eci^^^ напиша:
Ne se somnevam deka na forumov ima iskusni arhitekti, studenti na arhitektura i takvi koi planiraat da bidat vo idnina studenti na arhitektonski.
Ajde da pozboruvame malce za Arhitktonskiot fakultet vo Skopje?
Dali nekoj studira arhitektura nadvor od Makedonija i kade?
Vrz sto se bazira vasata inspiracija za da bidete arhitekt?
*n0t*0rd!nary* напиша:
Интересна тема, барем за мене. И јас планирам да се запишам на Архитектонски, па ме интересира дали некој има некои информации за уписот, дали ке има тестирање и приемен или не, некој совет ...
Драги потенцијални колешки, јас сум студент на Архитектонскиот факултет во Скопје. Студирам веќе трета година.
Своевремено, кога на мене беше редот да ја донесам одлуката на кој факултет да се запишам, размислував за повеќе опции. На крај една по една се ретчеа се дури не остана само една. Зошто го одбрав Архитектонскиот факултет во Скопје?
Економско-практични причини: Најблиска школа за архитектура. Единствена во Македонија. Партиципацијата е варијабилна од година во година, меѓутоа за оној кој ќе се запише во квотата за студенти со надоместок, прилично е мала. Јас плаќам 200 евра годишно.
*постои опција студентот воопшто да не плаќа школарина, доколку покаже успех над 9.00 (или 9.5-не сум сигурен). И да, постојат и такви студенти. Се разбира, ова важи за студенти кои завршиле прва студиска година и покажале успех каков што се бара.
Квалитативни причини: Одбирањето на архитектурата како моја идна професија по дифолт не значеше и одбирање на Архитектонскиот факултет во Скопје. Се заинтересирав, и разгледав неколку можности, пред се во соседните земји. На крај, сепак одбрав да учам на нашиот Архитектонски Факултет. Пред тоа ја разгледав програмата на студии која ја нуди факултетот- горе долу за мене беше шпанско село
Како и да е, од тогаш одлучив дека ако еден ден почувствувам дека мојот факултет не ми нуди квалитет на образование кое јас го барам, ќе го завршам, па ќе си барам чаре за пост-дипломски студии некаде надвор од Македонија.
Меѓутоа, постои една вистина. Може да студираме каде сакаме. На колку сакаме јака школа. Едно важи - факултетот те носи до некаде. Понатаму, мораш сам. Со други зборови, ако пројавите интерес, амбиции и доволно љубов и правилен пристап, не се сомневам дека ќе бидете успешни студенти/архитекти/ луѓе, каде и да студирате.
Програмата за студирање ја немам при рака. Али ќе ја објавам деновиве.
Веб сајтот на архитектонски е
овој, меѓутоа воопшто не е одржуван и не функционира во моментов. Од кешот на гугл го извлеков
следново, се однесува на уписите од 2005/2006-та година, но може да ви користи.
Дали и годинава ќе има уписи, навистина не знам, али секаква нова информација која ќе дојде до мене, веднаш ќе ви ја проследам.
Па, како што би рекла комисијата за уписи на факс, "со желба да станеме колеги", поздрав.
Секое прашање на оваа тема со најголемо задоволство ќе ви го одговорам.:smir:
Се читаме.