преработи страната на македонски спорт еве го целосниот текст
КФМ СО ПОТВРДА ДЕКА ЕКС-ШАМПИОНОТ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ПРВАТА ЛИГА
Струмица, сепак, ќе игра?!
Дали е на повидок пресврт, односно дали е можно во следната натпреварувачка сезона Првата лига да брои 10 екипи, односно онолку колку што беше планирано?
Веројатно е можно затоа што канцеларијата на КФМ во текот на вчерашниот ден добила позитивна најава од кошаркарскиот Југ.
"Да, добивме информација од Струмица во која се вели дека тие не сакаат клубот да згасне. Односно дека се подготвени да играат, ако треба и со јуниорска екипа која подоцна би била засилена со неколку странски играчи"- потврдува генералниот секретар на КФМ, Дејан Лекиќ.
Како што е познато од порано, 26 септември беше означен како последен термин во кој струмичани треба да се изјаснат околу евентуалното (не)учество во следната натпреварувачка сезона од Првата лига.
Комесарот за натпреварување, Томе Димишковски, ден порано изјави дека се потрошени сите опции околу опстанокот на некогашниот шампион во друштвото на најдобрите.
А и прашање е колку навистина во моментов може да даде Струмица како сериозен прволигаш, особено ако се знае дека пред извесно време актуелното раководство (она кое беше до крајот на сезоната) им даде одврзани раце на неколку играчи кои беа под договорна обврска (како Тасовски, Соколов, Крстевски), а странците се разбегаа.
Одговорот, веројатно, ќе го добиеме во овие два викенд- дена, а официјализирањето би требало да се случи на наредната седница на Здружението, закажана за 2 октомври, најверојатно во Куманово.
"Ова се некои нови моменти за сите нас. Ќе видиме во овие неколку дена. Сакаме да имаме цврсти гаранции околу тоа. Не е с$ само во желбите на поединци. Не смееме да ризикуваме, с$ да базираме на претпоставки. Во краен случај, за тоа ќе се расправа и на наредната седница на Здружението на Прва лига. Сите ние сакаме Струмица да биде дел од елитата, но мора да постојат (пред)услови за тоа да функционира во реалноста"- смета комесарот за натпреварување, Томе Димишковски.
ај поздрав и се надеваме дека и ви ке бидете дел од оваа сезона.:helou: