Шизофренијата - состојба на мозокот или душевна болест?
Болеста што го добила името шизофренија за првпат ја опишал германскиот психијатар Емил Крепелин во 1980-тите години. Но, таа и натаму останува една од најтрагичните и најмистериозните душевни болести. Заболените слушаат гласови и честопати гледаат визии коишто го предизвикуваат најголемото измачување што може да го трпи едно свесно суштество: неспособноста да прави разлика меѓу реалноста и имагинацијата. За лицето заболено од шизофренија, гласовите и визиите звучат и изгледаат автентично како гласот што доаѓа од радиото или предметите што ги гледа во една соба.
Болеста не бира по економски статус, образование, географско место, а се појавува и онаму каде што постои љубовта на семејството. Ни докторите ни научниците не можат точно да предвидат кој може да стане шизофреничар. Причината е главно непозната. Иако болеста главно потекнува од невроните што претрпуваат некаков дефект за време на фетусниот развој, може да ги погоди луѓето и во поодминати години.
Која и да е причината, фреквентноста со која болеста се појавува кај луѓето не се изменила: шизофренија се појавува кај околу 1 отсто од населението веќе со децении откако научниците почнале да ја проучуваат. Секако, постои генетската предиспозиција, но таа не е надмоќна: кога еден од идентичните близнаци страда од шизофренија, во повеќе од половина случаи нејзиниот или неговиот близнак не се заболени од болеста. Лекувањето се подобрува, но лекот е далеку од видното поле.
Дијагностицирањето на шизофренијата може да трае и неколку години. Набрзо откако Тексашанската Андреа Јејтс призна дека едно по едно ги удавила своите пет деца во кадата за бањање минатата година, затворскиот психијатар дојде до дијагнозата дека таа боледува од постнатална депресија со психотични особености. До истата дијагноза дошол и психијатарот кој ја лекувал Јејтс во 1999 година откако се обидела да се самоубие. Бидејќи психозата - неспособноста да се разликува реалноста од имагинацијата - лежи во сржта на шизофренијата, и двајцата психијатри предложиле на Јејтс да и биде направен тест за оваа болест. Тестирањето го направи д-р Филип Ресник од Универзитетот во Кејс Ветсрен. Кога тој излезе како сведок во одбрана на случајот на Јејтс минатиот месец, сведочеше дека таа боледувала од комбинација на шизофренија и депресија кога ги убила децата. Во 1994 година по раѓањето на нејзиното прво дете, Јејтс рекла дека го слушнала гласот на Сатаната кој и рекол да земе нож и да го повреди бебето Ноа. Јејтс беше обвинета за убиство со умисла и доби доживотна затворска казна.
Доколку Јејтс е јавното лице за шизофренијата - ја опседнувале зли сили, слушала гласови - тогаш шизофренијата на Џон Неш е скриеното лице на болеста.
Како што е прикажано во филмот што го одби оскарот за најдобар филм "Прекрасен ум" болеста , барем во раната фаза, може да доведе до постигнување огромни чекори напред во проникливоста и креативноста. "Тоа е прекрасниот парадокс на шизофренијата", вели д-р Ненси Андресен, професорка по психијатрија при Универзитетот во Ајова. "Луѓето гледаат работи што другите не ги гледаат, работи кои главно не постојат. Но, бидејќи светот го перципираат на поинаков начин, понекогаш забележуваат некои работи - вистински работи - што нормалните луѓе не ги забележуваат".
Шизофренијата се карактеризира со постојаното присуство на најмалку два од долунаведените симптоми: илузии, халуцинации, честопати испрекинат и некохерентен говор, неорганизирано и кататонско однесување или отсуството на чувство и волја. Доколку илузиите се особено фантастични, или ако халицунациите се проследени со постојан коментар за тоа што личноста прави, или ако повеќе гласови водат разговор, тогаш личноста може да се квалификува како шизофрена. Во еден од подвидовите на болеста, кататонската шизофренија, пациентот честопати се чини дека е во вкочанетост, и дава отпор на сите молби и инструкции, бесцелно се движи, има чудно држење на телото, манифестира претерани гестикулации и гримаси.
Во случајот со параноичната шизофренија, пациентот е убеден во некои работи кои не соодветствуваат со реалноста, слуша гласови што не постојат или гледа работи кои постојат само во неговиот ум.
Ерик Вилијамсон (31) од Чикаго од шизофренија боледува веќе 15 години. Кога бил тинејџер имал стравови дека некој ќе влезе во неговата соба навечер и поради тоа често ја барикадирал вратата и бесел закачалки на прозорецот за да го предупредат во случај да се појават натрапници. Бил толку параноичен дека некој сака да го отруе што јадел само конзервирана храна. Во еден случај, кога мајка му поминала низ кујната додека тој јадел, се равзикал: "Зошто си ставила отров во супата?" Набрзо целосно изгубил допир со реалноста, па еднаш и рекол:"Види колку ми растат трепките. Тоа е зашто (братот) си игра со мене".
Невропсихијатрите успеале да утврдат дека овие халуцинации произлегуваат од дефект во мозокот. Во една студија што била спроведена во 1995 година истражувачите предводени од докторите Дејвид Силберсвејг и Емили Стерн од Медицинскиот факултет во Корнел заедно со колегите од Лондон работеле на скенирање на мозоците на шизофрениците додека имале халуцинации. Во моментот кога ќе прозборел замислениот глас или кога ќе се појавела визија, пациентот стискал на копче. Тоа им кажувало на научниците кога га обрнат особено внимание на скеновите и да бараат некаква невообичаена активност на мозокот. И нашле многу такви активности. Кога еден од пациентите рекол дека гледал бои како капат и расцепени глави, се активирале сетилните центри од мозокот што го обработуваат движењето, боите и предметите.
ШИЗОФРЕНИЧЕН УМ
Може да имате извонредни идеи, но многу е тешко да ги пренесете на начин што другите ќе го разберат.Друга заблуда во врска со шизорфенијата е креативноста.
"Со шизофренијата може да имате извонредни идеи, но многу е тешко да ги пренесете на начин што другите ќе го разберат".
Меѓу другото,кај многу генијални умови била дијагностицирана некој вид на шизофренија.Многу познати личности со или без дијагноза за шизофренија, манифестирале однесување што сега се поврзува со болеста.
Дејвид Хелфгот: Неговиот доктор вели дека славниот пијанист кој чудно зборува и необично се однесува страда од шизоафективно нарушување, а не шизофренија.
Васлав Ниџински: По шестнеделно непрекинато пишување во својот дневник рускиот балетан ја добил дијагнозата дека боледува од шизофренија.
Мери Тод Линколн: Сопругата на американскиот претседател Абрахам Линколн велела дека ја опсенуваат духови, шетала низ ходниците по хотелите во ноќница и шиела банкноти во внатрешниоста на нејзината облека за да ги скрие од можните крадци.
Зелда Фицџералд: Таа била хоспитализирана поради нервна исцпеност кога имала 27 години. Карл Јунг дијагнозирал дека има шизофренија по што ја лекувале со шок терапии.
Винсент ван Гог: Освен што си го отсекол увото, нестабилниот генијалец страдал од халуцинации и губење на сеќавањето, а во еден случај јадел и боја.
Салвадор Дали.....
Исто така постои и шизофренија само под дејство на алхохол,каде што луѓето се сосема нормални,а под дејство на алхохол се јавува нешто што докторите го објасниле како Шизофренија....
Во секој случај,кој како ја сфаќа шизофренијата. Постојат генијални умови(како што веќе спомнав) кои што "пателе" од оваа болест(да ја наречам),и биле ненормални гении, со пуно нови идеи и мнооогу креативни (го има и тоа погоре). Може е и начин да се изрази креативноста и инвентивноста на некој генијален ум. Како и да е,никогаш нема да сфатиме што се случувало во нивните мозоци...
A lot of things goin' on in their minds....