Фан Клуб: Рома

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294

v140

giallorosso
Член од
26 август 2009
Мислења
193
Поени од реакции
5
Еј може грешно ти го сваќам постов ама мислам дека се разочаруваш од враќањето на Роси :) Јас го пратев неколку утакмици годинава и ми се свиѓаше како играше има нешто во тој играч ... Ќе биде добар десен бек барем според мене ете ако иде во ко-споственост Мота и Сисињо си отиде итоа како ќе ви се најде за догодина!
Ќе се разочарам ако Курчи не се врати во Рома а за Роси таман си е, имаше добра сезона во Сиена
:)
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.879
Поени од реакции
8.739
Интер бараат(8,5мил) многу за Бурдисо и преговорите моментално се во застој... ова е и на некој начин одмазда што не им го дадовме Баптиста во Јануарскиот преоден рок, тие тогаш го нудеа Бурдисо за Баптиста, а ние баравме кеш... јас лично нема да жалам по Бурдисо, очекувам оваа година Мексес да си ја врати самодовербата доколку не го продадат и повторно да биде еден од најдобрите дефанзивци во Италија

--- надополнето ---

Гледам сите го праќаат Де Роси во Холивуд, но еве доказ дека не го бива за глума...:)
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
галас го одби јуве значи има изгледни шанси да го земеме... е сега тука ќе мора да испадне или мексес или пак бурдисо а како што гледам мексес ќе си оди....подобро жуан да замине постар е а на мексес треба да му се даде шанса
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.879
Поени од реакции
8.739
Рома го загуби Марко Мота, двата тима се согласија на опцијата кој повеќе ќе понуди пари за Мота на слепо, Удинезе имаше понуда поголема за 200 000 евра па така да останавме без Мота, за жал....:(
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
:kesa: конечно барем новост да чуеме иако лоша.... ништо не се дешава, росела те го остава клубот, те има решение за проблемите.замреа преговорите со сите играчи... подобро да се доведат повеќето засилувања пред 1 август односно пред почетокот на турнирот во франција па таму да се испита силата
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.879
Поени од реакции
8.739
:kesa: конечно барем новост да чуеме иако лоша.... ништо не се дешава, росела те го остава клубот, те има решение за проблемите.замреа преговорите со сите играчи... подобро да се доведат повеќето засилувања пред 1 август односно пред почетокот на турнирот во франција па таму да се испита силата
не бе брат оваа година според мене е најактивна, барем што се однесува до слободните агенти...:) еве веќе ги имаме Адриано и Симплицио како нови играчи тоа кај Рома не се десило одамна, да купат играч уште во Јуни, еве сега се чека 1-ви Јули да му измине договорот на Клементе Родригес од Бока Ј. па и тој по се изгледа ќе биде наш, ма да и Сити биле заинтересирани за него, но тој сакал да игра во Рома... би бил одлична замена за Рисе!!! како опција се споменува замислете 37-годишниот Роберто Карлос, ама како една шпекулација...

додека во намерата да се купи Исла сме доста сериозни, но сега откако го загубивме Мота незнам дали ќе можеме да понудиме 8-10мил евра, а се работи за многу добар фудбалер кој е универзалец и може да игра и како десен бек и во средина како ЦМ
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
јебига :) тотенхем,њукасл и уште 2-3 англиски тимови се заинтересирани за ризе така да ако го доведеме „младичов“ ќе земеме пари и од ризе. но незнам што следната сезона кога 90% од играчите ќе се пензионираат а за другите ќе нема пари за плата:kesa:
 
П

Паган-др

Гостин
Рисе во никој случај не би сакал да си оди од Рома. Многу помогна сезонава, има одлична игра. За Карлос не сакам да коментирам. Мислам дека се разбравме...
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.879
Поени од реакции
8.739
Карлос самиот си кажа дека имало контакти со Рома но тој ќе си останел во Коринтијанс, така сакал... а многу подобра опција за лев бек е Клементе Родригес од Бока Јуниорс...
инаку познатиот ФИФА агент Фабрицио Ферари кој многу добро ја познава француската лига и играчите што играат таму и препорачал на Рома три соодветни засилувања во одбрана,средина и напад.... во одбрана младиот играч на Монако 19 годишниот Кедрик Монгонгу, во средина исто 19 годишниот Јан М'вила од Рен и напаѓачот на Тулуз, 24 годишниот Андре Пјер Жињак....

мене лично не ми се свиѓа многу кога наместо да гледаме италијански ние сме се обрнале на француски таленти...
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
хахаха колку лоша управа го продадоа Мота неможам да верувам....
 

v140

giallorosso
Член од
26 август 2009
Мислења
193
Поени од реакции
5
За Мота не добивме обештетување?
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
За Мота не добивме обештетување?
мота го имавме 50% ние а 50% удинезе и потоа на крајот од сезоната се оди на наддавање(на слепо:двата клуба исто времено поднесуваат понуда) а понудата на удинезе беше за 200 000 повисока од нашата и тие го зедоа, но не знам дали добивме нешто од трансферот (мислам дека не :()
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.879
Поени од реакции
8.739
За Мота не добивме обештетување?
Мислам дека ги добиваме тие 1,5мил евра кои ги понуди Удинезе... значи во загуба сме некаде околу 2мил...

--- надополнето ---

Минатото лето цело време се зборуваше за продажба на клубот, но ова лето се многу тивки... се до денес!!! еве една изјава на Michele Criscitiello(мислам дека е новинар) во која кажува дека ерата на фамилијата Сенси како власник на АС.Рома може да заврши верувале или не за само 2-3 дена, оваа изјава е за многубројните фанови на Рома, бидејќи досега ништо не се знаеше што ќе биде со иднината на клубот...
работата изгледа многу едноставна како што тој кажува... во наредните неколку дена Рома оди 100% во рацете на Уникредит, банка која веќе нашла и сопственик на Рома и на кој името нема да му биде откриено уште сега, новиот газда ќе купи 50% од акциите веднаш,2011 ќе дојде до 85% и 2012 Рома ќе биде 100% во негови раце... тој сакал што побрзо да ја купи Рома за да го искорсти трансфер пазарот и ќе вложувал многу повеќе отколку до сега за да Рома стане рамо до рамо со еден Интер, барем што се однесува до моќќта!!!


незнам за вас но јас сум за овој план, доколку сето ова е вистина, но да не зборам премногу ќе видиме во наредните 2-3 дена што ќе се случи, тоа се денови кои ќе бидат исклучително важни за иднината на клубот!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom