Фан Клуб: Баерн Минхен

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
I

InF3cTeD

Гостин
Хахаха, да го тужевме сите досега за тоа што ни го направи, барам оваа сезона, сите милионери ќе станевме.:)
А Мецлдер не е повреден, или само не го играат во Реал? Јас многу одамна го немам видено (не дека ги следам многу).
За Џеко, секако тој е извонреден играч и би било супер да дојде, ама барем до кај 40 милиони најмногу да се плати за него. Повеќе ако дадат, ќе оди на сметка на одбраната, а тоа е примарно.
Еј, Џеко и Гомез, би биле убиствен тандем.
шо корист од тоа шо ќе бидам милионер коа ќе патам од слабо срце,ќе бидам без нерви итн итн....:pos2:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Абе Ван Гал сакаше да биде тренер на Германија.:tapp:

Да го подржиме уште малце во Баерн, додека не се најде замена на Лоев кој ќе си оди по светското, само не дачмен да ја води репрезентацијата.:ija:

Инаку не верувам да си оди, тој така на шега го кажа тоа.

Инаку, каков Мертесакер бе, најглупиот дефанзивец, спор ко желка е, по спор и од Бадштубер.
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Ван Гал изјави дека сака да води некоја јака репрезентација на Светско како Германија,а исто вчера изјави дека ако годинава ја освоиме тројната круна,дека ќе си оди.

Искрено не мислам дека ќе си оди уште сезонава,па макар и се да освоиме(а ќе биде многу тешко)

Можно е ако даде Господ да земеме ЛШ,да земе некоја репрезентација,ама отом потом.Којзнае што ќе биде за месец дена.

Околу трансферите,тоа е расчистено.

Прво одбраната па после се друго!Ни фали ѕид ко Лусио....
 
Н

'Никола'

Гостин
Значи, како и да е, не е за долгорочни планови вГаал за кај нас. Јас па се понадевав дека ќе се вгнезди, и ќе го гради и води тимот едно добри 5-6 сезони па и повеќе.
 
Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Тоа е голем проблем што нема да сака да остане подолг период Ван Гал,и ќе треба да се мачиме од ново со друг(па тој има свои нови идеи,свои желби за да се донесат нови играчи),па претумбации во составот привикнување на нови тактики и ќе се уништи се што ЛВГ го прави во моментов.:toe:
 
Alex_DarklorD

Der Kaiser
Член од
1 октомври 2008
Мислења
298
Поени од реакции
8
Тоа е голем проблем што нема да сака да остане подолг период Ван Гал,и ќе треба да се мачиме од ново со друг(па тој има свои нови идеи,свои желби за да се донесат нови играчи),па претумбации во составот привикнување на нови тактики и ќе се уништи се што ЛВГ го прави во моментов.:toe:
се е точно, освен само од некоја страна ако изникне пак чичо Отмар :vozbud:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ја ќе бидам нов тренер...:salut:

Одма од управата барам да се продадат: Клосе, Демихелис, Брафхајд, Лука Тони, Тимошчук, Лел.

И ги купувам, Вермален, Нојер, Ван Перси, Де Роси, Алекс и Марин.

The fans gonna love me!:back:
 
Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Боби[Мкд];3473268 напиша:
Ја ќе бидам нов тренер...:salut:

Одма од управата барам да се продадат: Клосе, Демихелис, Брафхајд, Лука Тони, Тимошчук, Лел.

И ги купувам, Вермален, Нојер, Ван Перси, Де Роси, Алекс и Марин.

The fans gonna love me!:back:
Боби не е се така лесно ко што ти си мислиш.Сите сакаме да дојдат овие играчи што ги наброја,ама не е толку едноставно да се направи тоа:smir:
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Боби[Мкд];3473268 напиша:
Ја ќе бидам нов тренер...:salut:

Одма од управата барам да се продадат: Клосе, Демихелис, Брафхајд, Лука Тони, Тимошчук, Лел.

И ги купувам, Вермален, Нојер, Ван Перси, Де Роси, Алекс и Марин.

The fans gonna love me!:back:

Да да,и Перез коа дојде сите го сакаа,па сеа нејќат очи да му видат!

Не е исто Фудбал Менаџер и реалноста.
 
Член од
10 јули 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
197
Dobro vika CENTO netreba da bideme i nie ka real
Dzeko ova ona
vPersi ova ona
Nie od kaj znaeme so plan ima vGaal ako igrame so
------Roben----Kros-----Ribery---
-----------Gomez-----------kaj ima mesto za Dzeko kaj ima mesto za vPersi netreba da zemamo napagaci ako igrame so Roben--Kros--Ribery vo sredina
 
Како бе не треба? А Робен и Рибери што се повредуваат на секој трет напревар? А што треба да има јака клупа тимот, да ротира играчи.

И самите признаа дека вчера биле скапани со Леверкузен, и дека едвај чекале одмор. Или дрвоно Клосе ќе биде замена за Гомез?

А Лам бе? Сите натпревари што ги одигра, се гледа умор и кај него. Слаб е последниве натпревари.

Ако се повреди Лам? Можеш да замислиш што ќе се случи?:ija:
 
Н

'Никола'

Гостин
Боби[Мкд];3473520 напиша:

Да да, сето тоа ок, али да ги доведеш вПерси или Џеко за да греат клупа.:nenene:
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Боби[Мкд];3473520 напиша:
Како бе не треба? А Робен и Рибери што се повредуваат на секој трет напревар? А што треба да има јака клупа тимот, да ротира играчи.

И самите признаа дека вчера биле скапани со Леверкузен, и дека едвај чекале одмор. Или дрвоно Клосе ќе биде замена за Гомез?

А Лам бе? Сите натпревари што ги одигра, се гледа умор и кај него. Слаб е последниве натпревари.

Ако се повреди Лам? Можеш да замислиш што ќе се случи?:ija:

А како планираш да имаш играчи од калибарот на Робен и Рибери кои ќе ти седат на клупа????Кој нормален со такви квалитети како нив би седел на клупа????Нема логика.

Клупа да,треба да се има солидна заради ротација,ама нема екипа во свет каде играчите во прв состав се ист квалитет како играчи на клупа.Затоа овие вториве се на клупа.

И ја сум да се земе напаѓач ама сооглед на тоа дека ќе играме со еден шпиц,нема логика тоа да биде Џеко.......Нема теорија да ти седи на клупа.

Ефектот со премногу ѕвезди на едно место се вика Реал ефект.Тотален дебакл на сите полиња......Тоа е меч со две оштрици.

Затоа мора да имаме избалансирана екипа!

И аман више со тие напаѓачи.....Дај ако толку сакате напаѓачи играјте менаџер па купете 11 напаѓачи у Баерн.

Во реалноста,плаче екипата за дефанзивци.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Да да, сето тоа ок, али да ги доведеш вПерси или Џеко за да греат клупа.:nenene:
Ее брат, ако дојдат тие Гомез комотно ќе си грее клупа.:)

А како планираш да имаш играчи од калибарот на Робен и Рибери кои ќе ти седат на клупа????Кој нормален со такви квалитети како нив би седел на клупа????Нема логика.

Клупа да,треба да се има солидна заради ротација,ама нема екипа во свет каде играчите во прв состав се ист квалитет како играчи на клупа.Затоа овие вториве се на клупа.

И ја сум да се земе напаѓач ама сооглед на тоа дека ќе играме со еден шпиц,нема логика тоа да биде Џеко.......Нема теорија да ти седи на клупа.

Ефектот со премногу ѕвезди на едно место се вика Реал ефект.Тотален дебакл на сите полиња......Тоа е меч со две оштрици.

Затоа мора да имаме избалансирана екипа!

И аман више со тие напаѓачи.....Дај ако толку сакате напаѓачи играјте менаџер па купете 11 напаѓачи у Баерн.

Во реалноста,плаче екипата за дефанзивци.
Како што може и Клосе да седи на клупа ќе може и новиот напаѓач што ќе дојде ако си оди Клосе, ако новиот е поголемо дрво од Гомез, ќе си седи на клупа, али ако е Џеко или Ван Перси, тие ќе бидат прв избор на клубот.

Јеа, ју херд рајт, 35 милиони напаѓач на клупа. Луксуз!:wink:
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Боби[Мкд];3473549 напиша:
Ее брат, ако дојдат тие Гомез комотно ќе си грее клупа.:)

Како што може и Клосе да седи на клупа ќе може и новиот напаѓач што ќе дојде ако си оди Клосе, ако новиот е поголемо дрво од Гомез, ќе си седи на клупа, али ако е Џеко или Ван Перси, тие ќе бидат прв избор на клубот.

Јеа, ју херд рајт, 35 милиони напаѓач на клупа. Луксуз!:wink:

Да.Таков луксуз си дозволи и Реал со Бензема(цена:точно 35 милиони евра),па момакот кој се сметаше за идниот Зидан неможе гол да даде,а Реал е елиминиран на сите фронтови.И има ред други пример.

Фала за таков луксуз

Не се палете ко млади мајмуни.Парите треба да се трошат сразмерно со потребите не екипата.Клосе има 32 години,и нормално е да седи на клупа и да игра повремено.Џеко има 24 години,и пре би работел нешто друго,отколку да седи кај нас на клупа,веруј ми!

Откако квалитетно ќе се засили одбраната,може да збориме за напаѓач.Но максимум до 15 милиони евра.Некој млад,и екстра талентиран...

п.с.

Гомез воопшто не е дрво.Тоа што не дава хет-трикови на секој натпревар како што си замислил ти,незначи дека е дрво.

Едно мало потсетување.Во победата против Манчестер на која сите скренавме,голот на Олиќ е 80% работа на Гомез.Види ја пак снимката.Тоа што некои работи не се појавуваат на гол-таблата не значи дека се дрва и дека не ги бива.Ова е екипа со холандски шмек,и сите имаат подеднаков придонес во играта,без разлика на тоа кој ќе го даде голот.Сите имаат свој удел.Тоа е филозофијата на Ван Гал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom