Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Од два коментари на една тема ми дојде идеја за темава. Не знаев дали да ја отворам во Општи муабети или тука, но сепак одлучив да остане овде. Ако треба, ќе ја префрламе.
Значи, одиме понатаму.
Дали простувањето е ослободување на самиот себе си од стегите на некоја болна случка, дали е ослободување на другиот или и на двајцата?
Сте имале потреба да ви прости некој? Како сте реагирале во такви моменти кога имате потреба да знаете дека ви простуваат? Молите за прошка, искрено кажувате дека сте згрешиле и сакате да продолжите понатаму со крената глава?
За да побараш од некого прошка, или ако барем ја чувствуваш таа потреба, треба прво да се покаеш?
Лука 17: Пазете на себе, ако згреши против тебе братот твој карај го и ако се покае прости му. И ако седум пати на ден згреши против тебе и седум пати на ден дојде и ти рече `Се кајам` прости му.
Значи, одиме понатаму.
Дали вие сметате дека простувањето е за послабите? Дали ако не простиш - ти си силна личност, цврсто застаната и доследна на своите принципи да не попуштиш? Или обратно - ако простиш си се издигнал повисоко и си ја ослободил душата од напнатост, горчина, мисли што оптеретуваат за одредена ситуација/личност во животот?protivpropaganda напиша:Значи со самото признавање сме на пола пат до излекувањето, нормално доколку личноста има намера да промени нешто, нели? Следниот чекор е простување на причинителот или простување себеси. Ова е тоа што сите го изумија да го спомнат, можеби бидејки кај нас, општествено, се смета дека простувањето го практикуваат само послабите единки (сила бога не моли, нели).
Колку е за вас тешко да простите? Дали им простувате на луѓето, барем длабоко во себе? Дали сте доволно силни во очи на некој да му кажете: „Ти простувам, ослободи ја душата“?bibika напиша:Простувањето е многу тежок процес.Најтешко се совладува.