Фискални сметки да или не?

јахутерминал

impressed by gay people
Член од
26 јануари 2007
Мислења
778
Поени од реакции
7
Треба да има фискализација, нејќам утре другиден да ме ограби некој. Ако нема фискална сметка, може колку што сака да ми наплати.
 
SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Фискалната сметка и фискализацијата Е еден добар чекор напред за нашата економија. Нормално е да сите кафичи кафулиња трафики продавници и остали поголеми објекти бидат снабдени и пуштени во употреба свој фискални каси...
Најновото е што и во такси компаниите се воведуваат фискални каси.
Сепак сум да има фискални каси..иако има уште мн. кој не ги користат воопшто тој број полека но сигурно се намалува:helou:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Знаете како... Од една страна е добра фискализацијата (пошо се плаќа данок) ама не ја оправдувам (сега за сега) од следните причини: работат луѓето, плаќаат кирија, има фирма, плаќа придонеси и тн... А некој зел (се вознал до Турција наполнал торбите со роба) се распостелил на улица ништо не плаќа и на крај на овај што плаќа му идат му го затвараат дуќанот за фискална каса. Треба да се вовде еден ред. Да нема такви ”улични” продавачи нека затвараат се живо и диво. А сметката... не сум глуп јас... Никој неможе да ме заколи и да ми наплати појке во математиките.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
јахутерминал напиша:
Треба да има фискализација, нејќам утре другиден да ме ограби некој. Ако нема фискална сметка, може колку што сака да ми наплати.
Грешно размислуваш. Не е тоа поентата на фискализацијата, и со фискална секој може да ти наплати колку сака и може да ја промени цената на производот исто како што на форумов кликаме "испрати". Намената на фискалната е ова.
 
јахутерминал

impressed by gay people
Член од
26 јануари 2007
Мислења
778
Поени од реакции
7
Мистичен напиша:

Види што сакав да кажам, знам што е поентата на фискализацијата ама битно е уште нешто, што гледаш колку е цената. Што мислам со тоа ако нема фискализација. На пример, влегувам во продавница земам млеко за 55 денари. Утре пак оди некој друг и му го наплатуваат за 100 денари? Прво не може секој ден да го менуваат, човекот што ги подесува цените неможе секој ден да иде?
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Не мора никој да иде, цените си ги внесуваат сами. Промена на цени на производи во широката потрошувачка има секојдневно, во супермаркетите на пример секојдневно стотина артикли поскапуваат, други сто поефтинуваат, се спуштаат на акција, нема секој ден човек да викаат. Ако сака некој да те закрпи низ таков пример, ќе те закрпи и со фискална, тоа не е никаква гаранција.

И незначи дека ако сметката не е фискална, цената не е точна. Разликата е што кај фискалните каси, секоја наплата се регистрира како дневен промет кој останува во фискалната меморија на касата. При евентуална контрола на даночните служби, се прави проверка на евидентираниот промет во касата и уплаќаниот промет како дневен пазар на жиро сметка. Значи, секое плаќање е регистрирано и нема мрдање, нема криење промет. Ако нема криење промет, нема криење данок. Ако има промет, има добивка. Ако има добивка, има данок на добивка. Има и ддв. Два сосема различни даноци.
 
Можеби е така, но јас како што знам повеќето продавници викаат човек да им внесува артикли и слично.
 
Бејко

unregistered user
Член од
14 ноември 2005
Мислења
222
Поени од реакции
1
уште нешто...
фискалната каса е замислено да биде поврзана со банка, од ко е воведена не знам дали до сега е поработено на тој план.
а за инспекцијата...
а кој да направи инспекција на инспекцијата, контрола на контролерите? пример: инспектор(к)ите врват на пазар и за да не пишат казни (ако сакаат кај секој може да најдат разлика |каса-промет|=20 денари) изнудуваат некое блузе, алиште, нешто за дома, ...
 
Член од
11 септември 2007
Мислења
188
Поени од реакции
10
Дајте бе луѓе не зезајте... Јас имам продавница и еве сеа ке зборам од искуство. Јас лично имам фискална каса,ама ја купивме од што мора,да не не казнат,иначе немаше да ја купиме. Прочитав таму погоре некој напишал,нејкам да ме крадат,сакам фискална сметка. Па некој ако решил да те краде,он пак ке те краде,само што ке ти ја пишува цената на сметката. Никој мене пример,не ми наредува колку да ги продавам производите,јас можам било кој производ освен тие на пивара Скопје,на Прилепска пивара и Цигарите колку сакам... Значи со фискализација,народот не добица ништо,добива државата у буџетот. Ако е државната економија како што треба,тогаш од тоа ке има профит и народот,ама бидејки не е,тие наши и ваши пари,одат у буџетот на Р.Македонија,кој што сите добро знаеме кој и зошто го троши. Предизборни кампањи,.па државни манифестации,па вила за премиерот ваму,па за некој министер онаму..... Тоа ти е....
 
^рЕтАрДиРаН

error: Invalid Title
Член од
14 август 2007
Мислења
292
Поени од реакции
0
Во поголемите маркети ти ја даваат сметката со кусурот така да мора да чекаш. А јебига, не те чини ништо ако побараш, некако по културно е кога ти даваат сметка.
 
Член од
25 ноември 2007
Мислења
68
Поени од реакции
0
имам фирма и издавам фискални сметки,плакам книговодител,кирија,струја......а во градот кај што живеам имам ,,конкуренција,,која работи во минимални и нехигиенски простории а за фискални сметки да не збориме.затоа кога ке слушнам инспекција се радувам.правда за сите треба да има.не може некој се да си плака а некој чиста пара да си вади.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
јас можам било кој производ освен тие на пивара Скопје,на Прилепска пивара и Цигарите колку сакам...
Малку ќе отидам оф топик, ама и на пиварските можеш колку сакаш.
 
Член од
21 јуни 2007
Мислења
1.446
Поени од реакции
10
Јас сум за да има Фискални сметни , пошо можат да ти земат здравјето без нив :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom