Давање отказ

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Дали некогаш ви дошло толку преку глава од работното место и фирмата во која работите и сте си рекле "Аааа, ќе ти ебам, ќе си дадам отказ"? Без сомнение многумина од вас помислиле, но сигурно многу малку го направиле тоа. Што би било исправно да се направи во таква ситуација, кога хронично почнувате да си ја мразите работата, фирмата, колегите (гомнарите со кои работите), шефовите (дебилите кои напредувале со пушење курови и лижење г'зови и кои психички ве малтретираат секојдневно), ама кога ова хронично трае подолго време? Да чекаш уште со надеж дека ќе се решат проблемите, да ќутиш и да си бркаш работа бидејќи најважна е платата која е редовна, да ќутиш додека не си најдеш ново работно место па да дадеш отказ, или да отераш се по список, да си дадеш отказ и да си бараш ново работно место бидејќи ако не направиш така никогаш нема да си најдеш нова работа?

Што е поважно, редовната (не многу висока, ама пристојна) плата или ризикот да останеш невработен и во потрага по работа која нема да те прави хронично нервозен?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Правилната одлука е секојдневно листање весници и интернет и барање подобра работа. За тоа време трпиш. Кога ќе најдеш замена за мизеријата во која живееш, одиш кај шефот и му објаснуваш сочно зошто даваш отказ... Ако те привлекува сепак животот под мост, спиење на картонска кутија и хранење во елитните контејнери, можеш да го направиш тоа веднаш... :wink:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Не ги мрзам, никад не сум ги и никад нема да ги....Мене ич не ми чуе за тоа дали некој „претпоставен” ќе ме тормози на работа или не...тоа што е моја обврска, тоа си го работам, за друго уопште не ме интересира, а ако решам да дадам отказ, неможе ништо да ме одврати од тоа...ниту па би се каел...Секогаш кога најмалце очекуваш ти излегува некоја убава работа...Јас сум задоволен што работам со фини луѓе во мојата поблиска околина, па тоа ги потиска оние ружните работи кои можат да те извадат од колосек...Затоа, ниедна диплома и ниеден „зекуле” неможе да ми изигрува некаква возвишеност...без разлика што носи некоја поголема функција од мене....може да ми рече да направам нешто во домен на моите обврски, ама да ме праќа по цигари и тн...мало морген! Не сум баш некој послушен работник, ама сепак сум работник и си ги исполнувам должностите...Ако тоа ми е извршено како што треба, не се секирам за ништо...


П.С. Зголемете ми ја платата бе ало!!!! :pos: :pos:

П.П.С. Мистик, се мислиш да мењаш работно место или? :)
 

SeaGull

Walter
Член од
17 мај 2005
Мислења
763
Поени од реакции
9
Sto se odnesuva do pretpostaveni i kolegi, ne sum se karal so nikogo do sega ...
Inaku, da, ja napustiv prethodnata firma, iako imav dosta visoka pozicija i oooooodlicna plata, na redoven sostanok koj go imavme sekoj ponedelnik nautro so sopstvenikot na firmata (privatna firma so preku 130 vraboteni) i so rakovoditelite im kazav deka od "utre" veke ne sum na rabota. Za mene kako najmlad vo prostorijata bese mnogu normalno toa, ama za ostanatite ne. Pa doagjaa doma vo narednite 10-tina meseci da me molat da se vratam, so predlozi za povisoka pozicija, plata, itn itn itn ... ne e ni vazno toa sega veke.
A toa bese period koga se rodi sin mi, zena mi bese nevrabotena i sto e najvazno, nemav najdeno nisto. Ama, ne mozev poveke da sedam tamu. Ziveev preprodavajki i odrzuvajki kompjuteri i pravejki proekti za nevladinite organizacii.
I sedev doma bez rabota nekoi 9-10 meseci, pa izleze odlicno, se vrabotiv vo prekrasna kompanija posle toa :)
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Мистичен напиша:
Што би било исправно да се направи во таква ситуација, кога хронично почнувате да си ја мразите работата, фирмата, колегите (гомнарите со кои работите), шефовите (дебилите кои напредувале со пушење курови и лижење г'зови и кои психички ве малтретираат секојдневно), ама кога ова хронично трае подолго време? Да чекаш уште со надеж дека ќе се решат проблемите, да ќутиш и да си бркаш работа бидејќи најважна е платата која е редовна, да ќутиш додека не си најдеш ново работно место па да дадеш отказ, или да отераш се по список, да си дадеш отказ и да си бараш ново работно место бидејќи ако не направиш така никогаш нема да си најдеш нова работа?

Што е поважно, редовната (не многу висока, ама пристојна) плата или ризикот да останеш невработен и во потрага по работа која нема да те прави хронично нервозен?
Го имаме истиот проблем ... ама баш истиот. Малку шубе ме фати кога слушнав на тв дека тоа хронично мразење на работата и се` што е поврзано со неа е почетен симптом за незнам каков тежок стрес, кој може да заврши доста лошо по нас.
Во таков случај, (без оглед на ова што го слушнав пред некој ден) јас сум за напуштање на работата. Поважно е да останеме здрави отколку да имаме некоја редовна пристојна плата, која ако сме упорни, сигурно ќе си ја добиваме пак од некое друго, за нас подобро работно место.
Мистичен, јас си собирам парталите по малку и се спремам да трошам енергија на нешто кое повеќе би ме исполнило и сакам да го работам, а мислам дека треба и ти тоа да го направиш ... не се сомневам дека лично ти би останал на улица, па тоа би било од мене ...:toe: :salut: :smir:
 

ts

Член од
5 февруари 2007
Мислења
18
Поени од реакции
1
epa mislam vo ova ludo vreme na "GAZDI" moze samo da si kutime da pcueme vo sebe i koga ke si otideme doma da se ispukame na onie sto mozeme.za ZAL:toe:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Јас го имам искуството да го направам она од првиот дел на постот на Мистичен, и тоа двапати!
И буквално, велам „ај преку кур веќе” и станувам и си одам. И готово! И секогаш сум се снаоѓал за нешто ново.
И никогаш не ќутев. Си одев со се изнакажано. Се што ми лежело на душа! Мора да има нешто поарно од тоа што сум го оставил, и имало!

П.С: Додека не си сам свој газда, такво е!
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
ts напиша:
epa mislam vo ova ludo vreme na "GAZDI" moze samo da si kutime da pcueme vo sebe i koga ke si otideme doma da se ispukame na onie sto mozeme.za ZAL:toe:
Ова ти е веќе втора фаза на деструкција, деструкција на околината...зашто првата веќе си ја поминал - деструкција на личноста.
Ако не си свесен за тие „фази„....бегај подалеку од она што го работиш:helou:

Нема сила која ќе ме задржи на некое работно место, ако за мене претставува било каква деструкција, без оглед на цената - овај, платата и то :toe:
 

dLt-Ed

молчењето е злато
Член од
29 јануари 2006
Мислења
126
Поени од реакции
3
Dva pati imam napushteno rabotno mesto. Prviot pat, dosta pomlad, na 19god. i toa striktno poradi shefot i negovoto gnjavenje.
Vtoriot pat, posle 4 godini rabota i odlichna pozicija so dobra plata, ednostavno rekov ne sakam poveke da se nerviram, i da sum pod stres za nechii tugi greshki. i si otidov. Preku glava mi beshe da go jadam stapot radi toa shto nekoj drug go mrzi ili si gi zaborava rabotnite zadachi. Od denot koga reshiv, dadov two week notice, i bye bye.
I podobro... firmata momentalno poleka paga u dolgovi, a jas si najdov neshto shto poveke mi odgovara, i u plus si imam poveke slobodno vreme.
Sovet: Prvo proceni shto ke izgubish ako si otidesh, pa posle shto se mozebi ke dobiesh :)
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
sagaqua напиша:
Ова ти е веќе втора фаза на деструкција, деструкција на околината...зашто првата веќе си ја поминал - деструкција на личноста.
Ако не си свесен за тие „фази„....бегај подалеку од она што го работиш:helou:

Нема сила која ќе ме задржи на некое работно место, ако за мене претставува било каква деструкција, без оглед на цената - овај, платата и то :toe:
-Mnogu se soglasuvam so ova!
Nema sila sto ke me zadrzi na rabota ako taa rabota mi sozdava napnatost. Do sega dva pati sum dal otkaz na epten dobro plateni mesta, cenata bila skapa, tesko sum nasol rabota povtorno, ama barem dusevniot mir i licnosta sum si gi zacuval, kolku - tolku.:toe:
 
P

Princ

Гостин
Јас пред 6 месеци ја напуштив работата што не верував дека некогаш ќе ја напуштам. Онака, очекував дека од таму и пензија ќе излезам. Многу проблеми, многу стрес, додавање на нови и нови должности... Една вечер додека заглавив на работа по незнам кој пат, си реков давам оставка. Сосема случајно улета претпоставениот во канцеларија и му го кажав тоа. Не ни размислив повише за тоа, не разговарав со никого, не прифаќав да го сменам мислењето... туку си отидов. Денес таа фирма умира (уште четворица од осуммина си отидоа после мене), слушам за двајца од тие четворица веќе нема ни плата, а јас 6 месеци седам дома и правам пари повише од таму што сум зимал со малку труд, кога би се трудел повише и дупло би правел. Се е до одлучноста, и среќата после одлучувањето.
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Тој ден кога одиш на работа со креч во стоматокот , тој треба да е последен .Поминуваме поголом дел од денот на работа и треба да сме задоволни со работата. По мое ок е извесен период и стрес и повеќе обврски ама после да ома награда за тоа , да не се осекаш искористен.
И најбитно да има разбирање и комуникација , ако нешто смета одма да се кажи и реши , така нема никогаш да дојди до голема кавга .А за работа секогаш има работа за тој што сака да работи
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
Не ретко се случува кога се затворат едни врати, да се отворат иљада други.
Не треба да се гледа на давање отказ како на крај на светот, впрочем боље да одседиш малку дома и да си побараш нешто што ке те исполнува, версус седење некаде кај што би фрлил шефот низ прозор, а особено доколку платата баш и не е на особено мотивирачко ниво.Со сила да останеш на "шљака" која што не ја сакаш сигурно ке има контра-ефекти на подолги стази.

Работа ти е како интимна врска, или оди, или дај друго дете, но не заборавајте дека треба да се биде професионален и кога даваш отказ, дај им две недели време да најдат друга особа и сл, ке знаат да го ценат тоа.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Gravity Grave напиша:
Работа ти е како интимна врска, или оди, или дај друго дете, но не заборавајте дека треба да се биде професионален и кога даваш отказ, дај им две недели време да најдат друга особа и сл, ке знаат да го ценат тоа.
Не биди сигурен дека сите знаат да го ценат тоа. Ќе рече после дека те држел затоа што сакал услуга да ти направи, не мислејќи на тоа дека и самиот си правел услуга ако си бил добар работник. Ова само пример.

Иначе, ми дошло преку глава од некои ситуации, ама сум толерирала не толку поради редовната плата, туку поради тоа што сум се приврзала за работата, сум ја сакала, сум имала волја да работам и сум давала се` од себе. Многу ми е потешко да се одлучам да дадам отказ кога знам дека си ја гледам работата како што треба, па качувањето на глава се трудам да го толкувам како ситница. Секако дека се собира, па еден ден ќе се прашаш што бараш таму кога постои неправда. Не сум тип на човек кој постојано се жали дека некој е неправеден, бидејќи сметам дека нормално е да има и мрчатори кои успешно ќе ти расипат барем еден момент од денот. Ама доколку тоа се случува често, ќе ти дојде преку глава.
Е лошо е кога веќе работата ти станува измачување, стануваш за на работа и не ти се оди, едвај чекаш да излезеш од местото и да го опуштиш мозокот и да се одмориш од самата атмосфера, да не ги гледаш лицемерните колеги кои си гледаат само за себе и го нагласуваат тоа дека треба да згазиш за да успееш. Тогаш веќе треба да мислиш на себеси, да ги прекинеш можностите за стрес кои влијаат без да сакаме.
Најмногу ме нервира кога некој се прави способен газда, а нема основно ниво на комуникација со вработените, а особено кога не знае да ја цени сета пожртвуваност на работникот кој работи како за своја фирма.

Само, јас сум мутава кога се работи за трпење и премногу толерирам, секогаш се надевам дека искрено некој ќе ја цени мојата работа, чесност, среќа кога оди работата, а не само поради свој интерес. И секогаш кога е доцна ми текнува дека секој гледа за себе. И никогаш не сум барала во меѓувреме работа доколку сум незадоволна. Месец дена предвреме сум кажувала дека ќе напуштам (никогаш поради друга работа, до сега други биле причините), за да бидам фер и да си најдат во меѓувреме нов работник, сум се понудила да помогнам во обучување на новиот додека навлезе во шема. Но, и тоа не се ценело, ќе дојде ден кога ќе сфатиш дека четири месеци чекаш одговор на едно единствено глупаво прашање. Глупаво е што очекувам ако сум фер да ми вратат со фер однос.
Мистичен напиша:
Што е поважно, редовната (не многу висока, ама пристојна) плата или ризикот да останеш невработен и во потрага по работа која нема да те прави хронично нервозен?
Кога објективно ќе размислам, подобро да си невработен и да ја употребиш сета енергија и способност да најдеш нова која нема да те нервира, отколку да трпиш поради платата. Кога ќе ја земеш платата ќе ти биде онака кул, ама никогаш целосно нема да бидеш задоволен затоа што ќе ти текне што се` си трпел за тие неколку илјадарки во раката. Секако дека ќе се нервираш и додека бараш и не најдеш работа, но интензитетот на нервозата според мене не може да се мери меѓу првата и втората ситуација. Наместо нервозите на работа да ти ја цицаат енергијата, можеш да ја насочиш кон барање нова работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom