Да го потсетам јас на Фа малку да замолчи што пишуваше во весникот Вест :
Никогаш досега не се случило фановите на МЗТ ФОН да стивнат со песните уште по првото полувреме, а најголем виновник за тоа е кошаркарската машина наречена Струмица. Актуелниот првак ептен добро се загреа за Купот кој почнува задутре во Кавадарци со преубедлива победа над МЗТ ФОН, изразена со дури 50 поени разлика! А, ова беше највисокиот пораз на "металците" пред своите верни фанови во овие 16 баскет-сезони од осамостојувањето.
Мечот беше решен во првиот период кога Струмица почна фуриозно во нападот предводена од Латовиќ, Богоев и Тасовски. Подоцна им се приклучија Грнчаров и Пуповиќ, кој ја одлежа казната од четири меча суспензија, па бродот на МЗТ потона уште на полувремето. Највисоката предност Струмица ја имаше во средината на последната четвртина (52 поени), а 100-ката ја раситна по само три четвртини. Фановите останаа занемени од играта на својот миленик.
- Не личеше ова на кошарка. Како да имаа вода во ушите. Разговаравме по мечот и ги прашав ако проблемот е во мене, јас веднаш ќе поднесам оставка. Вината ја презедоа кошаркарите и веќе е сигурно дека ќе има казни. Или греење на клупата или парични казни. Отсега сакам да работам по мојот концепт и тоа ќе и го пренесам на управата - беше бесен тренерот на МЗТ, Марјан Лазовски.
Simply THE BEST