Фан Клуб: Баерн Минхен

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Добра утакмица за старт на сезоната!Реално фер резултат!Ова ми беше првата утакмица на Баерн што ја гледав под водство на Клинсман.Има доста новини кои ми се допаѓаат,има и работи кои недостасуваат,а кои мислам дека со тек на време ќе се средат,сепак е прва утакмица.Баерн заразлика од лани кога играше цврст фудбал,каде головите главно паѓаа во второто полувреме,оваа година е сосема поинаку.Изразит е напаѓачкиот стил на Клинсман,што е добро,и Баерн игра доста модерен фудбал,со полушпиц,две крила и еден дефанзивен играч во средината.Фали малце стабилност во дефанзивниот дел,и затоа сметав дека е добро да донесат некој како Гатузо,ама и вака ќе биде ок.Добро е што Клинсман дава шанса на младите,нешто што беше реткост прошлата сезона.Ја викам да почекама бар едно 5-6 утакмица,за да објективно и реално видиме какви ни се шансите оваа сезона во ЛШ,каде што треба да ги насочиме силите!!!
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Тони се враќа сигурно против Дортмунд.Дилемата деновиве е што да се прави со Клосе.Дали Клинсман поради неговата лоша форма треба да му одстапи место на Подолски,кој рака на срце добро изигра со Хамбург.Инаку РИбери за некој ден ќе почне со лесни тренинзи,и за некоја недела се враќа во игра!!!
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Би требало Клинсман да му даде шанса на Подолски. Не беше лош на натпреварот против Хамбург, а Клосе речиси никаде го немаше. Ако и ова сезона Подолски игра малку сигурно ќе си замине од клубот.
 
Член од
8 март 2007
Мислења
1.405
Поени од реакции
20
Би требало Клинсман да му даде шанса на Подолски. Не беше лош на натпреварот против Хамбург, а Клосе речиси никаде го немаше. Ако и ова сезона Подолски игра малку сигурно ќе си замине од клубот.
Не верувам дека ќе направи измена во нападот за натпреварот со Дортмунд.Претпоставувам дека Тони ќе влезе во вториот дел.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Мора да му се дава шанса на Подолски.Не смее да се занемарува неговата игра против Хамбург која беше 3 пати подобра од Клосе.Супер изигра дечкото и заслужува да игра со Тони во нападот.Швајнштајгер изигра исто топ.Сеа дека фали Рибери фали,ама мора да се компензира,мора да научат да бидат топ и без него!
 
Член од
8 март 2007
Мислења
1.405
Поени од реакции
20
Не сум голем оптимист за натпреварот со Дортмунд.Играта на Баерн се темели врз Рибери.Тоа се покажа и на натпреварот со Хамбург.Кога ќе научи Баерн да игра без Рибери тогаш ќе можат да победуваат со леснотија.
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Не сум голем оптимист за натпреварот со Дортмунд.Играта на Баерн се темели врз Рибери.Тоа се покажа и на натпреварот со Хамбург. Кога ќе научи Баерн да игра без Рибери тогаш ќе можат да победуваат со леснотија.
Се согласувам. Рибери е моторот на Баерн. Без него играта е многу поразлична. Се мачат да дојдат до добар резултат. Се надевам дека ќе успеат да изиграат барем нерешено.
 
Член од
8 март 2007
Мислења
1.405
Поени од реакции
20
Дортмунд - Баерн 1 - 1

Како што и очекував не победивме,а сето тоа беше по вина на Ван Бомел.Не знам што се случува со овој фудбалер.23 минути беше во игра и доби 2 жолти картони.Сметам дека капитенската лента треба да му биде одземена и да се даде на Лусио.Откако Ван Бомел го напушти теренот Баерн имаше многу подобра игра,создаде многу шанси и тоа имаше резултат.Се надевам дека ќе биде продаден Ван Бомел во скоро време.
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Ван Бомел е првиот странец кој бил капитен на Баерн. Клинсман изјави дека смета дека тој е вистинскиот човек за капитенската лента бидејќи имал добар однос со сите играчи. Исто така бил смирен човек и плус полиглот, па можел и да се разбере добро со сите.

Со оглед на околностите и повредените играчи 1-1 со Дортмунд е добар резултат.
 
Член од
8 март 2007
Мислења
1.405
Поени од реакции
20
Ван Бомел е првиот странец кој бил капитен на Баерн. Клинсман изјави дека смета дека тој е вистинскиот човек за капитенската лента бидејќи имал добар однос со сите играчи. Исто така бил смирен човек и плус полиглот, па можел и да се разбере добро со сите.

Со оглед на околностите и повредените играчи 1-1 со Дортмунд е добар резултат.
Да бил смирен човек немаше да добива толку црвени картони
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Od sto mnogu se k**cat, zatoa na kraj zaebavaat i ne im iskacaat rezultatite ko so treba. Poslednava so Dortmund ne je gleav, ama slusnav deka spasile glava so crven. Toj kiks ajde i taka i taka, ama ona sto se desi prvoto kolo protiv HSV bese sramota. Za nepolni 20ina min. povedoa so 2-0, i ja da imase kako ke se oblozev deka ke dadat use tri, a oni sto napraija, se povlekoa, go potcenija Hamburg i toa skapo gi cinese.

U idnina ke mora da se prisoberat i da izlagaat na teren so mnooooogu pogolem respect kon protivnicite, posto ne se samo tie edinstvena kvalitetna ekipa u Germanija. A vo isto vreme nikako ne smeat da se vadat za slabite rezultati preku povredata na Riberi. Toa im e so sigurnost No.1 igrac u timot, no tie se tim i moraat da pobeduvaat i bez negova pomos ... !!!* :wink:
 
Член од
8 март 2007
Мислења
1.405
Поени од реакции
20
Мислам дека Боровски треба да добива повеќе шанса во првиот тим наместо Ван Бомел.Откако влезе во второ полувреме,Баерн играше многу поофанзивно и создаде неколку шанси,дури и беше стрелец на единствениот погодок за Баерн.Исто така Отл треба да добива шанса да игра како последен фудбалер во средината.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Сеуште ќе се воздржам од коментари и критики.Лесно да се збори,ама тешко да се реализира,такада ќе почекам уште некој натпревар.Ова е сосема друг Баерн,со сосем друга постава.Видете ја само клупата,почнувајќи од тренерот па ќе ви стане јасно.Видете го и голот на Баерн па ќе видите која е состојбата.Од играта сум задоволен,иако не донесе победа.Оваа сезона Баерн може да даде гол од било која позиција,а не како порано само со високи додавања од Рибери кон Тони и Клосе.Сезонава се игра отворен фудбал со акции,во кој учествува тимот.Потфрли одбраната досега,но мора да сватиме дека има доста повредени играчи,поточно клучниот столб во одбраната е повреден а тоа е Демикелис,а фали и Сањол.Такада мислам од утакмица во утакмица состојба значително ќе се менува.Знам дека чекањето убива,ама тоа е тоа!
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Другови,многу работи се сменија во рок од 24 часа,а и како што привршува трансфер пазарот така и ќе биде.
1.Си замина Марсел Јансен и тоа вчера за сума од 8 милиони евра премина во Хамбург.Искрено се разочарав,но...
2.За само 24 часа Баерн го доведе Масимо Одо од Милан,на позајмица од една година!!!!!


Ова е одлична вест според мене.Ем ќе ка зацврстиме десната бековска позиција,каде Лел не е некој квалитет,а од друга страна Тони добива одличен другар од италијанската репрезентација.Одо е моментално во Минхен на лекарски преглед,и потпишување на договор,а веќе утре ќе го има првиот тренинг.Дебито ќе му биде најверојтано во Недела против Херта.
Во изјава за Кикер,Хенес го потврдува овој трансфер нормално,и истотака потенцира дека до 1 Септември ќе има уште едно засилување на централната дефанзивна позиција!!!Па да почекаме.Одлични вести за Баерн!!!

http://www.fcbayern.t-home.de/de/aktuell/news/2008/16830.php
потврда за Одо на официјалната страница на Баерн!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom