ДРАМА НА ДУЕЛОТ МЕЃУ СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР И ФЕНИ ИНДУСТРИ
ТРИЛЕРОТ, ЗА КАВАДАРЧАНИ
Свислион Пелистер - Фени Индустри 82:86
(18-18, 18-25, 10-19, 36-24)
Сала "Младост" - Битола. Гледачи: 700. Судии: Мицевски-И. Митровски-Ристовски. Делегат: Хорват - сите од Скопје
Играч п 3п 2п 1п ск. ас. мин. Играч п 3п 2п 1п ск. ас. мин.
ПЕТКОВСКИ 20 3/5 4/6 3/3 1 0 35:54 Мираковски 19 2/8 5/6 3/3 3 3 25:19
Манчевски 0 0/0 0/1 0/0 1 0 6:00 ПРЕКОВИЌ 2 0/5 1/1 0/0 5 5 37:36
Караџовски 9 1/3 2/3 2/4 3 1 21:32 Баснарков - - - - - -
Анакиевски - - - - - - - БРАУН 4 0/0 2/2 0/0 0 3 15:25
Апцев 0 0/0 0/0 0/0 1 0 6:23 КОЛ 25 3/6 7/9 2/5 5 1 30:05
-
Бендевски - - - - - - - Јанески - - - - - - -
ХЕЛД 6 0/0 1/7 4/4 4 2 25:34 Бошњак 0 0/0 0/0 0/0 0 0 3:49
Јовановиќ 20 0/0 8/12 4/4 4 0 19:39 ГОЦЕВСКИ 13 0/2 6/8 1/2 7 2 36:50
Стефановски 3 0/0 1/1 1/2 2 0 16:08 Ѓуров 2 0/0 1/3 0/0 0 2 12:19
МИЉКОВИЌ 7 1/3 3/4 6/8 2 4 26:36 Неделков - - - - - - -
ТАЛЕВСКИ 7 1/5 1/3 2/4 5 3 28:56 Михајловски 0 0/0 0/0 0/0 1 0 2:26
Захариевски 2 0/0 0/0 2/6 3 0 15:18 САМАРЏИЕВ 21 6/7 0/0 3/4 5 2 36:11
Вкупно: 82 6/16 20/37 24/35 26 10 200 Вкупно: 86 11/28 22/29 9/14 26 18 200
Само четири дена по завршницата на Купот кошаркарска Битола виде вистински трилер во гостувањето на шампионот Фени Индустри во спортската сала "Младост".
Со многу среќа во завршницата "портокаловите" на крајот си заминаа со минимална победа од 86:82.
Во првите 15 минути се играше така изедначено и цврсто во одбраната што ниту еден од двата тима не успеа да "се одлепи". Тогаш во игра влезе Ѓорѓе Јовановиќ и со шест врзани поени на "зелените" им донесе 34:27.
И кога многумина помислија дека битолчани на одмор ќе одат со минимална предност, се разигра Горан Самарџиев, со четири тројки го сврте резултатот (34:41).
Третиот период мина во знакот на Димитар Мираковски, кој со десет поени ја одржуваше па дури и ја зголеми предноста на кавадарчани на високи плус 16 (46:62).
Единствен кој во тие моменти не се предаваше кај "пелистерци" беше капитенот Зоран Петковски, кој погодуваше од сите позиции и го движеше мечот во драматична завршница.
Предноста од 14 разлика кавадарчани ја загубија со неумешни неизнудени грешки, но сепак во последните две минути има осетливи 70:77.
Тогаш завледее драматиката. По тројката на Миљковиќ и трите успешни слободни фрлања на Петковски со неверојатни 82:83 и напад за гостите се влезе во последната половина минута.
Самарџиев реализира само едно слободно фрлање и Свисслион Пелистер имаше напад дури и за победа.
На седум секунди со крајот Миљковиќ отиде на влез за израмнување, но топката не го посака, а судиите не досудија прекршок.
Така Доналд Кол со успешни изведени слободни фрлања ја осигура победата. Домаќинот уморен, а гостинот од Кавадарци со многу осцилации за малку ќе загубеше добиен натпревар.
По Фершпед Работнички, Фени Индусти е втората екипа која ги однесе бодовите од Битола во оваа сезона.
Иако Самарџиев според крајните бројки не е прв стрелец во таборот на гостите, сепак, постигнатите 21 поен и извонредната реализација од линијата за три поени 6/7 беа најзаслужни за новите два бода. Во веќе препознатливо светло се покажа Доналд Кол, кој застана на 25 поени.
На другата страна капитенот Петковски и Јовановиќ постигнаа заедно 40 поени, кои не се покажаа доволни за уште еден голем резултат.
З. Мишевски
МЛАДЕН МИКИЌ (СВИСЛИОН ПЕЛИСТЕР)
Заморот си го стори своето
"Потфрливме на отворањето на мечот со првиот дел. Неколку играчи не беа фит, други, пак, беа уморени од трите средби во завршницата на Купот, па поразот беше неминовен. Во последната четвртина реагиравме, имавме и шанса за победа, но не погодивме во последниот напад. Како и да е, одиме понатаму, н$ очекуваат уште многу важни натпревари".
ЕМИЛ РАЈКОВИЌ (ФЕНИ ИНДУСТРИ)
Извојуваме важна победа
"Мислам дека ја заслуживме победата бидејќи имавме водство и контрола на резултатот во текот на целиот натпревар. На крајот искомплициравме добиен натпревар, но, сепак, задоволен сум што извојувавме важна победа на жешкиот терен во Битола".