Сите жени се исти?

  • Креатор на темата Креатор на темата Хоуп
  • Време на започнување Време на започнување
Нема потреба, човекот е образован и ги почитува моите размислувања.
Гледаш дека непотребно ги ставате сите во исто купче?
Не е Ска толку откачен како што се преставува тука. Едноставно игра прецврсто и те провоцира.
Е сега во врските со скроз странци и од култура далечна од нашата, можни се сарпрајзи и те како и од образовани лучности.
Бидејки колку и да е образован, базичната културна матрица останува иста. Само се прилагодува на ситуацијата. Тоа што е образован, живее во Исланд, со Европејка не значи дека е против и нема да му биде покомотно да седне на ќебе крст нозе и да јаде доле и мака со прсти. Карикирам.
Имав персијци комшии, супер образовани, културни, не се верски фанатици не се молеа, ама тоа чмаење на под, јадење со раце без прибор си го густираа. Мене ми даваа прибор, тие по нивно. Исто сум имал такви ситуации и во Ирак.
Не велам дека е лошо или само нашето е исправно, ама има остри ќошеви во таков лавиринт. Бар за наше сфаќање, пошто нели и на нас културната матрица ни е таа од детството.
 
Не е Ска толку откачен како што се преставува тука. Едноставно игра прецврсто и те провоцира.
Е сега во врските со скроз странци и од култура далечна од нашата, можни се сарпрајзи и те како и од образовани лучности.
Бидејки колку и да е образован, базичната културна матрица останува иста. Само се прилагодува на ситуацијата. Тоа што е образован, живее во Исланд, со Европејка не значи дека е против и нема да му биде покомотно да седне на ќебе крст нозе и да јаде доле и мака со прсти. Карикирам.
Имав персијци комшии, супер образовани, културни, не се верски фанатици не се молеа, ама тоа чмаење на под, јадење со раце без прибор си го густираа. Мене ми даваа прибор, тие по нивно. Исто сум имал такви ситуации и во Ирак.
Не велам дека е лошо или само нашето е исправно, ама има остри ќошеви во таков лавиринт. Бар за наше сфаќање, пошто нели и на нас културната матрица ни е таа од детството.
Точно, културолошки разлики постојат и од двете страни. Со текот на времето научивме да ги прифатиме, во име на љубовта(и големиот кур). :love:
 
Она му зборела за феминизам :kafence: се кладам дека се понаша како маче знаејќи дека ќе ја збумбари ако мрси мадиња.
 
Не ми се пишува чаршафи, само да прашам: кај е границата помеѓу приоѓање и сексуално вознемирување? Кој ја одредува? Има ли градација?
Бај д веј сте чуле за изразот убиство у поим? Е тоа не се рачуна ни за убиство, ни за насилство. А поголемиот број на мажи се убиени на тој начин од нивните понежни :cenzura: половинки:popce: па ником ништа, не се шета со пароли стоп за женското насилство.
Е да си ми жив и здрав чи Фанеле. Кој неможе да го разбере поимот убиство у поим, тој може само да носи пароли ,,стоп за насилството врз жените,, и да ги псуе и колне институциите и нивната неспособност а без да има никаква идеа за тоа од каде доаѓа голем дел од тоа насилство па соодветно на тоа и да се реагира, превенира и спречи. Без тоа, борбата против насилството е само барање подобри канти за црпење на водата од дупнат чамец, без да се бара дупката и начин како да се затне, без да се утврди по кој рута и каде се дупнал чамецот за да се знае дека таму има спила, гол нихилизам....
И не, муабетов не е оправдување на насилството на ниту еден начин, туку обид монетата насилство да се погледне од двете страни, со сиот ризик дека од мнозина ке бидам погрешно разбран.
И еве еден вистинит муабет кој мислам дека ке го долови моментот за кој зборувам. Минатиот викенд бевме излезени (седенка во ресторан) тројца другари заедно со поубавите половини. Разговорот на масата спонтано тргна за насилството врз жените, нели актуелна тема во периодов, охрид, битола, петар.... па женскиот дел од друштвото предничи во темата, физичко насилство, психичко насилство, феминизми, данска, шведска, германиија.... ние, двајца од мажите коментираме, осудуваме насилство, воглавно се слагаме со женскиот муабет, некаде држиме фронт... само Митре молчи и прати муабет. Кога веќе во муабетот се издишија страстите и се тргна во правец на шеги околу темата, жените почнаа да се шалат околу тоа што ке ни направеле ако вршиме насилство врз нив, па полиции, затвори, рицино во кафето, до ланате во чајот.... Митреица, жена со жив темперамент, за да го активира Митре во разговорот, му вели дака ако тој врз неа изврши насилство ке му викне полиција и социјално и веднаш ке го исфрлат од куќата па нека си спие во камионот.... (сега е битниот момент) Митре не се смее на шегата, ги крева очилата на главата, шмука од цигарата и со кос поглед и возвраќа: Митро, еве скоро 25 години сме во брак (многу млади се зедоа), јас не сум извршил насилство, па гледај така и да остане, а ако дојде до насилство куќа тебе нема да ти треба а ниту пак мене ќе ми треба. Од служби за интервенција ке нема потреба, едино само од мирен сон ке треба да интервенираат. Али, не се секирај, јас никогаш врз тебе нема да извршам насилство ако ти врз мене не извршиш насилство, јас само може да возвратам на насилството со насилство. 5 секунди штама на масата а потоа рафална стрелба од жените и мажите кон Митре, од цара до стопана, од мајка до шајка, па до Митра е женско со 60 кила а Митре е мажиште со 120 кила и отслужен воен рок, снага која може да се тепа (и се тепала) со 10 други мажи и истовремено на гајда да свири..... зааклучок, Митра ниту на сон неможе да изврши насилство врз него, дури и да проба да го нападне, Митре ке треба како Крале Марко да и рече ,, ој ти Митро, ал вистина маваш ал од кожув правот ми тресеш,,... Митре мирно го слуша рафалот и продолжува: Да, не е спорно дека Митра неможе мене да ме натепа, ниту пак јас реков дека ке и возвратам ако проба да ме тепа. Еве пред сите кажувам дека јас никогаш не би и возвратил ако ме удри или физички ме нападне, нема на што да возвратам. Тоа е друго, не зборувам јас за тоа. Но, нели рековме пред малку на масава дека не е само физичкото насилство туку дека постои и психичко насилство и тоа насилство е многу полошо. Јас зборувам ако она изврши врз мене психичко насилство, психички ме сјебе, тогаш на тоа насилство јас ке возвратам со насилство. Дали не е психичко насилство врз мене ако ме изневерува, ако тргне у швалерај? Па тоа е најголемо насилство што може да го изврши, психички ќе ме срози со земјата, ќе ме уништи како човечко битие, јас нема да бидам способен за живот, ќе се помоча на целиот мој живот и труд, ке се помоча на семејството и децата, на образот, честа..... што би бил јас после такво нешто? како би живеел јас после такво нешто? И шо треба јас да правам? Да и стиснам лајк на сликата со швалерот? Ако ме доведе во таква психичка состојба, верувајте, јас нема ни да бидам способен да размислувам за последици и закони, инстантно ке возвратам со насилство и тоа со таква жестина што ако она или швалерот преживее тоа би било чудо со голема среќа и голем труд на хирурзите... И кој тука ке може да стори било што? Полицијата? Социјалното? Судот? Кој полицаец може да биде до нив за да ги спаси? Зошто било која институција би била виновна? Каков закон ќе може да ги спаси кога јас сум кренал раце од сопствениот живот и кур ме боле што ке биде после?....
......................
Митре е човек кој ми е другар од детсвото па до денес. Митре е добродушен и мек како памук, чесен и честит човек. Митре нема кренато ниту прст кон жена му, си ја сака и почитува, се зедоа многу млади и поминаа низ многу тешкотиии во животот, почнаа баш од една лажичка што се вели. Сега се супер.
Едно сакам да потенцирам, Митре има многу висок праг на толеранција, можеш да го газиш а тој да не реагира, но после тој праг Митре нема краток фитил, Митре после тој праг воопшто нема фитил, има каписла која динамитот го активира во дел од секунда, па кој може нека се спаси....

И после Бранко е крив.
 
Back
На врв Bottom