Имам самсунг D500, ама мрежата нешто зафркава... Падни стани прај нон стоп... скоро секогаш ми е на две коцки, често паѓа на 0 , а многу ретко да се крени на 4 ...
Го однесов овде на сервис во хрватска, му сменаја звучниче ( пошто и тоа заебаваше ), и како што видов на сметката сменале и некаков си "GSM radni sat" . То ваљда е за мрежата... Ама пак заебава... А да го носам на сервис пак немам време, треба да си идам во Македонија. Ме интересира колку пари во Македонија би ме чинел сервис за проблемот со мрежата ?
А, btw ме интересира колку кошта батерија за истиот телефон ?
Тоа на сметката радни саат - значи работен час, т.е. не наплаќаат по тоа колку кошта телефонот или логично сервисот, туку по тоа колку време им одземал телефонот.
Кај нас во Македонија пример се проценува телефонот и така се наплака сервис услугата, пример звучник за звонење на Нокиа 6100 се наплака 250 денари, додека на Н73 се наплака 800 денари - истиот звучник и двата го користат :pos2: .
А таму во Хрватска или каде и да е наплакаат по тоа колку време ке им одземе монтажата, без разлика дали телефонот е стар 5 години и не вреди ни 500 денари или е најнов модел
- како и да е малце е нелогички да наплакаш по работен час, оти мене понекогаш ми требаат и 2 минути да расклопам Н80ка а некогаш и 40 минути ке изгубам
вака значи - за мрежата да ти се направи на Д500 прво мора да се провери што е расипано, според мене чим имаш мрежа ама немаш доволно сигнал, најверојатно или антената е оштетена, или конекторите од антената или филтрите за антената. Како и да е ако е нешто поврзано со антената повеќе од 800 денари нема да те кошта - филтрите се 800 денари; антената е 500 денари; зачистување/подигање/прелемување до кај 300 денари.
Батерии имаш повеќе видови, имаш на водафон се 300 денари, на ТЛЦ телеком 400 денари и оригнални на самсунг 600 денари. Како и да е батеријата ти трае кратко поради недоволниот сигнал, самата мрежа влече голем напон и затоа батеријата ти трае (кхм... преку сила 8 часа така?)
што да ти кажам, однеси го на сервис, ке ти кажат дали се праи, колку се праи, како се праи, зошто се праи и така натака...
евентуално најлошо што би можело да биде е да ти рикнал блутут чипот кој истовремено работи и како модем и а воедно ја контролира и мрежата - ама во тој случај поголемиот дел од времето воопшто би немал мрежа.
п.с. ако не те мрзи внеси *#232337# и пиши ми ја блутут адресата, да проверам нешто.