За делот со Маца и вашите патриотски аверзии.
Како прво,сите сме Македонци,и не може некој форумски лик МЕНЕ (или кој било друг од нас како народ) да не учи што треба за да си Македонец.
Второ,ако била во Грција на одмор,не ја прави тоа помалку Македонка.
Јас лично се до оваа година имам одено во Грција,и многу ми е патетично кога ќе со појави некој "патриот" да ми бистри од удобноста на својот дом колку сум бил предавник.
Што сум правел во Грција,дали таму гордо сум застанал зад Македонија и шкртал графити по кафичите со Don't you Fyrom me,оставал плакети во туристички агенции дека ние ја признаваме Грција под името Bivsa Turska Republika (и тоа пред на сите генијалци на форумот да им текне да го фотошопираат)...
Сето тоа не е битно,ние меѓу нас ќе се караме.
Трето,колку реално на нас ни е битно пропагандата против Грција?
Прашајте што веев на Воен,и дали некој се побуни,освен форумџијата By Me
Да не продолжувам,секогаш ќе има потреба некој да држи лекции за патриотизам,хуманизам и ренесанса...
Секогаш ќе има некој што ќе е поголем Македонец од Македонците,секогаш ќе има,најблаго речено,"фурања" врз девојчиња од 16 години.
Темата има друга смисла,а вие не држите смисла.:kesa:
И не,имам девојка,не пробувам да и се додворувам :wink: