Реал цела сезона по стапките на Барселона
Денешната ждрепка за програмата на Примера за сезоната 2008/09 година го постави шампионот Реал Мадрид во улога на следбеник на големиот ривал Барселона.
Програмата е направена така што Барселона игра со една екипа, а една недела подоцна "белите" се соочуваат со истиот противник. Каталонците започнуваат како гости на Нумансија, а Реал го дочекува противникот во второто коло.
Во второто коло пак, Барса го пречекува Сантандер, а недела покасно Реал гостува во Кантабрија.
На тој начин до крајот на шампионатот во Примера, Реал Мадрид ќе ја следи Барселона, иако "кралскиот" клуб во последните две сезони ја понесе титулата.