A бе они може сакаат титули, ама желбите се едно, а знаењето е друго. Да земеш годинава да направиш компилација од сите грешки на одбраната на Јунајтед, тоа би било подобра компилација подобра од Монти Пајтон. Значи секој ебан меч имаш такви грешки што не се својствени ни за селски фудбал, а не пак за клуб од ПЛ. И секој меч, е некој различен играч.
Мартинез си даде автогол комичен со Фулам, направи црвен со Челси. Роџерс го пуштија од средина на терен до гол да се прошета. 4 комични гола со Вила, 4 со Комо. Примија гол со играч повеќе против Сити. 2 гола со Рома каде што Дало не знаеше кај е на терен за првиот. Пенал направија по аматерско исфрлање на Мегваер. Јоро се лизна со Бормут и ја реши утакмицата. Денес Де Лихт, како дрогиран цела утакмица. Против Бормут за третиот гол, и Мегваер и Лисандро ја оставија топката у небранет простор. Дур Ламенс да стигне, го помина Еванилсон. Против Атлетико примија гол во прва минута. Против Вила Дало направи пенал во прва минута од второ полувреме, откако едвај некако се вратија на 2-2 у прво. А да, да не заборавам, и изгубено водство против Тотенем со играч повеќе, откако на Лисандро му откажа навигацијата. Гледајте го голот на Вирц денес, 2 на 6 поставени, и примија гол.
Кој сака нека е тренер, со волку индивидуални грешки, тимот попрво ке испадне, отколку да дојде до топ 6. Во ПЛ, секој тим гледа да најде некоја најмала маргина каде што би добил предност, било да се аути, корнери, било што. Ние на ангро даваме голови, најтешкото нешто за постигнување.
Просто ми е неверојатно колку се лоши во одбрана. Гледај го Мартинез денес за третиот гол. Место да го фаулира Баркола, го пушти, во надеж дека Бруно и Мегваер ке затворат. Берада вика дека имаме 9 дефанзивци. Не кажува дека од тие 9, двајца саглам не можеш да склопиш.