Мачки (општи дискусии)

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Ми треба помош.

Мачката ми е стара 7 месеци и по прв пат се разболува, заболени и се ]крајниците, на секој саат ја чистам од лиги, а и несака/неможе да јаде. И давам антибиотик, се распрашав и ми рекоа колку и како, таман е.

Е сега, дали некој имал искуство такво и како можам да делувам во ситуацијава?
Исти случај имав и со моето маче. Како што ти кажа Кика претходно, иако не прифаќа да јаде давај му млеко со помош на шприц. Ќе пребира ама, еден ќе му ја отвори устата а друг ќе му шприца, ама со мера да не го удавиш :):) Исто ќе правиш и со апчињата, ќе му ги раствораш во млеко и со шприц. Ние му дававме по две половинки на ден, што значи едно апќе на ден, и така едно десетина дена и од скоро мртва положба, мачето целосно ни живна :):)
Ако сакаш на ветеринар ќе ти се фати малцџе скапичко, мислам дека е по 500-600 денари за преглед ако се сеќавам убаво :)

Еве уште некоја слика од Мемо како ми седи на ТВ :)
http://http://www.forum.kajgana.com/album.php?albumid=2453
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Веднаш да ја носиш на ветеринар.
Со шприц ке и даваш млеко ако одбива со сила ке и даваш немој друга храна да и даваш бидејки и онака нема да ја јаде. Ако знаеш дека и се крајниците со сигурност, тогаш ке земеш антибиотикот во млеко ке го раствориш (ОСПЕН,АМОКСИКЛАВ;АУГМЕНТИН). ПАРАЦЕТАМОЛ никако зашто не е добар за нив .За температура може Аналгин да и даваш или Андол исто растворен.
Али најдобро е на ветринар зашто ке и стават инфузија и преку инфузијата ке и стават лекарства.

Исти случај имав и со моето маче. Како што ти кажа Кика претходно, иако не прифаќа да јаде давај му млеко со помош на шприц. Ќе пребира ама, еден ќе му ја отвори устата а друг ќе му шприца, ама со мера да не го удавиш :):) Исто ќе правиш и со апчињата, ќе му ги раствораш во млеко и со шприц. Ние му дававме по две половинки на ден, што значи едно апќе на ден, и така едно десетина дена и од скоро мртва положба, мачето целосно ни живна :):)
Ако сакаш на ветеринар ќе ти се фати малцџе скапичко, мислам дека е по 500-600 денари за преглед ако се сеќавам убаво :)

Еве уште некоја слика од Мемо како ми седи на ТВ :)
Со шприц му давам антибиотик, од завчера, еве сега уште малце ќе му дадам пак, нели правот растворен со млеко, преку шприц. Денеска е многу подобра мачката, си игра а и јадеше мноогу месо. Ќе се оправи :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Со шприц му давам антибиотик, од завчера, еве сега уште малце ќе му дадам пак, нели правот растворен со млеко, преку шприц. Денеска е многу подобра мачката, си игра а и јадеше мноогу месо. Ќе се оправи :)
Браво мило ми е што релативно брзо оздравела :) Само откако мене ми оздраве мачето и кога почна пак да јаде месо, знаеше да го поврати :) Така да некој период давај му од храната за мачки, млекце и слично :)
 
Член од
12 јануари 2010
Мислења
130
Поени од реакции
4
Интересни животинчиња се мачките.Еве ова моето кога ќе ме види нерасположена, уморна ми седнува у скут, почнува да преде и некако ми ја враќа позитивната енергија кога го слушам :)
А инаку срцка е, никого нема драснато, не каса, легачи по цели денови и обожава да се мази ..


и да.. се вика Марко :)
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Q: Можно ли е мачкава моја стара осум месеци да роди? Пошто, нели период на парење им е сега, нон стоп ја бркаат мачори, а и ја фатив на дело два три пати, срамотилак! :pos:
 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Незнаев на која тема да пишам, па ајде се одлучив да биде овде, бидејќи се работи за мачки. Дали има некој или пак познавате некој кој што подарува мало маченце?
Или некој совет, од каде би можела да најдам?
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Незнаев на која тема да пишам, па ајде се одлучив да биде овде, бидејќи се работи за мачки. Дали има некој или пак познавате некој кој што подарува мало маченце?
Или некој совет, од каде би можела да најдам?
Постави пред врата континјер, за 5 мин имаш какво сакаш, боја, раса, големина... Шала :)
Погледни низ огласи за животни или во темата.
 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Член од
20 март 2009
Мислења
68
Поени од реакции
5
Бидејќи темава е за мачки, тука ќе го поставам прашањево. Имам мачор-2 години стар, го чувам уште од пред да прогледа, бидејќи мајка му ја удри кола кога беа мали(4 беа вкупно, сега го чувам само него). Кога беа мали (лето 2008) ги чувавме преку ноќ во летна кујна, а преку ден скоро цел ден беа во задниот двор од куќата, значи беа навикнати да бидат надвор. Од кога почнав да го чувам само него, го прибирав дома и стално го чистев затоа што нормално прљав се враќаше а не можеше да помине ден без да излезе (пробав и песок му ставив дома, од тој за мачки посебен, ништо не помага). Се случувало и цели ноќи да остане надвор, односно повеќето топли ноќи е надвор. Се враќал често изгребан и со рани, затоа што не е кастриран, а сега им беше сезона на парење.
Е сега проблемот...пред 2 месеца сабајле се будам и во задниот двор го глеам мачоров со мало мртво маче во уста (лови стално, гулаби и глувци, иако секојдневно го ранам). Го земав и го фрлив мачето и бев многу изнервиран, ама си викам, ај ваљда тоа им е инстинкт, дека сезона и слично (мачето отприлика 2 месеца беше). Денес сабајле, пред врата едно маче мртво изгризано околу врат, и остатоци од друго маче (задните нозе и опавчето само...да, го изел?!?!?). Не сфаќам, незнаев дека мачките се јадат меѓу себе. Не е дека е гладен, стално е пун. Иначе мачорот отсекогаш бил многу мил со луѓе, стално се местел да се гали, ќе седнам на фотеља, одма трча и он до мене да седне, никогаш не гребел и не напаѓал.
Стварно незнам што да правам, пишете, затоа што ова многу ме загрижува, многу ми беше тешко со таков призор пред врата... :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom