Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Уште верувате на гоал и компанија?


Гол.ком ти е нешто како неделен забавник, кога ти е досадно и си читаш “ексклузив сторис“, 90% од тоа шо го пишуваат не се остварува, ама интересни се за занимација, иако јас преферирам преведена верзија од АС и Марка:), јес да и они се фул оф шит ама бар погодуваат по нешто.
 
Дренте че ој во Јувентус, исто како шо појде во Челзи зимото...:toe:
 
Гол.ком ти е нешто како неделен забавник, кога ти е досадно и си читаш “ексклузив сторис“, 90% од тоа шо го пишуваат не се остварува, ама интересни се за занимација, иако јас преферирам преведена верзија од АС и Марка:), јес да и они се фул оф шит ама бар погодуваат по нешто.
Гол ништо не пишува, само пренесуваат од други весници и страни. Не се они криви.
 
Не се само малку. Ги вртат коментарите на играчите, и тоа многу. Истото интервју за некоја телевизија за време на европското.... Снајдер вика дека сакал да освое се со Реал, на гоал пишат дека кажал оти е срекен во реал и нема да си оде. Слично е ама не е исто. Мене се целиот контекст.
 
Има бе нешто ново јас не бев тука една недела ако има нешто кажете?:salut:
 
Има бе нешто ново јас не бев тука една недела ако има нешто кажете?:salut:
Си земаф нови патики :)

Нишо ново исто па исто. Дај нека заврши ова со Роналдо, преку таквото ми е веќе.
 
Да се надеваме дека ќе заврши, но не кај нас :smir: Нека си седи таму, не ни треба! Би бил добредојден, но не под услов Робињо да си замине! Така да, немора да дојде...
 
Односот на Робињо малце ме изнервира, не мораше да збори дека има понуди за него, ко одвај да чека да замине.
 
Односот на Робињо малце ме изнервира, не мораше да збори дека има понуди за него, ко одвај да чека да замине.

А што требаше да направи? Го третираат како гомно, убаво си кажа он! Целата работа се врти околу Роналдо, а мене ме третираа како да не сум направил ништо за Реал! Премногу го потценија, само за Роналдо мислат. А ова што се вртат шпекулации и што се вели дека Робињо можно е да замине нив ич не ги интересира, само за Роналдо го гледаат. Што Роналдо е нешто повеќе од Робињо бидејќи Робињо немаше толку голови дадено сезонава? Да не беше Робињо сезонава незнам ни дали ќе земеа Ла Лига, зошто во клучните моменти постигнуваше голови и даваше асистенции...а сега го прават од гомно подолу, како да е од вчера!
 
Како тоа го третираа? Што не му даваат договор со плата колку што он сака? Што кажаа дека ќе го продадат?
Сам искочи и кажа дека може ќе си замине од клубот. Тоа мене не ми личи на однесување доследно за еден играч.
Кога се врати од Бразил покасно ништо не направи Реал за него ? Требаше да му опне казна, и да грее клупа до крај на сезона. Треба да го поштува клубот, ако само понуда му фали за да замине, чао пријатно не ми треба таков играч
 
немав една недела интернет па не можев да пишам

Боби за ова со Робињо не си во право. не го третират ко гомно, сам си се занесва нешто дека е најдобар, бара поголема плата, збора за можни трансфери, кој ќе види малце зорт ко плачи пиче е, цело време се жали. преку ... ми е дојдено од однесувањето на Робињо и ова со Роналдо, ако можев да одлучам би го сменал одма за Роналдо. Робињо појќе го поштувам ко фудбалер, ама однесувањето му е за нигде. Роналдо го имаш видено некогаш да се жали? пред неколку години нај омразен фудбалер ми беше оти цело време паѓаше и глумеше, сега топ е, а замисли под каков ментален притисок помина тогаш ко го мачеа британските весници дека глуми и после тој "инциденто" со руни цела англија го мразеше. батето наместо да се жали и да побара трансфер се враќа во манчестер и станва најзаслужен за сите титули на манчестер... навивачите одеднаш го засакват и не го менват за ништо

ако сака толку да замини Робињо пат под нога и нека заминва. ќе се куртулиме од него а и на Роналдо ќе му се оствари соно да игра за Реал. плус то Шустер игра со едно крило и од ко се опорави Робен само него го користи
 
Не можам конкретно да завземам страна околу случајов со Робињо, го разбирам ако сака подобар (продолжен) договор но не смее да претерува околу висината на платата, отсекогаш сум имал став дека платеници во тим не сакам, ама пак сетете се какви игри прикажуваше пред да ги повреди стомачните мускули, тогаш заслужуваше да биде платен колку и најдобрите поединци во клубот, е сеа имаше проблеми да ја најде формата по враќењето од повредата ама тоа е сосем нормално, особено ако се земе предвид дека не беше комплетно рехабилитиран.

Мислам дека мораше да се најде заеднички јазик помеѓу него и управата околу новиот договор, такви глупи проблеми стварно не ни требаат, го ценам Робињо како играч, но се согласувам дека однесувањето му е малку недолично.
Верувајте дека човекот ич не сака да си замине, ама овие нашите не ја изиграа како шо треба со него, за какви глупост даваат пари па сеа за една мочана плата прават проблем на еден од најталентираните играчи во тимот.

Сакам да остани играчов и готово :pipi:
 
Односот на Робињо малце ме изнервира, не мораше да збори дека има понуди за него, ко одвај да чека да замине.

Многу ме нервира што не пишат извор на тие изјави. Па да видаме кој ги кажува. Тој бил во Бразил на одмор, а сега на баба му, чичко, сестра, зет, керка се паѓе, изјавила дека не бил срекен. И агентот што кажува. Што има корист агентот ако играчот не се продаде? Ништо, а ако си оде ке зема некое милионче. Не се замарајте со тие глупости.

Гледам на гоал пишат денеска калдерон се предава, утре 12и3128736 милиони ке дадел. Ајде бе чисти глупости се овие работи. Само читачи и пари да земат весниците.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom