Visual basic програмирање

Член од
14 февруари 2007
Мислења
24
Поени од реакции
1
Јас не гледам никаква причина зошто да не се почне со Visual Basic... Или со C++ ... Ако почнеш со VB научи ги основните типови на податоци, контролни структури, изрази, некои од својствата на најкористените кориснички контроли во VB... Откога ќе се усоврши ова, може да се почне со учење на поимите во објектно ориентираното програмирање (класи, објекти, својства, наследност итн), користење на Windows API функции, OLE...
Истото е и со C++... Се почнува со изработка на конзолни програми, се учи за типови на податоци, контролни структури, покажувачи, се изучуваат најкористените објекти и функции и тоа... Потоа може да се почне со подетално изучување на концептите во објектно ориентираното програмирање... После ова, може да се почне со пишување на графички програми, со користење на Windows API функции, MFC, ATL итн...
Ова е лично мое мислење, не значи дека мора да е така...
 

bad_boy

Шчо САќАШ Мори
Член од
25 јануари 2007
Мислења
292
Поени од реакции
6
Не ми е тешко, напротив заради желбата се повеќе и повеќе напредувам.Туку за проблемов решение???нема никаде маус овер!
 
Член од
14 февруари 2007
Мислења
24
Поени од реакции
1
Убаво ти објасни ilefx... Ај пак ќе ти објаснам...
Случката (event-от) MouseMove на Image контролата, се јавува кога со покажувачот си врз контролата Image. На оваа случка, смени ја сликата која сакаш да ја има Image контролата кога со покажувачот си врз неа... На случката MouseMove на прозорецот на кој се наоѓа Image контролата, смени ја сликата која сакаш да се прикажува кога покажувачот не е врз сликата... Ок?!
 

bad_boy

Шчо САќАШ Мори
Член од
25 јануари 2007
Мислења
292
Поени од реакции
6
Сваќам се менува сликата.На пример имам слика 1.Таа си е онаа која треба да си стои кога не сум врз сликата.Е сега со mouse move се појавувба да речеме слика 2.Е сега кога кје го тргнам поинтеров од сликата си останува слика 2, а јас сакам да остане слика 1!

сега ваљда ќе ме разберете!
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
CyberLord напиша:
Случката (event-от) MouseMove на Image контролата, се јавува кога со покажувачот си врз контролата Image. На оваа случка, смени ја сликата која сакаш да ја има Image контролата кога со покажувачот си врз неа... На случката MouseMove на прозорецот на кој се наоѓа Image контролата, смени ја сликата која сакаш да се прикажува кога покажувачот не е врз сликата... Ок?!
Со ова ќе блокираш и програма и се!!! т.е. нема да блокира, но рачунај на секое движење ќе менува слика


Еве повели тоа што го бараш!
Стави само еден PictureBox што се вика Picture1, промени ги место слика1 и слика2 локации на твоите слики (по можност релативни) и шибај :)
Код:
Option Explicit
Private Declare Function SetCapture Lib "user32" (ByVal hwnd As Long) As Long
Private Declare Function ReleaseCapture Lib "user32" () As Long
Private Declare Function GetCapture Lib "user32" () As Long


Private Sub Form_Load()
Picture1.Picture = LoadPicture("slika1.gif")
End Sub

Private Sub Picture1_MouseMove(Button As Integer, Shift As Integer, X As Single, Y As Single)
If (X < 0) Or (Y < 0) Or (X > Picture1.Width) Or (Y > Picture1.Height) Then
ReleaseCapture
Picture1.Picture = LoadPicture("slika1.gif")
ElseIf GetCapture() <> Picture1.hwnd Then
SetCapture Picture1.hwnd
Picture1.Picture = LoadPicture("slika2.gif")
End If
End Sub
 

IsusHristos

Bojan CPU
Член од
1 март 2007
Мислења
256
Поени од реакции
1
bad boy имаш страница www.planetsourcecode.com на нејзе побарај се што ти треба за ВБ или за некој друг програмски јазик
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Сеуште, упорно и тврдокорно останувам како бранител на VB (сите верзии) од упорните напади на „јаките“ и стварно добрите програмери што ги знам.
Општо прифатен комплекс, дали од што им имат кажувано или од различната природа на програмирање во VB, е дека VB е мизерен јазик, без можности, лош за програмирање или како што рече една професорка, цитирам: „се согласивме дека секое учење на VB би претставувало осакатување на студентите и затоа го исклучивме од игра за било кој курс на факултето“. Пффф...
Во малите години почнав со BASIC, се префрлив на Visual Basic (првин 4ка па 6ка). Собрав неколку државни први места со него (на смотрите што ги организира народна техника), и ги обрав останатите кои се идеа со појаки јазици.
Поентата ми е, ако знаеш како да го користиш, може прилично многу квалитетни работи да направиш и тоа во рекордно време. Сега што ако ги знам и „појаките“ јазици кога секогаш кога нешто ќе почнам да правам, логиката ја разработувам во VB, и ако излезе изводливо пукам овде, ако не барам чаре.
Чисто за илустрација пред некој ден, за 2 дена успеав да изградам солидна апликација за материјално работење со access база. Примитивно ама ептен корисно и брзо изработено. Плус користив сопствена ActiveX за навигација (наџиџана) исто така работена во VB, и резултатот излезе ептен фин. Беља излезе на крај, ми дојде човекон и ми даде уште редица нови барања, така да одложив release. Кога ќе ја допраам, иде у Ваши програми, па нека пукнат „јаките“ програмери :).
А да, VB6, 2-3 for циклуси и малце математика чуда знаат да направат. А пак и асални алгоритми, мх мх мх ...
Така да, продолжете. Имате подршка од мене.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Visual Basic 6.0 не знам каде го има, но јас го симнав Visual Basic 2008 бесплатно
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Па дајте некоја идеја за некој помал програм.http://rapidshare.com/files/16322532/webadresar.exe.htmlЕве го мојот прв програм.Случи за запишување на web adresi!
Еве идеја:
Компјутерот нека ги пронајде сите можни комбинации на распоредување осум дами на шаховска табла. Се разбира дека не е дозволено било кои две да се напаѓаат.
Напред VB-аши!
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Многу е сложен алгоритмот за судоку. Ќе пробам во Delphi кога ќе имам повеќе слободно време.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Многу е сложен алгоритмот за судоку. Ќе пробам во Delphi кога ќе имам повеќе слободно време.
Знам дека е сложен. Додека работев на една програма онака ми дојде на памет да си пограм со судоку и кога почнав со алгоритам не знаев главата каде ми е. Многу за работа има....
Среќно.... па да видиме резултати.:smir:
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Имам направено алгоритам за судоку :icon_cool, ама во Java. Backtracking алгоритам е, само со посебна стратегија за убрзување и драстично намалување на комбинациите.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Имам направено алгоритам за судоку :icon_cool, ама во Java. Backtracking алгоритам е, само со посебна стратегија за убрзување и драстично намалување на комбинациите.
Супер, ако можеш напиши го кодот и обајви го извршниот фајл.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom