Стравот - предност или мана?

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.784
Поени од реакции
4.023
мора да си исплашен за да реагираш претпазливо?

постот се однесуеше на тоа дека не носи само стравот претпазливост. како инаетот, претпазливост може да носи и сигурноста и ред други работе... на пример пишуеш некој текст и си претпазлив у пишуењето..тоа од страв је?
Да, мора да си исплашен за да реагираш претпазливо.
Кога пишуваш текст, си исплашен дека ќе згрешиш, затоа внимаваш. :)
Е сега секако има нијанси на страв, од малце до стрв што носи терор и ужас. Не можеш да споредиш страв од паѓање на испит и став кога ќе ти стават пиштол на чело.
Инаетот е нешто сосема друго, од инает правиш работи кои се спротивни од страво.
Од инает ќе се лупнеш со глава во ѕид без размислување, а со страв ќе размислиш дали да се лупнеш зашо може да си ја пукнеш главата.
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
59
Поени од реакции
3

не, не мора да си исплашен за да реагираш претпазливо.сеа може да биде и од страв али може и кј пишуеш текст да бидеш претпазлив зош те мрзи да го пишуеш пак од почеток.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.784
Поени од реакции
4.023
не, не мора да си исплашен за да реагираш претпазливо.сеа може да биде и од страв али може и кј пишуеш текст да бидеш претпазлив зош те мрзи да го пишуеш пак од почеток.
А вака изгледа инаетот. :icon_lol:
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Да, ама нема да ти работат инстинктите така како што ќе ти работат иницирани од страв.
Од инат адреналин нема.
чисто ради тоа шо свеста е ногу поспора од подсвеста.
Инатот е креација на свеста. Стравот на подсвеста.
Подсвеста е таа што ќе ти го спаси животот, ради тоа шо свеста не реагира доволно брзо и ти дозволува да се одмкнеш у ситуации каде што животот ти е во прашање.

е ти кажуеш ка да е све прашање на живот или смрт, аргументот дека само стравот носи претпазливост со што го поткрепуеш? со тоа дека потсвеста е побрза од свеста? а шо ако си припремен у свака ситуација да изиграш препазливо и не ти треба да бидеш воден од потсвеста? тогај мора да си исплашен? мора да си исплашен за да реагираш претпазливо?

постот се однесуеше на тоа дека не носи само стравот претпазливост. како инаетот, претпазливост може да носи и сигурноста и ред други работе... на пример пишуеш некој текст и си претпазлив у пишуењето..тоа од страв је?
На крај, се се сведува на стравот.
Да, мора да имаш страв за нешто што го цениш за да реагираш предпазливо.
Да свеста прави многу грешки, подсвеста се обидува да те одржи во живот.
Да кога пишуваш текст предпазлив си од страв. Страв да не ти се смеат ако истресеш зелена, страв да не паднеш на испит ако е текст што се оценува, страв да не заебеш работа.
Се доаѓа од стравот.
Колку и да кружиме пак до тоа ќе дојде.

Моментално, и ти не се одкажуваш од твојата теза, ради тоа шо имаш страв дека ќе си го повредиш егото. Иако знаеш дека јас и магде сме во право. :)
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Имам страв од женски што многу ми се свиѓаат. И до сега инстинктот не ме излажал, во прашање била страст, љубов не баш. Пред такви девојки сум ко зајак пред змија, тотално блокиран. Ама зајак ко зајак, сепак сака да го направи тоа што најдобро го умее. А пред добри девојки е друго, ми се свиѓаат но не сум хипнотизиран, можам да размислувам. Само тие не се толку атрактивни...
А ангел и ѓавол во совршен спој во едно тело, тоа само во мојот ум е можно како ми се чини.
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
59
Поени од реакции
3
ваке, да не цитирам пак, ќе ви го образложим убоо мислењето мое па после може да се сложимо да не се сложуемо. ја мислим дека стравот не носи убајна, мана је. вие мислите дека стравот е единствена емоција што носи претпазливост и заради тоа е добар. ја мислим дека стравот не је единствена емоција што носи претпазливост. мислим дека претпазливост може да се постигне и на други начини, со други емоцие и тоа го остава стравот без добри стране и тој стануе мана. може не сум у право, не викам не, ова е тоа ја шо мислим... (да не биде дека терам инает):smir:
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57

Не тераш инает , и потполно си во право.
Ја само би додал : од она што се плашиш длабоко во себе го мразиш .
Од таму произлегува омразата , што на прв поглед е спротивна на љубовта , а всушност спротивна страна е стравот .
Он е состојба на хаотичен ум со примеси на адреналин и забегување од центарот , и е корисен само кај животинскиот и растителен свет .
Додека за високо свесни суштества е проблем и треба да се елиминира до максимум .
Знам дека ке се чудите за растителниот свет .
 
Длабоко во себе го мразам?
Не би рекла дека е така.
Не ја мразам змијата, ми е страв дека ако ме касне ќе умрам.
Не ги мразам високите куќи и згради, ама ми е страв дека ќе паднам и ќе умрам ако застанам на толку високо место.
Не ги мразам авионите, ама ми е страв дека ако се возам у нив, ќе се урне и ќе умрам.

Дека стравот е спротивен на љубовта, се согласувам.
Повеќето постапки низ животот ни се водени од љубов или страв.
Базична емоција е, не знам како може да си замислите живот без оваа емоција, не знам зашо би барале да се намали оваа емоција.
Баш нас ни е потребна, како високо свесни суштества. Ако немаш страв, имаш поголема шанса да умреш.

И те молам објасни која ти е поентата за растенијата, зашто растенијата немаат свест, уште помалце емоции.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Стравот може да има и сосем спротивен ефект.Замисли си дека се наоѓаш во банка и работиш како обезбедување, и влегуваат двајца ограбувачи; едниот од нив имаш можност да го онеспособиш односно да му го одземеш оружјето и да ја решиш ситуацијата пред да запука во некој заложник за да покаже пример дека се сериозни.Но, ти во еден момент од страв се вкочануваш не можеш да реагираш и......Што значи оваа емоција не дава секогаш добри резултати.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Длабоко во себе го мразам?
Не би рекла дека е така.
Не ја мразам змијата, ми е страв дека ако ме касне ќе умрам.
Не ги мразам високите куќи и згради, ама ми е страв дека ќе паднам и ќе умрам ако застанам на толку високо место.
Не ги мразам авионите, ама ми е страв дека ако се возам у нив, ќе се урне и ќе умрам.

Дека стравот е спротивен на љубовта, се согласувам.
Повеќето постапки низ животот ни се водени од љубов или страв.
Базична емоција е, не знам како може да си замислите живот без оваа емоција, не знам зашо би барале да се намали оваа емоција.
Баш нас ни е потребна, како високо свесни суштества. Ако немаш страв, имаш поголема шанса да умреш.

И те молам објасни која ти е поентата за растенијата, зашто растенијата немаат свест, уште помалце емоции.
Ако си високо свесно суштество ке знаеш малку повеке за умирачката така да нема да се плашиш од умирањето како што не се плашиш да заспиеш вечер на пр. Ризик за умирање има во секој момент што не значи дека треба да се плашиш да се возиш со кола или да се возиш во автобус на пр.
Друга работа е да се најдеш во опасна ситуација и да ги искористиш ресурсите на организмот како адреналинот , само што во тој момент не работи мозокот ефективно и застанува дури со работа заради пренасочување на енергијата (храната и кислородот) во мускулатурата а не заради нешто друго . Ова не значи дека треба да правиш што ти текне како да се шеташ сам низ шума ноке на пр. Се треба да биде пресметано свесно со користење на интелектот што Си и нема да имаш проблеми .
Тоа што не правам некои работи не е заради страв од нив туку заради пресметан ризик , што не значи дека не се плашам јас од ништо .
Стравот е одредена ситуација што умот што неможел да ја свари заради погрешни учења во детството или и трауми и сл. но со тек на време и раст на нашата свесност од "решение" тој станува проблем . Проблемот е уште поголем што фака корени во нашата потсвест па треба време , дури и животи за да се ослободиме од него.Стравот ретко е некакво решение во некоја ситуација дури и не ми текнуе у моментов на ниедна ако воопшто може да биде решение .
А за змиите и зградите ако стварно се плашиш од нив сигурно ги мразиш , само не мора да значи дека си свесна за тоа како што не си свесна ни за стравот од кај произлегува .
Еве еден пример :
Сите се плашат од господ , да не ги тури у пеколот и не се свесни за омразата кон него до моментот кога ке им се деси трагедија.
Е тогаш муабети од типот зошто господе , не те сакам веке , не верувам во тебе веке , те мразам има еден куп .
Ако сакаш некого и ако те заебе зошто го мразиш?
Затоа што стравот да не останеш сама се трансформира во омраза .
Стравот е потенцијална омраза затоа боље да го немаш.
Ако у предходниот живот си погинала во авион , богами има бајаги да ги мразиш .
А растенијата е докажано дека во присуство на човек со моторна пила и намера да сече дрва на пр. лачат одредени хемиски супстанции , додека за нивната свесност на пр. доволен е фактот што повекето од нив имаат ДМТ - Dimethyltryptamine низ стеблата и листовите .

Ние сме на чекор од тоа да станеме богови , а тоа ке се деси кога ке исчезнат сите стравови.
Кокреаторските способности ке блеснат во полн сјај тогаш , и ке се вратиме во рајот односно ке го создадеме рајот повторно .
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
59
Поени од реакции
3
Меги, стравот често може да има контраефект...место да бидеш претпазлив од страв се закочуеш, паничиш и се губиш...кј е туе предноста??
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Стравот мора да постои, затоа и го создала природата. Да не бил стравот уште пред многу милениуми ќе не изедеа ѕверовите. Но често стравот е кочница. Стравот е пријател на човекот но и еден од најголемите непријатели. Оние кои го имаат малку присутен кај себе, или успеале или пропаднале. Или се херои или се под земја. Посакувам да не бев толку плашлив колку што сум, но тоа е составен дел од карактерот на човекот и против тоа не се може. :nesum: . Ние сме генетички програмирани да се плашиме. Природниот страв е позитивен и корисен. Нели и болката не ја сакаме но е пријател на човекот. Лошо е кога стравот преминува во психички страв, кога се јавува анксиозност која не е воопшто пријатна , па и паника:vozbud: која го прави човекот неспособен да реагира и да донеси правилни одлуки. Преголемиот страв може да доведе до афектна состојба.
Стравот се користи и како алатка за манипулирање на луѓето, и нивно држење под контрола.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.784
Поени од реакции
4.023
Ако си високо свесно суштество ке знаеш малку повеке за умирачката така да нема да се плашиш од умирањето како што не се плашиш да заспиеш вечер на пр. Ризик за умирање има во секој момент што не значи дека треба да се плашиш да се возиш со кола или да се возиш во автобус на пр.
Друга работа е да се најдеш во опасна ситуација и да ги искористиш ресурсите на организмот како адреналинот , само што во тој момент не работи мозокот ефективно и застанува дури со работа заради пренасочување на енергијата (храната и кислородот) во мускулатурата а не заради нешто друго . Ова не значи дека треба да правиш што ти текне како да се шеташ сам низ шума ноке на пр. Се треба да биде пресметано свесно со користење на интелектот што Си и нема да имаш проблеми .
Тоа што не правам некои работи не е заради страв од нив туку заради пресметан ризик , што не значи дека не се плашам јас од ништо .
Стравот е одредена ситуација што умот што неможел да ја свари заради погрешни учења во детството или и трауми и сл. но со тек на време и раст на нашата свесност од "решение" тој станува проблем . Проблемот е уште поголем што фака корени во нашата потсвест па треба време , дури и животи за да се ослободиме од него.Стравот ретко е некакво решение во некоја ситуација дури и не ми текнуе у моментов на ниедна ако воопшто може да биде решение .
А за змиите и зградите ако стварно се плашиш од нив сигурно ги мразиш , само не мора да значи дека си свесна за тоа како што не си свесна ни за стравот од кај произлегува .
Еве еден пример :
Сите се плашат од господ , да не ги тури у пеколот и не се свесни за омразата кон него до моментот кога ке им се деси трагедија.
Е тогаш муабети од типот зошто господе , не те сакам веке , не верувам во тебе веке , те мразам има еден куп .
Ако сакаш некого и ако те заебе зошто го мразиш?
Затоа што стравот да не останеш сама се трансформира во омраза .
Стравот е потенцијална омраза затоа боље да го немаш.
Ако у предходниот живот си погинала во авион , богами има бајаги да ги мразиш .
А растенијата е докажано дека во присуство на човек со моторна пила и намера да сече дрва на пр. лачат одредени хемиски супстанции , додека за нивната свесност на пр. доволен е фактот што повекето од нив имаат ДМТ - Dimethyltryptamine низ стеблата и листовите .

Ние сме на чекор од тоа да станеме богови , а тоа ке се деси кога ке исчезнат сите стравови.
Кокреаторските способности ке блеснат во полн сјај тогаш , и ке се вратиме во рајот односно ке го создадеме рајот повторно .
Ако сакаш да гледаме на емоциите од духовна/религиска/ватевер гледна точка, не е проблем, само да го смениме подфорумот прво.
Не сум на чекор да станам Бог, ниту се стремам да станам нешто слично.
Моето ниво на свест ми кажува дека сум човек и го имам прифатено тоа, заедно со сите емоции што ми следуваат. Не би сакала да бидам лишена од ниту една емоција, ниту едно чувство, зашто тоа ме прави човек.
Нормално е за човек да се плаши од смртта, како што се плаши од се она што не го познава, ама дека го мрази-тешко.
Не го мразам Господ, ниту му се плашам. Од змиите пак се плашам. И не мразам некој зашо ме заебал, омразата е силно чувство, мешавина од емоции, не се мрази туку така и не е само од страв.
А што се однесува до растенијата-немаат ниво на свеснос за да можат да ја проценат опасноста од човек со пила, не знаат ни шо е човек ни шо е пила.
А Dimethyltryptamine лачи и човекот за време на нормален метаболизам.
Нормален - не за време на страв.

И искрено, целиов муабет ти падна у вода коа ми спомна реинкарнација и чекор од богови и се тоа. сори

Меги, стравот често може да има контраефект...место да бидеш претпазлив од страв се закочуеш, паничиш и се губиш...кј е туе предноста??
Тоа е поентата на стравот, ако се стрчаш кон некоја дупка, да се закочиш и да испаничиш.
И да, јасно е дека секоја емоција има + и -.
Можеш од среќа да се фрлиш од 14ти, можеш од возбуда да доживееш срцев удар итн.
Ама те молам, не ми ги споредувај стравот со инаетот зашо се апсолудно неспоредливи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom