Најлошиот веб-сајт... ever!

T

The Blob

Гостин
а бе сеирџии...
До Vodkamixx: самиот кажа дека и ти учиш на тој факултет чија страна е www.tfb.uklo.edu.mk па ако сметаш дека тие што ја правеле не знаат web design, а ти знаеш, бидејќи еве веќе коментираш, земи седни направи поубава, и бесплатно (бидејќи претпоставувам студентиве не биле платени кога ја правеле), па после речи еве каква беше страницава, еве каква ја направив сега. За сеири може и баба ми.
До СИТЕ: во ред темава, пишувајте си што сакате, ама уште еднаш се потврдува главниот македонски спорт - СЕИР. Ако веќе "лошата" страница е македонска, седнете, контактирајте, предложете, ако се согласат тие - направете им нова и подобра страница.
Оти вака испаѓа ко да гледаш некој кај што прави сообраќајка, а ти само се смееш и коментираш: Е со ова бе во Европа ќе одиме...?
резил.
 

naum_spaseski

Стружанец
Член од
25 јануари 2007
Мислења
534
Поени од реакции
2
vodkamixx напиша:
http://www.uklo.edu.mk

Еве ти сличен сајт како „НАРОДНА УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА” т.е. со ист распоред на линкови, копчиња и глупости само ми се свиѓа шо на „УКЛО” е пишувано со системска кирилица, а на овој на библиотекава е со македонски фонтови :)
УКЛО е многу подобар сајт од НУБСК. Се е средено, и иако е со ист распоред, знаеле да го средат, а овој другиов, ништо.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.103
Поени од реакции
11.541
The Blob напиша:
а бе сеирџии...
До Vodkamixx: самиот кажа дека и ти учиш на тој факултет чија страна е www.tfb.uklo.edu.mk па ако сметаш дека тие што ја правеле не знаат web design, а ти знаеш, бидејќи еве веќе коментираш, земи седни направи поубава, и бесплатно (бидејќи претпоставувам студентиве не биле платени кога ја правеле), па после речи еве каква беше страницава, еве каква ја направив сега. За сеири може и баба ми.
Нека го ослободат од плаќање школарина за наредната година па нека седне Водка и нека направи подобра страна. Што мислиш ти, Црвен Крст да не треба да направи веб страна за неговиот факултет?

До СИТЕ: во ред темава, пишувајте си што сакате, ама уште еднаш се потврдува главниот македонски спорт - СЕИР. Ако веќе "лошата" страница е македонска, седнете, контактирајте, предложете, ако се согласат тие - направете им нова и подобра страница.
Оти вака испаѓа ко да гледаш некој кај што прави сообраќајка, а ти само се смееш и коментираш: Е со ова бе во Европа ќе одиме...?
резил.
Факултетот е финансиран од многу извори, а како најголем извор мислам дека добива пари од студентите. За возврат, освен образование, факултетот е должен да обезбеди функционална веб страна која ќе им дозволи на студентите да се информираат за новости, да пријавуваат испити, да преземаат пропуштени часови и слични работи кои ќе им го олеснат делот од секојдневието кое беспотребно е комплицирано (комунистички сфаќања на работите). А не, кога на Велигден Водка ќе ја отвори страната на неа да пишува:

С О О П Ш Т Е Н И Ј А

Дата: 02.01.2007 Содржина: Се известуваат студентите дека поради Новогодипните празници факултетот нема да работи02.01.2007

Разбра Водка, факултетот поради Новогодишните празници нема да ти работи. Христос Воскресе, иначе.

Барем денес Веб страната е примарна точка која ги поврзува луѓето со новостите од светот, а нашите студенти мораат да одат низ шупи и тезги каде теткици пијат кафе и се љутат ако си им го прекинал муабетот во работно време, за ти да бараш на машина куцано саопштение кое те обавестува за настан кој се случил минатиот петок.

Самата школа е должна да го обезбеди ова, а не да делува како временска машина која прави да се осеќаш во шесдесет и треча.

Со многу малку пари и малку повеќе време може да се постигне ова, ама кога одговорниот за овој проект е чиче кое кога ќе му спомнеш
интернет ти вели: ај влези во тоа интернетот да видиме шо има. Е ај да видиме шо има.
 
T

The Blob

Гостин
Андроник, и јас учам на истиот факултет како Вотка (Технички во Битола), и многу добро сум запознаен како и од каде оди финансирањето за факултетите, и како би требало да изгледа идеално образование. Ама NEWS FLASH, се во Македонија е далеку од идеално. И ако чекаш нешто за возврат, за да направиш нешто што е во твоја корист, е тогаш си се заебал. Не Црвен Крст, Бил Гејтс и Сорос ич не ги боли за факултет во Битола. А особено факултетот ич не го боли.
И што треба сега ние да правиме, да тераме инает дека страницата на НАШИОТ факултет е нефункционална ( а првенствено таа страница ни е потребна НАМ)?!? Тоа е сулудо! Кога јас се запишав на Техничкиот, насока Техничка Информатика, нашата страна беше цела година Under Construction . Видовме дека We're fucked ако продолжи вака, па сами си организиравме,сами ја направивме, сами ја хостиравме (www.ti-tfb.net). By the people for the people! Со таа страница се олесни работата за едно 300%. И за оние што таму студираат (соопштенија,материјали..) и за оние што сакаат да бидат идни студенти (инфо. за студии,предмети,професори...)
Еее сега драг мој Андроник, знаеш што беше финтата во сево ова? БЕСПЛАТНО го направивме сето тоа, ни за пари, ни за оцена,ни за никакво олеснување....само за чувството дека нешто убаво си постигнал, и дека си му се нашол на стотина, можеби повеќе твои колеги. И се додека не се придвижат работите во таа насока, се дотогаш ќе има чичиња од комунизмО што ќе ти викаат дека си му влегол дури пијат кафе...
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Јесте да страната на отсекот Техничка информатика беше цела година Under Construction а на професорите им беше гајле за тоа.
После страната живна малце, но сепак сеуште ги нема потребните информации на сајтот. На сајтот може да се видат само предметите кој се изучуваат во овој отсек и кои професори предаваат, и уште некои ситници, а главното го нема, РАСПОРЕД алоо, распоред на часови и на испити, нон стоп да се ажурира, и сеа ја треба од Скопје да идам до Битола за да видам кога има закажано испити или предавања. А останатиот дел на сајтот мање битно.
 
T

The Blob

Гостин
Вотка не ни се надевај дека ќе има распоред на предавања или испити некојпат на www.ti-tfb.net .Тоа не е до агилност или ажурност на вебмастер(ите),туку до неажурноста на целиот факултет (да не речам и пошироко). Тоа е подлабок проблем кој не верувам во блиска иднина да се реши. Професорите закажуваат предавања и испити кога ќе им текне, па не постои човек (кој и за 500 евра плата) ќе ги брка сите низ факултет (еден по еден професор или асистент),па да го објави тоа на страницата. Мене многу ми е жал што те заебале (или уште те заебаваат да идиш во Битола ) само за да видиш кога има испит, ама знај и битолчанец треба барем 8-10 часови на ден да седи да ги разбере тие информации.
Муабетот ми е дека не е до страницата, туку до целиот факултет.
Ама, и за тоа има решение, иако многу после ова ќе речат дека е bullshit: соберете се сите што не сте од Битола кај деканот и кажете му го вашиот проблем. и колку да е застарен или неефективен деканатот, можеби ќе најдат решение. Ама тоа е друг муабет, неповрзан со темава.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Леле сајтот е
. Па срамота е, факултет за техничка информатика, па што прават тие спијат или толку е знаењето!?
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
deXterche напиша:
Леле сајтот е
. Па срамота е, факултет за техничка информатика, па што прават тие спијат или толку е знаењето!?
Зошто срамота бе Декс... да не требаше јас да им го правам... т.е. да, би им го правел... нека си платат... и нема проблем... ќе имаат еден од подобрите сајтови...
 
T

The Blob

Гостин
Димитар и Dexterche, за која страница зборувате? www.tfb.uklo.edu.mk е на техничкиот факултет во битола, а www.ti-tfb.net е на насоката за техничка информатика. За општата страна на технички факултет не коментирам, а ако нешто не е во ред со таа втората, пишете што, онака ме интересира. И ако имате некоја страница што сте ја правеле вие,пишете ја за да ја видиме.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Blob, втората е муабетот.... за тфб ја работеше еден другар кој btw им го даде и кодот... со цел да поправат... види што направиле...

Јас ја имам видено и пред да ја изменат, и страната е доста солидна.... + не е лош ни кодот (т.е. тоа во позадина)

На лаптоп ја гледам на резолуција 1280x768 (втората ТИ) и верувај УЖАС е

Јас имам сајтови многу, но најчесто не работам Дизајн... сега сум во фирма во БТ (после факултет) и работам аутсорсинг во .НЕТ за странство .. и да... Декс работи повеќе дизајн, па може да ти покаже нешто
 

Unstoppable

Баниран
Член од
27 јануари 2007
Мислења
702
Поени од реакции
0
Аман затворете ја темава.. зошто ги прегледав сите сајтови и верувајте ми се слоши :(
 

Бејко

unregistered user
Член од
14 ноември 2005
Мислења
222
Поени од реакции
1
ti-tfb.net Вие ја правевте? Лелеее од лижачите на Линда... ха ха ха ц`ц` ц`.
Ништо не сте направиле, само полоша слика за факултетот - курсот , за жал и јас се водам како негов студент. Ако не се нафатеја „доброволци” како вас , немаше да има толку глупаво дизајнирана страна... срамота!
Оти вака испаѓа ко да гледаш некој кај што прави сообраќајка, а ти само се смееш и коментираш: Е со ова бе во Европа ќе одиме...?
Па, не вози бре, ко не те бива. Подобро без страна отколку вакви резилоци.
 

HaKeRcE

All Rights Reserved ®
Член од
3 април 2007
Мислења
85
Поени од реакции
0
Незнам кој ги дизајнирал,ама лоши се страните
 

Бејко

unregistered user
Член од
14 ноември 2005
Мислења
222
Поени од реакции
1
Колку е тешко ко ќе начекаш лоша страна за некој што имаш позитивно мислење.
http://ikreidler.de/
Музиката им е одлична тука има нешто ако некого го интересира http://myspace.com/kreidlerde
 
Член од
30 јуни 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
зависи ....

Димитар напиша:
Eве кој е официално НАЈЛОШ сајт!!!
http://www.soulwax.com/
Зависи како гледаш на работите Димитар. Го разгледав баш сајтот то детал. Според мене идејата за овој сајт му е ЛУДНИЦА:zver: . Сајтот според мене е чиста 10-ка. Скрулерите му се за скрулање ххехехехе ... имаш доволно добро означена навигација и линкови за раширување и стеснување на фрејмовите...

Мое мислење ... сајтот е супер ... само зависи како гледаш на сајтот, дали естетика на прв поглед и ништо други, или види како уметност... сепак е дизајн - уметност - идеја ... во секој случај ... 1000 вкусови 100 сајтови :angry1:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom