ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТРУМИЦА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА РАЗДЕЛБАТА СО ЈОРДАНЧО ДАВИТКОВ
Го послушавме народот!
"Ние, значи, раководството, клубот и навивачите сме едно. А кога видовме дека има 'краток спој' на релациите со навивачите, одлучивме дека се потребни промени" - вели Панајотис Карапиперис.
Јорданчо Давитков не го издржа последниот "притисок", поточно тензијата која се дигна по последните слаби резултати на шампионот Струмица.
По загубата на Купот на Македонија, потоа и поразите во првенството, раководството на Струмица беше во дилема што и како понатаму. Иако првично водечките луѓе беа да му се даде нова шанса на Јорданчо Давитков, изминатиот викенд беше последен за искусниот тренер на кормилото на актуелниот шампион.
Зошто, прашање директно до Пајанотис Карапиперис, првиот човек на "зелено-белите", од каде овој пресврт во размислувањата?
"Малку појаснување, ние овде, во Струмица, функционираме на еден помалку специфичен начин. Ние сме, живееме како едно. Кога велам ние мислам на раководството на клубот, играчите, тренерите, навивачите. За жал, во последно време не беше баш идеално, како што треба да е во една шампионска екипа. Имаше 'краток спој' на релација тренер-навивачи, кој избувна овој викенд. Ако се знае дека ние играме и правиме кошарка за навивачите, што се вели за народот, решивме да го послушаме народот. Односно да ја прекинеме соработката со Јорданчо Давитков. Му благодариме за с$ што даде за Струмица и одиме понатаму"- вели Карапиперис.
Тоа "понатаму" се вика Миодраг Кадија?
"Морам да признаам дека имавме неколку варијанти, кои сега не би ги обелоденувал затоа што би било некоректно кон новиот тренер. За него добивме највисоки можни препораки, дека се работи за еден исклучителен професионалец и пред с$ работник кој најголем дел од работното време го поминува во салата, на работното место. Сметаме дека имаме најдобри играчи, дека имаме најдобра публика, дека тоа го заокружуваме и со најдобар тренер во овој момент и дека тоа е добар или одличен предуслов да тргнеме во одбрана на титулата"- заклучува Карапиперис.
Б. Радуловиќ
Ne be Hristov nemalo vrska smenata so navivacite neli...ne be ne..ti imas druga pricina...taka lupas bez vrska samo ama aj...