Ај се решавам и јас да кажам збор два за утакмицава пошо глеам на долго и на широко сте почнале да се расправате!
Прво вака, не сум некој навивачки фанатик, ама секогаш сум одел да го гледам својот тим (Работнички) онака мирно, д не речам театарски! Ама коа станува збор за дерби тогаш едноставно не се останува рамнодушен!
И сеа вака, кога станува збор за тоа кој е по броен (последниве сезони), тоа сигурно се Аеродромициве. Мислам коа зборам за навијачката група! Ама за полседниов натпревар кој шо сака нека каже неможе да ме убеди дека ФА биле побројни, или погласни или пак не дај боже подобра кореографија! Ај може јас самиот убаво не сум видел, ама по натпреварот прашав другари шо биле на неутралната трибина и ми кажаа дека ЦПБ беа поише! За оние што гледале на телевизија нормално е нив да ги слушаат поише зашто камерите беа од таа страна!
За транспарентите од ФА нез шо да кажам! Викаат и да освоиш титула пак ќе бидеш сам!!! хахаах! Кажете кога не бил полн градски парк посебно кога се освојувале титули! Умрев од смеа, и само да напоменам дека цело скопје навива за Работнички, за за МЗТ само Аеродром.
Тоа најубаво се виде по оние ’’неутрални навивачи‘‘ од нив кога заврши натпреварот дали одвај 50 души даваа аплауз и се радуваа!!!
Толку имам да кажам!
Поздрав и ајде нема смисла да не им ја честитаме кошаркарската победа на Аеродромциве, и тие да се порадуват, БАРЕМ НА КРАТКО!!!