Абе споредба што вришти, што да ти расправам. Туку кога сме кај тие епитети, јас би ги наредила обратно. Но, ај прво од тебе да почнеме ... каква логика ти има месојад да моли? Незнам ти што претстава имаш пред очи кога го пишуваш тој збор, ама јас замислувам некое диво животно кое не прашува, а уште помалку моли за да го изеде тоа што сака. Тревопасните исто, ама барем не уништуваат нешто живо, а и може потоа да ги разгледаме ... првово е почудно.
Ние не се разбираме според овој муабет. Ти си поставуваш некои дефиниции кои не ти ги разбирам ама ич. Од кај тоа дека девојка без квалитет може да си дозволи луксуз некој да ја "моли"? И уште понејасно ... од кај тоа дека ако некој ја "моли", таа му го крши срцето? Со што? Со самиот чин или го мачи па го остава?
А секако нечијата издржливост не е мерка или пресуден фактор за влез во мојот живот, ама па ни два збора не се.
Прво, молењето е секако во преносна смисла. Кога месојадот (момчето) моли, тоа значи дека тој приоѓа некаде и бара начин како да освои (изеде). Ниедна зебра не доаѓа кај Лавот, тој ја брка неа. Сеедно, нема потреба од споредби со џунглата...
Молењето веројатно сеуште го разбираш како чин каде некој клекнува на колена и вика аман за аман “дојди да се... кхм“, а всушност тоа е само општествено коректен збор, а и подобар не ми текнува искрено.
Второ, два збора во ничиј живот не се пресудни. Но заинтересираноста твоја е добро да се покаже а не да се сокрие намерно, за момчето да има поголема инспирација да се труди да го извлече на виделина тоа интересирање.
И како поинаку би го нарекла тоа условно малтретирање освен кршење на срцето? Девојка која се прави недостапна во ситуација каде е заинтересирана само за да му даде на момчето повод за уште поголем мотив за да ја освојува е кршење. Ајде, нека не биде кршење срце, нека биде налудничавост на девојката, може?
~windy~ напиша:
Како и да е, некако и зборчево "молење" не ме бендисува! Очигледно различно се поима од машките, различно од нас понежните
Читнав малку погоре и гледам повеќето жени форумџики се изјасниле дека не сакаат молење ама сакаат трудење! Ахам, значи да не ги поистоветуваме терминчињава! Оукеј!
Сепак, мене ми е заемна работа, труд или што и да е целиот тој процес, за фидбекот да биде задоволувачки за двајцата! Не може само едниот да се труди, во случајов машките се тие кои потат 'гз, а девојките да седат нога преку нога вртејќи со прстето розева мастика!
Затоа и мажи и жени на работа, на труд!
Никого не го бендиса зборчето.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Ама ете, не најдовме посоодветно од старт и ја срендав работата. Но, ако веќе мора, тогаш трудот за девојка и молењето е исто. Човек треба да се труди за парче леб или за повисоко образование, но за девојка... не. :nenene: Да не ме сфатиш веднаш погрешно, не мислам на гледање ТВ додека таа пегла, но сликата каде таа си игра недостижна или фина и поштена, за тој да треба да и купува цвеќиња ми е одвратна. Цвеќе се купува од веќе стекната љубов, бидејќи сака да ја изненади и израдува, а не за да не ја загуби. Добивањето и губењето девојка е склоп на многу околности, а првата и основната е компатибилноста на карактерот.
И да, на крајот, тоа е взаемна работа, токму тоа сакам и да го потенцирам. Лажењето за да се потенцира недостапност е грдо. Затоа и на почеток имам напишано, откако сте лажеле, бидете сигурни дека тоа еден ден ќе ви се врати. И тоа од истиот оној кој сте го лажеле. И истото важи во обратен правец, да не искочи дека сум тотален шовинист.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)