој не почитува туѓи мислења. Наташа , моето мислење е мое мислење, а за тревата , требаше шега да биде, ама ако се лутиш нека ти стои :P
Da vo pravo si sekoj ima svoe mislenje ,ama ne go negiraj i mislenjeto na nekoj drug.kako prvo nesum dete da ti zboruvam izmislenici.kako vtoro rekov ne sum djanker pa da mi seslucuvaat predvidenija go kazuvam toa sto go vidov,a koj ne veruva pak neka mu stoi :D a da me mene nalutis mnoooogu tesko :wink:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Ја еднаш се усрав од страв кога видов дека завесата сама се мрда, се таласа, и чудно беше затоа што прозорот беше затворен и немаше никаква промаја, кога татко ми ми кажува тоа да ти било од радијаторот шти ја испуштал топлината :D
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
АЈ ова да го дефинирате што може да биде... ако верувате во духови....

Имам куќа во Битола во која порано живееше баба ми и таа 2001-ва година почина и сега 2004-та година ја се запишав во Битола на факултет (од толкаво Скопје ја у Битола, па добро да избегам малце од Скопје, али јебига пак Скопје е поубаво :lol: ) али да се вратиме на работата, значи пред месец дена во Битола во куќата се враќам јас негде околу 2 часот после полноќ дома од скитање (инаку сам живеам во куќата, немам цимери) и си легнав в кревет и гледав телевизија и едно време во кујната почна да тропа нешто и го намалив телевизорот да слушнам што е како е, и тропањето продолжи си мислиш како да паѓаат тави, чаши, тенџериња и си викам што ќе да е ова, нема шанси некој да влегол кога пред тоа си праев јадење во кујна а све беше чисто и го изгаснав телевизорот и си слушав како тропа нешто во кујна цело време и така и си заспав и сабајлето кога се разбудив негде околу 10 часот отидов во кујна да си направам кафе и вратата од кујната за кон ходникот беше подотворена (инаку куќата ја реновиравме, а порано таа врата што сега оди кон ходникот беше врата за надвор влезна/излезна врата беше) па сега дали е можно духот да кажам на баба ми да скита низ куќата и да киднал низ таа врата ??? Дали духовите или некој ги нарекуваат изгубени души што талкаат по светот се враќаат во своите домови кај што живееле порано ?
Само на другариве и другарките од Битола т.е. на факултет што сме не сум им спомнал за ова, затоа што ако им спомнам после ќе им биде страв да доаѓаат кај мене на кафе или на журка као што имам обичај журки да праам таму... 8)
Ако мисли некој дека се зезам, не се зезам, туку вистина е....
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Е тоа е ,се случуваат некои мистерии кој никој не може да ги објасни,ама без гајле јас верувам во се.Не знам дали сте ја гледале UNSOLVED MYSTERIES на Сител ја даваја пред некое време,е тоа беше многу интересно за мене....? Некои работи едноставно не можеш да ги објасниш
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
vodkamixx напиша:
... и си легнав в кревет и гледав телевизија и едно време во кујната почна да тропа нешто и го намалив телевизорот да слушнам што е како е, и тропањето продолжи си мислиш како да паѓаат тави, чаши, тенџериња и си викам што ќе да е ова, нема шанси некој да влегол кога пред тоа си праев јадење во кујна а све беше чисто и го изгаснав телевизорот и си слушав како тропа нешто во кујна цело време и така и си заспав ...
Е овај дел од филмот ти е тро нереален.Мислам како си можел да седиш мирен и да си заспиеш слатко,слушајки го тропањето,без да станеш и да видиш што се дешава?Мислам не дека не,јас ти верувам ама да станеше ќе видеше кој тропа
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Е овај дел од филмот ти е тро нереален.Мислам како си можел да седиш мирен и да си заспиеш слатко,слушајки го тропањето,без да станеш и да видиш што се дешава?Мислам не дека не,јас ти верувам ама да станеше ќе видеше кој тропа
Aко станел да види кој тропа може сега немаше да ни раскажува :D :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom