НБА РИТАМ ЗА МАК-ШАМПИОНОТ ВО НОЕМВРИ
"Патувачкиот циркус" од Струмица пристигна во вашиот град, ако не го гледате денеска, следното гостување е за два дена во друг град".
Вака порано стоеше на плакатите кога во еден град доаѓа некоја циркуска претстава.
А "кошаркарскиот циркус" од Струмица деновиве ќе тргне на една долга турнеја, ќе влезе во еден пеколен период на одигрување, што првенствени што евро-натпревари.
Пласманот во второто елиминациско коло од ФИБА-Еврокупот на нашиот шампион создаде и дефинитивно нови, и тоа големи проблеми во календарот за натпреварување во Првата лига.
Со оглед на тоа дека се знаат термините на одигрување на оние дуели со Локомотив од Ростов, значи 20 и 27 ноември, уште "потесен" ќе биде распоредот за одигрување на првенствените натпревари.
Иако официјално синоќа беше комплетирано 8. коло, шампионот на своето конто има само пет.
А распоредот вели дека веќе в сабота му гостуваат на К. Соколи 2000 во Скопје. Веднаш потоа на 13 ноември ги чека "домаќинство" на МЗТ Скопје (одложен од 6. коло), а на 16 ноември (петок) гостување во репризата на ланското плеј-оф финале, против Фершпед Работнички.
Со оглед на тоа дека на 20 ноември го играат првиот елиминациски дуел со Локомотив (во Струмица), извесно е дека ќе мора да биде одложен дуелот од 210. коло со АМАК-СП воОхрид, за ден или два, останува отворено прашање. Веќе на 24 ноември струмичани треба да го дочекаат и Свисслион Пелистер, а три дена подоцна ги чека патувањето за Ростов и реваншот со Локомотив.
Среќа е што во 11. коло Струмица е слободна, па можеби тогаш ќе ги одигра оние одложени средби.
Сосема друга работа, која искрено ја посакуваме ќе биде доколку Струмица успее во обидот да го елиминира Локомотив, и "влезе" во оние четири групи од ФИБА-Еврокупот.
Дури тогаш следува "хаосот" во календарот кој ќе биде тешко да се "среди" од канцеларијата на КФМ, посебно што во тој случај, макар и како претпоставка, Струмица ја чекаат уште шест-евро-натпревари.
Дури сега се гледа "недогледувањето" на надлежините при кроењето на календарот иако тоа Јовица Арсиќ не сака(ше) да го признае кога беше прашан како понатаму во еден ваков НБА ритам.
Шефот на стручниот штаб,на Струмица пред с$ од куртоазија им се заблагодари на клубовите кои излегле во пресрет на нивните барања за одложување на натпреварите.
Но прашање е како Арсиќ ќе ја подготви екипата која во периодот од 8 до 27 ноември ќе треба да одигра дури осум натпревари? И премногу за една наша екипа колку и да е квалитетна.
Извесно е дека требаше, дека мораше, подобра реакција од Здружението и од комесарот при изготвувањето на календарот.
Вака излегува дека во КФМ не верувала дека Струмица може да го пројде првото елиминациско коло, момент кој никој не го посакува.
И ПОКРАЈ ДОЦНЕЊЕТО НА МАВРОВО, СТРУМИЦА УШТЕ ЕДНАШ ДОКАЖА ДЕКА Е ГОЛЕМ ТИМ
Конечно лесен меч и за шампионот
СТРУМИЦА - МАВРОВО 117:58
(27-13, 28-13, 34-15, 28-17)
Сала: "Парк" во Струмица.
Гледачи: 1000.
Судии: Крстевски-Бошковски - Митревски.
Делегат: Хорват.
Струмица: Богоев 9, Петков 18, Д.Соколов 5, Делиќ 4, Тасовски 10, Бошњак 16, Крстевски 9, Ангелакис 3, Пуповиќ 20, Т.Соколов 14, Грнчаров, Заев 9;
Маврово: Иљази 4, Јаневски 8, Саревски, Андриевски 18, М.Јаневски 12, Лалиќ 16;
Час и половина подоцна од предвидениот термин започна мечот меѓу Струмица и Маврово.
Поради финасиски проблеми, гостиварци во последен момент одлучија да отпатуваат во Струмица, каде шампионот уште еднаш покажа дека е голем тим.
Многу лесно, без размислување и со право Јовица Арсиќ и неговите момци можеа да го напуштат теренот и службено да го добијат натпреварот.
Струмичани се согласија да направат отстапка и ги почекаат гостите, кој пак во "Парк" дојдоа со половичен состав, поточно со шест играчи.
Што се однесува до играта нема што многу да се издвои. Шампионот уште на стартот го нематна своето темпо и на крајот славеше со убедливи 117:58.
Почетната серија од 27:13 беше вовед на средбата. Тимотн на Маврово едвај можеше да го следи брзиот ритам на шампионот, кој ниту во еден момент не дозволи противникот да се доближи.
Арсиќ сосема оправдано им даде шанса на сите момци кои се најдоа на клупата, кои освен повредениот Грнчаров се запишаа во листата на стрелци.
Во одлично издание се покажа младиот Ване Заев, кој постигна 29 поени и беше најголемото изненадување во искусниот состав на Струмица.
На другата страна Андриевски и Лалиќ се обидуваа колку толку да му парираат на шампионот.