Маикон, Кака, Рибери, Чаби Алонсо... Четири ѕвезди, пак е доста не реално да се заврши ова во едно лето.
Маикон нема да биде лесно да се добие. Среќен е во Интер и ќе треба сериозно многу пари да го натерате Морати да се предомисли.
Рамос не е централен бек. Ако игра централно се губи неговиот најголем квалитет-нападот. Асистенцијата и голот против Барса го покажува тоа.
Кака - Галијани веќе кажа дека Кака не е за продажба. Не очекувај да го смени мислењето.
Рибери - Може да се купи ама ќе имате конкуренција од многу тимови. Не сум сигурен дека Мадрид би му била најпосакувана дестинација.
Чаби Алонсо - Најреален трансфер. Нема да треба повеќе од 20 милиони освен ако Бенитез не се предомисли и реши да го задржи.
Од тие горе, само Кака е поголема ѕвезда. Овие не се од толкав калибар да мора да се трошат огромни суми.
За Маикон знам дека е тешко, ама не и неостварливо.
Рамос е централен бек, многу повеќе од десен бек. Во напад е ужас, освен центаршут нема никаков друг начин на пробив. Погледни Алвес како ора во Барса, тоа е напаѓачки десен бек, не Рамос. Башка остава многу голема дупка позади, а не носи резултати. Од кога почна да игра десен бек, запре неговиот развој, може да биде светска класа централен, и само добар десен бек.
Башка многу голови има постигнато како централен, и не зборам за тие од корни.
Галијани нормално нема да каже дека Кака е за продажба, на сред сезона, а и кој би кажал таква работа за играч како Кака? Доколку Кака сака да се пресели, ќе се случи тоа. Перез не е Калдерон.
Зошто Рибери не би сакал да дојде во Реал ? Ако има сериозна понуда, не гледам причина да одбере друг клуб. Секако негова е одлуката, ама исто има реални шанси да заврши на Бернабе.
Алонсо летово беше на продажба, за малце не отиде во Јуве, а Бенитез беше заинтересиран за Хајнце, така да може да се направи некоја замена со доплата.