[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Шампионот Струмица во новото првенство ќе настапи со изменет состав и со нов шеф на стручниот штаб. Од стандардните играчи од минатата сезона ќе недостасуваат центарот Златко Гоцевски и грчкиот интернационалец Кицулис. Но, управата на клубот, на чело со агилниот претседател Панајот Карапиперис, како засилувања ги донесе репрезентативците Диме Тасовски и Дарко Соколов, Србинот Латовиќ, Хрватот Делиќ и Ангелакис од Грција, а за шеф на стручниот штаб беше ангажиран нашиот нов селектор Јовица Арсиќ. Без оглед на реконструкцијата на екипата, во редовите на актуелниот шампион владее победничка атмосфера и амбициите се одбрана на титулата, освојување на Купот и што поуспешно презентирање на нашата кошарка во Купот на ФИБА. [/FONT]