Абе каков е таков е важно да шиба голови :helou::helou:
Aјде еве ни го и Давид Виља или Силва
Челниците на Валенсија имаат рок до Нова година да извршат неколку големи исплати, или ќе биде направен првиот голем чекор кон гаснењето на клубот, тврдат шпанските медиуми. Според овие извештаи, Валенсија се наоѓа пред банкрот, и покрај тоа што во последниот осврт на финансиската ситуација челниците соопштија дека се ќе биде решено без поголеми проблеми.
Шпанските медиуми наведуваат дека директорите на Валенсија деновиве водат интензивни разговори со една од најголемите банки во Шпанија за да го избегнат се поизвесниот банкрот.
Според нив, Валенсија е должна до 31 декември да изврши серија уплати во вкупна вредност од околу 50 милиони евра, а доколку не го стори тоа, ќе бидат блокирани сметките на клубот, што значи дека Валенсија ќе биде парализирана, а платите за играчите, стручниот штаб и повеќе од 300 вработени нема да бидат исплатени.
Уф какво чувство имам дека ке приредиме изненадување за Баршитлојна