Ај јас пак покасно да коментирам :smir: Утакмицата со Јуве. Хајнце требаше на клупа да си седи уште од почеток, Марсело требаше на негово месно, дава попрецизни топки од Хајнце, подобар дриблер, побрз и помага во нападот, во одбарна не е стабилен секогаш, а Хајнце освен да ја шутне топката напред нишо друго незнае, за жал така е. Незнам колку ќе се сложат со мене, иако Канаваро изигра најдобро во одбрана, сепак требаше да почнеме со повисока одбрана, на пример Мецелдер наместо Канаваро, како би му парирале на Амаури кои е една глава над Канаваро, така барем шансите за да го примиме вториот гол ќе беа помали. За средниот ред ќе кажам дека сум разочаран од Ван Дер Варт, на дерби утакмици не е на потребното ниво. Гаго исто многу грешки во додавања. Шустер треба да престане Игуаин да го користи како крило, се докажа дека таму нема појма, се губи, строго истурен напаѓач да игра. Натпреварот требаше да го почнеме со Робен, или барем уште на почетокот на второ полувреме да влезеше. Внесе живост во играта, направи подинамика. Шнајдер најдобар и најмногу се трудеше.
Според мене идеална стартна постава за со Јуве требаше да биде:
--------------Касиљас----------------
--Рамос--Пепе--Мецелдер--Марсело--
---------------Диара------------------
------Робен-------------Шнајдер------
-------------ВанДерВарт--------------
-------Раул-----------РудВанГол-----