Репрезентативна "петорка" во Градски парк
Нови играчи на бранителот на титулата во новата сезона и официјално ќе бидат Александар Димитровски, Ѓорѓи Чековски, Димитар Мираковски, Дарко Соколов и Енес Хаџибулиќ
Ако и имаше некои дилеми, сега и нив ги нема. И официјално екипата која во наредната сезона ќе ја брани титулата, во оние 24 дополнителни часа од преодниот рок, ги потврди регистрациите на неколку репрезентативни имиња.
Она што беше присутно, особено по враќањето на нашиот национален тим од ЕП во Полска, на паркетот во Градски парк, само се потврди и "горе' во канцеларијата на 14. кратниот македонски шампион.
Новото раководство на клубот за новата натпреварувачка сезона ги пријави Александар Димитровски, Ѓорѓи Чековски, Димитар Мираковски, Дарко Соколов и Енес Хаџибулиќ.
Претходно, пристапници кон "црвено-белите" потпишаа уште и браќата Илија и Душан Боцевски.
Согласно со тоа, кога се зборува за Работнички, може да се каже дека шампионот дојде до една екипа која делува доста квалитетно и пред с$ искусно, која извесно е дека ќе има збор во новата сезона.
Седум имиња со префикс на репрезентативни, споени со уште неколку млади, кои до лани беа дел од младинскиот кадар на "црвено-белите", би требало да бидат гарант за понатамошни успеси.
Но сето тоа, барем засега, е само на "хартија", затоа што и покрај промените, и оние во раководната структура, засега никој во "Градски парк"” не зборува за финансискиот дел од работењето на клубот предводник на македонската кошарка.
Заминувањето на "Фершпед" остави голема дупка во "Градски парк", која во овие последни денови, според најавите од клубот, би требала да се "затвори" со изнаоѓање на друг спонзорски тим по кој интензивно се трага.
Б. Радуловиќ
Работнички регистриран во Централниот Регистер
Чекор напред направи Работнички во поглед на стабилизацијата, пред с$ онаа во раководниот сектор.
Имено, во текот на вчерашниот ден во Градски парк дојде информацијата дека КК "Работнички" е регистриран во Централниот регистер на РМ, и тоа со новата раководна структура избрана на неодамнешното Собрание на клубот.
Од Градски парк и информација дека македонскиот шампион во наредната сезона, и официјално, ќе се натпреварува под името "Работнички".