Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
А кој рече дека ако си прво место, не смееш да изгубиш? Абе барем први сме со играта што ја имаме, не сме први затоа што судиите ни помагаат.
 
Ниеден факт од горенаведените неможе да ја оспори вистината дека оваа сезона Реал Мадрид е најдобриот (барем, од натпреварувачки карактер) тим во цела Европа. Има најмногу бодови, најдобра гол-разлика (ако не се лажам), најдобар скор на домашен терен...(ах Хетафе). Единствено нешто поради кое не доминираме е...киксот во Лига на Шампиони (ама тоа е тоа, win some lose some).
 
Ќе се надоврзам на горенавадените аргументи со фактот дека ова му е прва сезона на Шустер во Реал и човекот е на прагот од освојување на својата прва титула со, тоа е подвиг кој на мал број на тренери му успеал па се надевам дека конечно и ние ќе имаме тренер подолго од една сезона (после дел Боске). поззз
 
На телетекстот на Сител пишува дека ќе има пренос од Расинг-Реал.
 
Барселона изигра 0:0 со Еспањол еве шанса да се призголеми бодовната разлика и утре очекувам победа :helou:
 
Тешко ќе биде бе со Расинг, посебно на гости. Расинг се бори жестоко за место во ЛШ, така да може и да ја наместат.
 
Јас мислам дека ќе изгубиме утре, не знам зошто ама лошо претчувство имам за овој натпревар. :toe:
 
Ќе тепаме утре бе зошто да не тепаме:vozbud:
 
Касиљас изјави дека ќе играле, нормално прво за нив ,
но и за нивниот градски ривал Атлетико,
сакал да им помогнат на Атлетико да влезат во ЛШ.

А знаете зошто?

Атлетико често им помагал нив со победите над Барса :)

јеее, имал добра причина :)

the source
 
ама ни помагал.Видовме лани кога бевме изадначени и кога примија 6 гола дома.И тоа смета за помагање.
 
Нормално, ако помагале помагале кога можеле...ама и не ми се верува дека ова го изјавил Касиљас, зошто знаеме сите колку е омразата помеѓу градските ривали.
 
Ниеден факт од горенаведените неможе да ја оспори вистината дека оваа сезона Реал Мадрид е најдобриот (барем, од натпреварувачки карактер) тим во цела Европа. Има најмногу бодови, најдобра гол-разлика (ако не се лажам), најдобар скор на домашен терен...(ах Хетафе). Единствено нешто поради кое не доминираме е...киксот во Лига на Шампиони (ама тоа е тоа, win some lose some).


Ај да те демантирам , Реал оваа година имаат 69 бода од 32 натпревара , Манчестер 81 од 35 ( значи и да победи Реал во наредните 3 натпревара ке има 78 ) , Реал има дадено 66 а примено 30 гола , Манчестер има дадено 72 гол и 19 примиле , Реал беа елиминирани од Рома каде на двата меча изгубија со индентичен резултат од 2-1 ( вкупни 4-2 ) а Манчестер со Рома победи и во Рим со 2-0 и на домашен со 1-0 ( значи не примиле гол од Рома ) и во моментов треба да играат меч од полуфиналето на Лигата на Шампионите каде Реал беа елиминирани во осмина финалето . . . сигурен си дека Реал е подобар од Манчестер сезонава ?!?
Сега да не го додавам и Интер во целиов муабет зашто и они се подобри и по освоените бодови и во гол разликата а и бркаат двојна круна во Италија така да постов е да ти докажам колку само правиш огромна грешка што тврдиш дека Реал е најдобриот тим во Европа оваа година , претера , и тоа бајаги .

Ќе се надоврзам на горенавадените аргументи со фактот дека ова му е прва сезона на Шустер во Реал и човекот е на прагот од освојување на својата прва титула со, тоа е подвиг кој на мал број на тренери му успеал па се надевам дека конечно и ние ќе имаме тренер подолго од една сезона (после дел Боске). поззз

Шустер освои титула со тимот кој ја бранеше истата оваа сезона во Примера , т.е. наследи шампионски тим кој е еден од најбогатите во светот , a Mурињо освои титула со Челзи кој ја немаше освоено истата уште од далечната 55та , плус да не го заборавиме скорот кој го имаше без пораз на домашен терен повеќе од 40 натпревари , немаше пораз од големата четворка ( изгубија само од Манчестер Сити ) ,малкуте примени голови , како и полуфиналето во лигата на Шампионите .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom