45 ИНТЕНЗИВНИ И ДРАМАТИЧНИ МИНУТИ ЗА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕР НАД ХЕНДИКЕПИРАНИОТ РАБОТНИЧКИ
Апцев го реши шампионот
Пелистер - Работнички 87:78 (71:71)
(20-13, 17-17, 16-20, 18-11, 16-7)
Сала: "Младост" во Битола. Гледачи: Судии: И.Митровски - Ангелов - Терзиевски. Делегат: Макрадули.
Играч п 3п 2п 1п ск ас мин Играч п 3п 2п 1п ск ас мин
Петковски 16 2/6 5/8 0/1 2 2 23:26 ХАЏИБУЛИЌ 13 1/5 5/9 0/0 6 2 43:06
Анакиевски - - - - - - - МИРАКОВСКИ 13 1/4 3/4 4/4 1 7 44:42
ПЕТРОВИЌ 8 1/2 2/8 1/2 3 6 39:24
Ро.Димитриевски - - - - - - - ДИМИТРОВСКИ 6 2/13 0/0 0/2 3 5 44:43
АПЦЕВ 19 2/5 4/6 5/6 7 1 38:24 Митков 0 0/0 0/0 0/0 1 0 01:20
Крстевски - - - - - - -
ХЕЛД 18 1/4 6/14 3/5 13 4 42:30 ДОКУЗОВСКИ 16 3/6 2/2 3/3 3 1 29:36
Крстевски 3 1/3 0/0 0/0 1 0 07:40 Мирковски - - - - - - -
Биберовиќ - - - - - - - Талевски 0 0/0 0/0 0/0 0 0 00:01
Ре.Димитриевски - - - - - - -
ТАЛЕВСКИ 11 1/3 3/5 2/4 8 2 43:45 Дилберовски 4 0/2 2/4 0/0 3 1 18:32
ВОКИЌ 12 0/0 5/8 2/2 3 1 29:51 ЧЕКОВСКИ 26 1/4 11/14 1/3 16 2 43:00
Вкупно: 87 8/23 25/49 13/20 37 16 200 Вкупно: 78 8/34 23/33 8/12 33 18 200
На сличен начин како што го загубија мечот со Торус, кошаркарите на Пелистер триумфираа против десеткованиот шампион Работнички, кој во Битола допатува со само 9 кошаркари.
Ослабени "црвено-белите" од Скопје знаеја дека треба да се надминат себеси и практично со само 6 кошаркари во ротација да слават во Битола.
Лутите "пелистерци" одлично го отворија мечот и со пет поени по ред на Зоран Петковски први "се одлепија" (22:13) на почетокот на вториот период. Во прилог на добриот домашен старт беа и трите лични грешки на Димитар Мираковски, кои оневозможува репрезентативецот да биде мирен и луциден.
Но играта на Марин Докузовски се базираше на Ѓорѓи Чековски, кој во континуитет ги добиваше дуелите со битолските центри и во првите две четвртини постигна 17 поени, често и од втор напад. Тој го донесе пресвртот, па одморот скопјани отидоа со три поени предност.
Најлошиот период кај двата ривали беше третата четвртина, во која најмногу се грешеше, па дури и од слободните фрлања. Работнички имаше највисоки 53:60 во пресрет на последната четвртина.
И тогаш настана вистинска лудница, серија пресврти, па на крај и продолжение. Предноста од 7 разлика "зелените" ја стопија и во 35. минута Апцев израмни на 67:67. Од тој момент или беше нерешено или водеа кошаркарите на Благој Печалов. Александар Хелд со извореден инвидуален потег во 38. минута донесе комотни 71:67, но брзо возврати Хаџибулиќ. Потоа откако Ѓорѓи Талевски не реализира две слободни фрлања на 71:71, последниот напад го имаа гостите. Но тие во 24 секунди не изградија позиција за чист шут и мечот влезе во продолжени.
Во дополнителните 5 минути гостите беа неверојатно уморни заради константото играње, а Мираковски, Чековски и Марко Докузовски имаа по 4 лични грешки. Високиот центар прв погреши и на три минути до крајот ја заработи исклучувачката петта лична грешка. Петар Апцев ја презеде одговорноста и погоди трипати во клучната фаза. Кога Работнички имаше теоретски надежи за враќање во мечот на (- 4) Димитровски двапати утна од слободни фрлања и мечот отиде на страната на битолчани.
Најдобар овосезонски меч на Петар Апцев (19 поени), а кај гостите најефикасен Чековски со 26 поени. Прекин на серијата од четири врзани порази и насмевки на симпатизерите на зелената боја во студениот амбиент во салата "Младост".
Соколов остана во Скопје
Отсуството на Дарко Соколов во редовите на бранителот на шампионската титула, Работнички, дефинитивно имаше влијание на крајниот резултат. Поради висока температура репрезентативниот бек мораше да остане во Скопје.
Покрај Соколов во Битола не допатува и младите Маријан Тодоров и Горјан Марковски.
Апцев ќе го биде играч како што ми се гледа само со него и хелд ако бидиме во првите 6 добар резултат ќе биди :smir: