Непотребни предмети

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Не!!! Знаеш зошто? Затоа што Св. Кирил и Св. Методи не создаваат јазик туку само азбука. Јазикот е создаден по придоден пат и припаѓа на Индоевропските јазици. И ние не доаѓаме од зад Карпатите. „Од зад Карпатите“ е поим порано користен од Русите за тоа од каде доаѓаат нивните предци. Гледано од Русија зад Карпатите доаѓа...? Потруди се да најдеш на карта.
Е затоа треба да се учи Македонски. За да знаеш кој си.
Tочно, а добар сум во гугл `рт, така да тие ќе ги најдам за околу 5 секунди, во зависност од брзината на интернет конекцијата...обично најбрз сум во барање на аеродроми...
Има доста што уште не го научиле за жал.

Не е дека не му се учи Македонски... желбата за инает кај него е поголема, знае дека се расправа за дебилна работа, убаво знае.
Не.
Аха...и баш ме интересират...до која буква си? :pos2:
ABC дата е 100% комплетирана уште пред 7 години.
 
ABC дата е 100% комплетирана уште пред 7 години.

Аааа па ти си бил врвен експерт за англиски...абе не ме смеј...

Љуѓе дај остајте го,шо нејќел да учит македонски не глеате не му одет јазици. :wink:
 
Sto e toa Gradjansko obrazovanie? :uvo:

Ееее тоа е еден посебен предмет, го воведоа јас кога бев 7 одделение, тоа ќе му дојде 2002 година значи, како задолжителен предмет во 7 и 8 одделение. Сега не знам како е, но јас кога бев, учевме од една книга, одприлика 60 страни, се на се 10тина лекции и се на слики удрено. Учевме што е демократија (а тоа го учевме и во 5 одделение по историја), учевме кои се малцинства во Македонија (демек по географија не сме учеле), правата на децата (кои ни ги читаа секоја година за детската недела), за функционирањето на државата, референдуми, парламенти и уште многу такви небитни работи според мене (кои, нели, си ги знаеме со редовно гледање телевизија :)), бидејќи се се повторуваше од историја, географија и македонски јазик-темите за појавата на јазикот и писменоста. Сето тоа резултираше со зголемен фонд на часови, а како во 7 одд. се воведуваат хемија и физика...уште ова фалеше.
 
Граѓанско беше глупости...џабе трошење време, само седевме еден час повеќе во основно.
 
Е ова е непотребен предмет. И ние учевме од таа книгичка и имаше 52 страни, секој месец учевме по една лекција. Глупости. За срека оваа наставничката беше многу добра и на сите ни пишеше петки. Мислам дека во четврта пак ке треба да го учиме.
 
Искрено не треба толку многу предмети на пример јас сега што учам и математика, биологија,хемија, историја или микробиологија. Што треба толку да знам од биологијата за да ми помогне во мојата идна професија или по хемија и реакциите (тоа на фармација дајте им и на лаборантите) или пак во микробиологијата за бактериите, вирусите итн итн итн. Или пак што има во историјата за мојата идна професија НИШТО! (Само што ја трпев Божана за џабе крв ми кипе од неа).
 
Е ова е непотребен предмет. И ние учевме од таа книгичка и имаше 52 страни, секој месец учевме по една лекција. Глупости. За срека оваа наставничката беше многу добра и на сите ни пишеше петки. Мислам дека во четврта пак ке треба да го учиме.

Не не не, во 4 година те чека уште еден безвезе предмет, наречен БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО.
 
И ние во профилот компјутерска техника и автоматика во трета година учиме бизнис..
 
Не не не, во 4 година те чека уште еден безвезе предмет, наречен БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО.
Кога гледав на листата што предмети ке се учат видов дека во трета и четврта ке се учи Бизнис, а во четврта Граганско образование.
 
Непотребни предмети? Прво што ми текнува е “Природни науки“. Братучед ми го учеше предметот лани во петто одделение, или сега го учи, во шесто, не знам. Важно, покрај биологија, екологија, географија, математика, физика и хемија (во седмо и осмо), решиле дека на децата им недостасува предмет “природни науки“. Немам поим што би можеле да учат освен повторување од некои/сите од горенаведените предмети. Залудно потрошени два часа неделно. После ќе имаат петтооделенци по шест часа! Епа, ќе имаат. :tapp:
 
Овој предмет е замена за екологија. Епа и екологија или како и да се вика е непотребен предмет. И ние го учевме, ама не учевме ништо туку го чистевме учелишниот двор, а јас пак за инает никогаш не чистев.
 
Со бизнис и претприемништво се е во ред. Прво и јас мислев дека се живи глупости, ама за 1 час многу научив и си видов дека појма немам. Ама за филозофија ооо тука мора да се бунам. Башка имаме блок 2 часа, леле леле, абе што ќе им е Филозофија на овие од Природната насока? Таа ни вика ако не знаете филозофија не ќе можете задачи да решавате, а до 4та година што решававме а немавме ни слушнато за предмет филозофија то е нешто друго а? Не дај боже. Што ми е мене гајле дали јајцето или кокошката е прва? Се жалев македонски 400 страни беа книгите, сега и ова 400, е аман.
 
уфф..абе за секого има по некој предмет да се отфрли..сите ние не сакаме нешто да учиме и не не бива за тоа така да треба уште од некоја одредена возраст да се усмеруваат децата таму каде што ги бива..како што е во повеќето поразвиени земји..колку што јас знам..а не вака како кај нас...имаме мал милион предмети и секој ти труби по 45 мин над глава и сите различно и на крај на денот си како изгубен! ако ги слушаш сите...стварно е многу заебано...еве јас сум на ПМА..и ја морам да ги слушам и биологија и историја и хемија а за кој к*р кога мене после нема да ми требаат ни на факултет ниту пак на работа! али ајде иди докажи на некој у наша земја нешто..и после европска унија...епа нема..:pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom