Обично не пишам ништо ама испровоциран од статусот на ПОТПРЕТСЕДАТЕЛО сакам да кажам неколку работи.
1. Реакцијата на Стерјев е непрофесионална, и не доликува на некој што има таква функција во клуб каков што е Пелистер или каков што би требало да биди. Реакцијата е како вие да немате одговорност, како ти да си уште еден навивач шо седи на трибина и критикува „Сѐ ви е даено". Па кој му даде пријателе сѐ? Ние или вие? Ако имате проблем со играчите и сметате дека потфрлаат, тогаш тоа треба да си го решава тренерот, ваша задача како одговорни лица е да најдите добар тренер, добар менаџер/и, скаути кој ќе носат добри/солидни играчи. Ако на вакви играчи им е даено се, а тие потфрлаат тогаш вината барајте ја во вас, затоа што вие сте им дале такви договори на овие играчи и вие сте ги донеле. И пилињата знат дека овај тим е едно ниво подолу од тој лани, нема ростер, нема широка клупа, играта ни е сведена на „да му тргни на фитиљо" и пас на пикер. Ко ќе дојди тим шо со појјака одбрана и шо ќе ни ја неутрализира играта со пикер ние одеднаш станваме екипа која нема идеја во напад и се ослонва на индивидуална акција на фитиљот. Зато Червар игра 7 на 6 зато шо немаме бекој ниту и сака да искористи то шо на пикер имаме 3-ца солидни играчи. На Манасков не сте му дале повисока плата, иако беше најдобар играч убедливо лани, а плаќате оштета за Татар и плата за други анонимуси шо ги немаме воопшто видено во сала. Со реакцијата само се удира врз играчите кои реално изгинаа во два дена два тешки натпревари а да не се лажиме Алкалоид не е селска екипа, не е Бутел, туку е тим со репрезентативци, со неколку странци и силно мотивирани играчи и тренер кој секогаш сакаат да победат против Пелистер. Ништо страшно, и Барселона изгуби 4:0 од ПСЖ, па сезоната продолжува, не сме 2022ра кај шо Алкалоид уште созрева или Вардар не знае кај тера. Од тогаш до денес ние немаме напреднато, туку напротив сме уште послаби од лани, наместо да сме посилни!
2. Имаше уште еден коментар овде од Бојан кој е избришан кој гласеше вака „Затоа веќе нема да го има Бојан, ќе има попаметни, среќно!"
Со ова се гледа дека премногу читаш/читате коментари на Форум на фејсбук и кај не и тоа ви влијае на работата. Ако сте професионални, воопшто нема да се замарате дали некој овде пишал нешто или. Право на критика и коментар има секој зато шо спортот е јавна работа и се игра за публика. Дури и да не е публиката во право, можи да коментира, да плука и да критикува зато шо ради таја публика се победвале утакмици во Битола. Ако вас толку ве годи некој коментар тука, тогаш не се занимавајте со ова, ставете други да бидат потпретседатели, и нека си ја бркат работата, вие менаџирајте и инвестирајте си од позадина!.
3. Секоја чест за то шо го напрајвте за ракометот, за клубот, се врати титулата во Битола, Лига Шампиони, и секако дека то го ценат битолчани, АМА, се понашате како само вие да го сакате клубот, а другите не. Да не заборавиме дека 25% се општински пари + често бонуси дава општината во неколку наврати имаше префрлено од буџетот. Да не заборавиме и дека оваа сезона рекорден број на сезонски карти се продаени шо е исто така додаден стимулс за клубот од аспект на пари, нешто шо го немааат Алкалоид, Охрид, Вардар.... Да не заборавиме и за други бенефити кои ги има „Еурофарм" како спонзор и најверојатно и „ГП Пелистер" (тендери, итн). Ова го спомнувам зато шо гледам дека во многу наврати ја романтизираш улогата во Пелистер, дека само љубов љубов љубов. Во ред, и вие го сакате, и ние го сакаме клубот, ама да не се прајме будали дека само од љубов е ова, си имате и вие бенефити и зато „љубовта" кон клубот да не се користи за да се оправда тогаш кога има „неуспех".
4. НЕ Е КРАЈ НА СВЕТОТ АКО ИЗГУБИМЕ И НЕ ОСВОИМЕ. Вардар 3 години беше без титула, трпеливо чекаа, работеа, дојсоја играчи, тренер и еве сега си ГАЗАТ. Алкалоид знајме колку амбициозен тренер има и какви амбиции имат, па ете и тие две години се мачат. Охрид на толку пари вложени лани не успеа ни Лига Европа да излези а амбицијата им беше титула!. Ние една година не освоивме и одма паники. Еве и две-три да не освоиме, важно е клубот да е компетитивен, да се бори за врвот, да биди во борба, да игра Европа, да освои ако можи куп, суперкуп, па титулата пак ќе се врати ако се работи напорно, паметно и ако се има стратегија за наредните години. Така работат големи клубој, а не од ДЕНЕС ЗА УТРЕ!
5. И наместо да се расправате со навивачи, со играчи да создавете тензија непотребно треба да се биди со мирна глава оти и самите знајте колку не неќат од Скопје, Борко и самите знајте шо ви прај од ко дојде министер, и скопското ВМРО, и сами знајте како Охрид му ги даваше утакмиците на Вардар лани, наместо да се обединиме сите, вие си дозволвате да реагирате така и да создавете и меѓу играчите лоша атмосфера и општо и со навивачите. Поддршка имате и ќе имате оти сите го сакаме клубот, ама критика исто така имате и ќе имате и то право никој не смеј да му го одземи на навивачите. Ваше е да не се замарате премногу со непотребни работи и да поработите на професионализам.
П.С
3 Години лига шампиони, маркетиншки сте катастрофа. Ако мислите под маркетинг монтажа на видео и убав дизајн тогаш сте грешка, видете како работат други клубој, имавте прилики и имате уште прилика да поработите на тој дел. Не зборам за фан шоп, туку страшно ви фали engagement со навивачи при јаки утакмици, настани, музика, и HYPE да прајте пред јаки утакмици. А не само „НАБАВЕТЕ БИЛЕТИ ВО ДИМПО ТОБАКО". Пред утакмицата со Гумерсбах никаква најава, еуфорија не создавате, поработете на тој дел или вработете уште еден-двајца шо ќе си работат на то професионално по цел ден!