Али никој нема право да ти досаѓа на врата...... лицата мора да се најават по телефон.
Точно така!! И јас така размислувам. Еве што мене ми се случува: Пред секоја поголема „Слава“ ми ѕвонат на ѕвонче и по default, штом некој ѕвони треба да му отвориш. Отворам врата и .......„дали ќе крштевате вода за Петковден, Дуовден, Ѓурѓовден (во зависност од славата која следи) за да запишеме дали попот :pop:да помине да ви крсти вода.
Јас им одговарам дека ние сме Христијани и не крштаваме вода, туку луѓето ги крштеваме во вода.
А иронијата да биде поголема, кога попот :pop: доаѓа да крштева вода во мојава зграда, обавезно ѕвони и никако да ме прескокни (најверојатно бидејќи вратата од станот е нова, а останатите се постари, па си вели има пари овде).
Се чудам како еднаш не ме научија, и не ме оставија на мира?
И мојот заклучок е идентичен како твојот, дека
лицата мора да се најават по телефон. Ама еве не се најавуваат!!
Најверојатно изгледа затоа што не ми го научиле телефонскиот број или пак јас не сум им го оставил бројот. Но, во секој случај им кажувам дека не се пожелни да ми ѕвонат на врата. Од трката за заработувачка, забораваат да ме внесат во списокот на непрофитни лица, од кои што нема да имаат профит.
Која ситуација би била-кога секоја поголема конфесионална група (одобрена или не) би тргнала од врата до врата...хаос.
Точно така!!!
Еве
одобрена конфесионална група, ама сепак ми го ремети мирот!!! И не само мене и на мојата фамилија, туку и на уште неколку други фамилии во спротивната зграда, кои сме Христијани и кои што не сакаме попот :pop: да ни крштава вода, бидејќи единствено луѓето треба да се крштеваат во вода, а не водата да биде крстена од луѓе.
Тоа е тоа, што може да се прави, нема лутење!!! Тие ќе ѕвонат, јас ќе им отварам.......и така со ред, пред секоја поголема слава.
Со почит, Госпел.