Бидејќи камерата е на страната на ФА, убаво се гледаат ЦПБ во кадар... и се гледа дека скокаат и навиваат, а не се слуша ништо... е сега, изгледа на таа страна нема поставено други камери па затоа далеку послабо се слушаат... сега нешто се најавува дека ФА би можеле да ги исфрлат, после ова што се случи... иначе, и јас како Сабер Ридер мислам дека Марин глумеше, беше удрен, и јас видов дека долета предмет ама како легна како со куршум да го погодија
... Добро, можеби и тоа е дел од тактиката, може сега да извлечат максимум па да ги исфрлат ФА и потоа да биде каде-каде полесно за Работнички, ќе го нема тој притисок од тој дел на трибината, е сега дали ќе се случи тоа, ќе почекаме
... Според мене, мислам дека не беше потребно ова, каков е-таков е, сепак тој е селектор на Македонија
Перо и Тимбата се во елемент, но Симиќ и Вер имаат по 4 лични, а сеуште не е завршило прво полувреме... а, Работнички и онака се тенки на тој центарски дел, па би било многу тешко во продолжение од натпреварот доколку овие двајца направат уште по една лична грешка...
Сега се вклучија, коментаторите кажаа дека изгледа ќе продолжи натпреварот, но доколку се случи и најмал инцидент, натпреварот ќе се одигра пред празни трибини некој нареден датум...