И ја сум чувала све мачори, и тоа све големи љубовџии, ама вакво нешто немам видено. Сум слушнала дека кај мачките е нормално да ги дават туѓите мачиња (ама само док се многу мали) со цел да ја ослободат мајката која по губењето на породот практично веднаш влегува "у фаза" а све со цел да создадат свое потомство.Бидејќи темава е за мачки, тука ќе го поставам прашањево. Имам мачор-2 години стар, го чувам уште од пред да прогледа, бидејќи мајка му ја удри кола кога беа мали(4 беа вкупно, сега го чувам само него). Кога беа мали (лето 2008) ги чувавме преку ноќ во летна кујна, а преку ден скоро цел ден беа во задниот двор од куќата, значи беа навикнати да бидат надвор. Од кога почнав да го чувам само него, го прибирав дома и стално го чистев затоа што нормално прљав се враќаше а не можеше да помине ден без да излезе (пробав и песок му ставив дома, од тој за мачки посебен, ништо не помага). Се случувало и цели ноќи да остане надвор, односно повеќето топли ноќи е надвор. Се враќал често изгребан и со рани, затоа што не е кастриран, а сега им беше сезона на парење.
Е сега проблемот...пред 2 месеца сабајле се будам и во задниот двор го глеам мачоров со мало мртво маче во уста (лови стално, гулаби и глувци, иако секојдневно го ранам). Го земав и го фрлив мачето и бев многу изнервиран, ама си викам, ај ваљда тоа им е инстинкт, дека сезона и слично (мачето отприлика 2 месеца беше). Денес сабајле, пред врата едно маче мртво изгризано околу врат, и остатоци од друго маче (задните нозе и опавчето само...да, го изел?!?!?). Не сфаќам, незнаев дека мачките се јадат меѓу себе. Не е дека е гладен, стално е пун. Иначе мачорот отсекогаш бил многу мил со луѓе, стално се местел да се гали, ќе седнам на фотеља, одма трча и он до мене да седне, никогаш не гребел и не напаѓал.
Стварно незнам што да правам, пишете, затоа што ова многу ме загрижува, многу ми беше тешко со таков призор пред врата...
Сепак мислам дека мачето ти е нормално (додуша можда не целосно нормално според мачји стандарди-можда важи за некој психо убица на мали мачиња меѓу мачките ), ал све док е галлив со вас, све је ОК. Шала на страна, можда (и то скоро сигурно) твојов мачор је главна батка у мало и за тоа место можда се иборил скоро. Сега прави место за себе. Толку.
Чувај си го и сакај си го исто ко и пре, и купувај малце повеќе дезинфекциони средства.