Грешно си сфатил ти. Имаме шампионски тим за во Примера, а за ЛШ сме далеку од шампиони. Со играчи како Игуаин, Гаго, Хајнце и Канаваро не се игра во ЛШ. Првиве двајца немаат поим што значи една ваква утакмица, и дека цел свет очекува од нив во вакви утакмици да се докажат, а не со Нумансија, Гетафе, Ваљадолид и остали. Во вакви утакмици се гледа колку вредат, а денеска и претходната утакмица се виде дека не вредат ништо. Вакви играчи може само на клупа во Реал, и кога ќе се повреди некој од првиот тим овие да влетаат како замена, како освежување. А меѓу први овие двајца...тешко! За вторите двајца (Хајнце и Канаваро)...што очекуваме па и ние бе, да се тркаат со Бабел и Торес? Ги ИЗЕДОА, во буквална смисла на зборот. Пепе имаше само лош ден, а и неможе да чува 4-5 души сам кога Хајнце, Канаваро и Гаго го дрвеа к***т. На средина само Лас се обидуваше нешто да направи, го ораше теренот, а Гаго го користеше тоа и си гледаше како Ливерпул везе по терен. До вчера го молев господ Перез да не дојде, ама после ова денес ми прекипа, и едвај чекам да дојде. И верувам дека ниеден од набројаниве нема да остане во Реал. Добро си знае Перез, од вакви лигуши тим немоеш да напраеш. Овој па Игуаин, можеби има квалитет, не го оспорувам...ама стварно НИКАКВА КОРИСТ од него на големиве утакмици, НИКАКВА!! Се што имаше направено до сега беше со просечни екипи, во ниедна голема утакмица не се докажа како што треба, по што мислам дека од наредна сезона може на клупа (оваа нека ја доигра зошто немаме поасална замена за него, ама да не се продава, нека си седи на клупа наредна сезона). За Робен незнам што да кажем па, најутепан играч денеска. Гледам давал интервју демек бил многу мотивиран, ќе ги рушел. Кој мотивиран бе? Да беше мотивиран ќе трчаше од гол до гол, ќе се трудеше, а не аут линијана му стана најверен другар, не се тргна од аут. Незнам стварно што да кажем, да сум како овој претседателов сега Болуда ли се викаше, им кратим одма 2-3 плате и ич к*р не ми чуе. Ќе ги прашам после дали пак ќе се влече како црв по терен. Секоја чест за Икер и за Марсело, единствени кои денеска се трудеа да направат нешто. РЕСПЕКТ!